Има ли реално некаква ТРЕТА ОПЦИЈА?

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.860
Нема.
Автоматски споено мислење:

вакви се најсателитски, како пинг понг. Лично немам ништо со нив ниту против нив, но како избор некои информации кажуваат друго
Прво ова

па ова


Од 1991 наваму, на сите избори досега е докажано дека малите партии се прирачни алатки на големите кои се збогатија во транзицијата. Или наводно се одвојуваат фракции кои понатаму "работат на случајот". Треба да се помириме со фактот дека трета опција/страна не постои во Македонија. И да постои, брзо ќе падне во мрежа на криминал и корупција.
Tertium non datur
Пичка им матер троцкистичка ме падна на земја хахахха не е можно :D
Значи овој Апасиев е Стаљин од нашето маало.
Автоматски споено мислење:

Има уште.
Заеби ме трет пат, тотален идиот сум.
Останување на власт на ДПМНЕ не беше решение, ама доаѓање на власт на СДС излезе уште полошо решение. ДПМНЕ крадеше, ама барем нешто и градеше, СДС само крадеше, ништо не градеше. Името и идентитетот да не ги спомнувам.
Каде беше овие години Левица? Зошто не поведе нова борба? Ако во 2016 година нивната борба била легитимна, во 2018 ќе беше уште полегитимна.
Инаку за десетте фамилии се согласувам. Мафијата си има своја држава.
Градеше, градеше и пред некој ден слушам ветрот ги искорнал пола фасади од стиропор од Скопје 2014, немојте бе дечки во 2020 година од новата ера со такви ставови "kradea ama gradea barem" срамота е.
 
Последно уредено:
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.684
Поени од реакции
4.344
Нема.
Автоматски споено мислење:



Пичка им матер троцкистичка ме падна на земја хахахха не е можно :D
Значи овој Апасиев е Стаљин од нашето маало.
Автоматски споено мислење:



Градеше, градеше и пред некој ден слушам ветрот ги искорнал пола фасади од стиропор од Скопје 2014, немојте бе дечки во 2020 година од новата ера со такви ставови "kradea ama gradea barem" срамота е.
За очекување беше дека по зголемувањето на симпатии кон Левица ќе се започне со операција за доведување во ред на состојбите таму.
Во тој контекст го гледам и лиферувањето на веста за Троцкисти, а еве веќе и Стаљин се внесува во игра.

Значи бидејќи ветрот ги откорнал фасадите од стиропор тоа докажува дека не граделе, аха ашколсун бре! А тоа што ветрот корнеше и дрвја е тоа значи дека не биле добро бетонирани и повторно дека бетонирањето било вршено со стиродур...

Ама шо врска има тоа “:brlav:ние:brlav:“ си ставивме Аболитико за премиер кој треба да не спасува од корупција и криминал, и денес во 2020 и понатаму има такви кои веруваат во тоа и чекаат на спасување:pos:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.152
Поени од реакции
25.615
Градеше, градеше и пред некој ден слушам ветрот ги искорнал пола фасади од стиропор од Скопје 2014, немојте бе дечки во 2020 година од новата ера со такви ставови "kradea ama gradea barem" срамота е.
Ма какво пола, 99% од тој божемен неокласицизам го снема, го однесе ветрот.
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
541
Поени од реакции
284
Трета опција како силна тешко се гради покрај овие два џина кои се прават малите да ги угушат, па и овој донтов модел ич не им одговара на малите. Малите треба да се борат за
1, една изборна единица 2. минимален праг за влез во парламент од 1% или 2% 3. забрана за предизборни коалиции (како во грција). Тогаш ке имаме повеке партии во парламент.
А и нашето повлекување дека сите се исти не доведе да не водат вакви, ако си зрел треба да испаднеш и да гласаш, па ако не ти се доапаѓаат големите одбери една од помалите. Сеа за сеа Интегра и Левица се наметнуваат, Интегра има некои циашки пари и влашко лоби, за да им одземе на вмрото од електоратот, тоа партија е игра на америчка амбасада. Додека Левица се подели и сега стартува од нула, прибираат членови па некој и ќе се истакне, на овие избори доста е да влезат во Собрание, натаму ќе расстат. Јас би ги поддржал на овие избори.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Аман заман и ти ли почна со “Приказната со името е веќе завршена.“ !!!!
Сите што до вчера беа за Македонија денес почнаа да говорат дека Северџистанот стануел реланост, најсмешен беше оној Пандов, јадниот се сврти за 540 степени, уште му се врти во тоа тиквата. А сега гледам слична ситуација и тука.

Кога ќе се сфати-разбере дека охридски, тиранска, бугарски и преспански се само делови од еден ист проект и се врзани садови, едно води кон друго.
( и бидејќи секој што говори дека ќе го врати името е нели лице кое дава лажни ветувања редно е да си гласате за Црпе1 или Црпе2, ашколсун бре имате добра пропаганда, ќе се налепуат м..........!!!!!!)
Завршена е.Кажи ми на кој начин ќе се врати името?Народот ,сите ние заедно со политичките партии во моментот кога се гласаше во парламентот за новото име останавме пасивни,никој не гукна.Сега која и да е партија да проба да го врати името ќе им се случи шарено-куртонска револуција.Има да им се десат нови снимки кои прку ноќ ќе станат веродостојни.Гледаш и самиот дека тоа шо се дешава во парламентот е се само демократија не е.Од запад никаква реакција ,пошто така им одговара во моментот.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Трета опција како силна тешко се гради покрај овие два џина кои се прават малите да ги угушат, па и овој донтов модел ич не им одговара на малите. Малите треба да се борат за
1, една изборна единица 2. минимален праг за влез во парламент од 1% или 2% 3. забрана за предизборни коалиции (како во грција). Тогаш ке имаме повеке партии во парламент.
А и нашето повлекување дека сите се исти не доведе да не водат вакви, ако си зрел треба да испаднеш и да гласаш, па ако не ти се доапаѓаат големите одбери една од помалите. Сеа за сеа Интегра и Левица се наметнуваат, Интегра има некои циашки пари и влашко лоби, за да им одземе на вмрото од електоратот, тоа партија е игра на америчка амбасада. Додека Левица се подели и сега стартува од нула, прибираат членови па некој и ќе се истакне, на овие избори доста е да влезат во Собрание, натаму ќе расстат. Јас би ги поддржал на овие избори.
Другиот поделен дел од Левица кој/каде е сега?
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
541
Поени од реакции
284
имаше таму квалитетни луѓе, се отргнаа секој по својот пат, некои у влада како советници некои лево десно, штета е шо се распадна ама се барат нови сили се надевам, една мала партија да порасне треба време кадарот ке исплива.....
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.684
Поени од реакции
4.344
Завршена е.Кажи ми на кој начин ќе се врати името?Народот ,сите ние заедно со политичките партии во моментот кога се гласаше во парламентот за новото име останавме пасивни,никој не гукна.Сега која и да е партија да проба да го врати името ќе им се случи шарено-куртонска револуција.Има да им се десат нови снимки кои прку ноќ ќе станат веродостојни.Гледаш и самиот дека тоа шо се дешава во парламентот е се само демократија не е.Од запад никаква реакција ,пошто така им одговара во моментот.
Сериозен си?

Навистина не знаеш како се враќа името или само сакаш да тролаш?

Ако не знаеш еве ќе отвориме нова тема со име -Македонија е нашето име и идентитет- каде можеме за тоа да полемизираме размениме мислење (можеме да ги изнесме и плукаме ставовите на др. Јанев, др. Апасиев, Интегра, и на една редица истакнати општественици Македонисти), се разбира ако администрацијата на формов дозволи оти не е баш наклонета кон Македонизмот и Македонците.
Таму можеме да говориме и за тоа кој “гукнал“ или се обидувал да го задуши “гукањето“ со чии пари и како е правено, Јанко Бачев со месеци протестираше против промената на името, тебе и на другите тој може да ви се допаѓа или не но е факт дека и на студ и на сонце тој со малубројни но луѓе со достоинство протестираа - искажи барем почит кон тие луѓе!
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.167
Многу паметни деца се сега веќе минато на Левица, и баш ми е криво. Да останеше Левица сплотена, на овие избори ќе имапе 5-10 пратеници ко од шала. Левица почна од нула пред година дена.

Криво ми е што тие деца до пред самата караница велеа дека Левица си Апасиев ќе напрај револуција кај нас, па макар и мала за почеток. Дека сите статистики велат дека тој е помеѓу топ-5 јавни личности и дека тоа само по себе е голема реклама за партијата.

Сите тие деца сега се во институтот на Колозова па од таму јасна е нивната намера со помош на СДС да го тргнат Апасиев. Војната најлесно се добива кога ќе го убиеш главниот.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.860
За очекување беше дека по зголемувањето на симпатии кон Левица ќе се започне со операција за доведување во ред на состојбите таму.
Во тој контекст го гледам и лиферувањето на веста за Троцкисти, а еве веќе и Стаљин се внесува во игра.

Значи бидејќи ветрот ги откорнал фасадите од стиропор тоа докажува дека не граделе, аха ашколсун бре! А тоа што ветрот корнеше и дрвја е тоа значи дека не биле добро бетонирани и повторно дека бетонирањето било вршено со стиродур...

Ама шо врска има тоа “:brlav:ние:brlav:“ си ставивме Аболитико за премиер кој треба да не спасува од корупција и криминал, и денес во 2020 и понатаму има такви кои веруваат во тоа и чекаат на спасување:pos:
Добро.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Многу паметни деца се сега веќе минато на Левица, и баш ми е криво. Да останеше Левица сплотена, на овие избори ќе имапе 5-10 пратеници ко од шала. Левица почна од нула пред година дена.

Криво ми е што тие деца до пред самата караница велеа дека Левица си Апасиев ќе напрај револуција кај нас, па макар и мала за почеток. Дека сите статистики велат дека тој е помеѓу топ-5 јавни личности и дека тоа само по себе е голема реклама за партијата.

Сите тие деца сега се во институтот на Колозова па од таму јасна е нивната намера со помош на СДС да го тргнат Апасиев. Војната најлесно се добива кога ќе го убиеш главниот.
Според мене Апасиев е човекот кој треба да го води министерството за правда.Мислам дека ќе им го дотера умот на овие од правосудството,кое во моментов отворено како пупка.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.181
Поени од реакции
17.990
Според мене Апасиев е човекот кој треба да го води министерството за правда.Мислам дека ќе им го дотера умот на овие од правосудството,кое во моментов отворено како пупка.
Поарен лик од Апасиев нема за тоа, само ќе треба и законски да му се даде нешто како Голи Оток за превоспитување :D
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.938
За момент Левица ме размислија дали они стварно се потенцијална трета сила у државава, ама јок. Иако, нивниот лидер покажува капацитет за правни теми поголем од неговите конкуренти од олигополските партии (ВМРО, СДС И ДУИ), сепак мислам дека човекот е стриктно и само способен за правото и правните науки, и со неговото его како Шара, тешко дека ќе направи нешто и некаква разлика на долгорочен план.
Друга работа, верувам дека човеков се крши од спремање за секое интервју и за секоја дебата, а и се сеќавам кога имаше дуел со мадафакин Петар Арсовски, "професорот" флопна епски кога муабетот барем малку отиде надвор од сфера на право.
Мислам океј, секако дека од нашава ни скапана политичка сцена он и сите од Левица се освежување и можеби нај-океј. Ама сепак, и они не се нешто посебно околу кое треба да опсесираме. да не се лажеме. Зошто?

Бидејќи ниеднаш, ама ниеднаш не се произнесоа и не се толку "тврдокорни" по некое економско прашање кое потенцијално може да не извади од бедата, нити пак се толку гласни за некоја нивна економска замисла што ја имаат која е толку потребна во Македонија. Смешно е да се гледаат како прогресивци а ниеднаш да не спомнат интензивна дигитализација. Далеку се тие теми од нивен спектар. Се што гледам се популисти, демагози и идеолози кои само собираат политички поени од критики кои нели, убаво се напишани у статус или у catchy реченици кои ги пимпла(ат) на секое интервју.
Толку пати истакнуваат радикални и популистички позиции вперувајќи прст кон виновници кои сите сме свесни дека постојат, ама предлози како би се решиле изостануваат во константа. Океј, све е срање, знаеме, ама дајте ако сте толку паметни и начитани, предложете конкретно како да се подобрат нештата?

Плус, егото е заебана работа. Он може да си мисли дека е најпаметен и најкомпетентен, но реалноста е друга. Ако му е целта да испадне попаметен и поначитан од останатите, тогаш тоа е круцијална грешка, бидејќи тоа не е есенцијата на дебатирањето и политиката. Дури и би рекол дека и еден Костадин Костадинов да се спрема по 5/6 саати на ден за дебата (како што Апасиев верувам се спрема со тоа неговото тефтерче), и да не е партиски газолижач ќе делува исто толку "генијално" и паметно.
Мислам вакви демагози популистички се веќе видени од северните европјани, па и појужно во Италија(Салвини и Ди Мајо), Грција - Сириза на времето, како и Хрватска (Иван Пернар), и истиве имаа две опции доколку по некоја божја случајност ќе дојдат на власт: ќе го играат орото според мелодија на сопствениците, или ќе бидат политички уништени и маргинализирани.
Македонија има милион проблеми а Левица освен демагогии и популизам, не нуди некакви економски, дигитализирачки и long-term решенија. Тук таму може ќе искочи "професориштето" со некое правно решение. И ако може да видите, цело време учествуваат на некои такви идеолошки дебати, де за името, де за кризата у политиката, де за проблемите у собранието, пропратени со веќе слушнати common народни критики кои се кажуваат за да народецов го слушне она што сака да го чуе.

Не сум човек што ќе се пали на кажан збор, иако доста од нивните критики и коментари се на место, ама ако само мрчиш, тогаш си хејтер, ако мрчиш и предлагаш некое основано и long-term решение, тогаш си конструктивен.

Не ми пимплај фрази као "ќе го вратиме името" и не ми опсесирај со неуставноста на смената, дај предложи нешто како ќе ја подобриш економијава, како ќе го дигитално описмениш населението, како ќе спречиш иселување на млади, како ќе донесеш странски инвестиции и тн и тн. Вака само се тешки демагози и популисти, ништо повеќе.

Сепак, ги ставам едно ниво над СДС и ВМРО, ама такви ликови и такви партии нема ништо да ни донесат на долгорочен план. Но, на крајот од денот, и они се "најмалото зло".

И да, експанзијата со новите штабови им е крајно, ама крајно сумљива, пред се од финансиска гледна точка.

Интегра, солза и албанскиве партии не се ни достојни за коментар.
Дури и сите да излезат и да гласаат за Левица, тие немаат капацитет и кадар да се носат после со предизвикот - водење на држава.
Нивниот лидер по сите здрави логики може да биде максимум советник на некој лидер или министер за правда, дечкото е супер поткован правно и може да советува од таа област без проблем, НО за не е спремен и тешко да се спремни во брзо време да биди лидер и во сериозна игра како политиката. На маса со политичари од посериозни држави ќе го изедат во првите 2 минути.
Левица во моментот ти се како Мали Џокица го замислува светот, си прават бајрам со умот за еден куп проблеми кои ако пробаат да ги решаваат како домино ќе повлечат уште еден куп други (враќање назад на јазикот за двојазичност, враќање на името, растурање на договорите со Бугарија и Грција, менување на законот за ЈО..).
Друга работа и да сакаат да најдат спремни дечки за да ги покријат сите министерства и институции, прашање е колку има такви останати во државава, се поретки се спремни луѓе кои се во МКД и истовремено да не се веќе извалкани со корупција, местење тендери или пак да не се дел од некоја партија. Добар ПР ќе треба да бараат од надвор ако сакаат да го елиминираат влијанието на другите партии во нивните одлуки и анализи, а тоа си бара здрав кеш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom