Има ли месо во меленото месо?!

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
Што има во меленото месо?

Експертите велат дека не е логично да се продава мелено месо по цена од 180 денари за килограм, ако свинското месо се продава по цена од 290 денари, а говедското е околу 350 денари.

Граѓаните знаат дека нешто не штима...

Граѓаните што ги сретнавме во набавка на месо од месарниците велат дека знаат дека месарите ги мамат. Затоа користат врски и при купувањето месо. Односно „се гребат“ кај касапот што го познаваат и кој ќе им намигне кое месо е за нив, а кое не е.

- Јас купувам месо најчесто од една месарница во која вработените ми се пријатели. Тие веднаш ми кажуваат кое месо е за мене, а кое не е. Дури и кој ден ќе стигне пратка како за мене. Факт е дека не знаеме што јадеме ниту што пиеме, но што да се прави. Ние не можеме да бидеме инспекција, па да проверуваме, на пример, што содржи меленото месо. Јас обично секогаш избегнувам да купам готово мелено месо, иако често по продавниците ме кандисуваат со аргументите дека е истото и е тазе сомелено. Ама секогаш земам две парчиња и им кажувам да ми ги сомелат – вели пензионерот Тони, кој го најдовме пред една месарница во центарот на Скопје.

Повеќе

Што мислите Вие?
 
М

Мартин`

Гостин
Домашно месо јадеме ние дома, што ќе му однесеме во месара тоа пред тебе ти го меле така да јадеме дома квалитетно тоа е сигурно барем. А дека во ова купечко мелено месо ставаат се и сешто тоа се знае, и да го направат 300 денари пак ќе ставаат други работи во него ..
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Паметен си е овој Тони:).Зошто да купуваш мелено кога може пред тебе да ти го мелат:cool:
(освен ептен ако си зафатен/а па се брзаш)
 

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
Паметен си е овој Тони:).Зошто да купуваш мелено кога може пред тебе да ти го мелат:cool:
(освен ептен ако си зафатен/а па се брзаш)
По правило така треба и да биди, ТИ да си одбериш месо, па да ти го сомелат тоа што си го одбрал, а не се' што се нашло таму... и после вода пуштало месото, то мрзнето, одмрзнувано, пак мрзнето...па се собрало во пржењето...се чудиш кај ојде кило мелено во пржењето.. :свиркам:
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Па не купви мелено месо ако не ти е по ќејф :cautious:
 
S

Sagan

Гостин
Повеќе од очигледно е дека „месото“ во пакуваните кебапи и плескавици е над 70% црн дроб и тенко црево. Соја - по потреба.

Кога ќе се испржи смесата, полесно се откриваат состојките.
 

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
Па не купви мелено месо ако не ти е по ќејф :cautious:
Кој рече дека не ми е по кејф? Јас само сакам да знам што купувам...односно тоа што го плаќам сакам да го добијам. Плаќаме за месо, сакаме месо, а не соја, некои ефтини адитиви и сл... ;)
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Кој рече дека не ми е по кејф? Јас само сакам да знам што купувам...односно тоа што го плаќам сакам да го добијам. Плаќаме за месо, сакаме месо, а не соја, некои ефтини адитиви и сл... ;)
Чекај бе алтан само една месара има во твојот град ? ако не бива таа од кај шо си купил оди во друга или барај пред тебе нека го мелат и то е то
 

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
359
Чекај бе алтан само една месара има во твојот град ? ако не бива таа од кај шо си купил оди во друга или барај пред тебе нека го мелат и то е то
не е тоа муабетот.... треба некој да каже (државата): продавај ти смеса по 180 денари, ама кажи што има внатре.... не кој што сака - тоа прави.
па после ние ќе одлучиме дали ќе јадеме мелени уши и соја за 180 или месо за 290.

а, не месарите најбезобразно да ни продаваат муда за бубрези (буквално)
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Чекај малу сеа сакате држава да се замара со мелено месо ? која држава им диктира на месарите како да го мелат месото ?
 

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
359
Чекај малу сеа сакате држава да се замара со мелено месо ? која држава им диктира на месарите како да го мелат месото ?
ај бе дечко не збори глупости, жити се....
сите држави се грижат за своите граѓани да не бидат измамувани...
сите што не се банана, that is...
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
ај бе дечко не збори глупости, жити се....
сите држави се грижат за своите граѓани да не бидат измамувани...
сите што не се банана, that is...
Ако се чувствуваш изманипулиран од месара имаш пазарен инспекторат пријави го
 

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
Чекај малу сеа сакате држава да се замара со мелено месо ? која држава им диктира на месарите како да го мелат месото ?
Ти дечко да не си месар?! :pos:
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Брат малку си ги помешал поимите , тоа што ти го викаш мелено месо се вика амур. Во тура од 200 кила имаш 100 кила свинско (чистено од глава/коски...), 60 кила телешко (чистено од глава/коски...), 20 кила телешка лој и 20 кила пилешки желудци/срца/џигери... додаток на ова имаш 2 кила сол ... ова е амур кој оди на малопродажба за народ а кафаните дополнително во договор со месарите прават специјални смени каде на сметка на телешкото се прави замена со соја и некои други растителни додатоци (кромид и друго)... капак на се е ако му бапнат пециво и винобран 20-30 кесицки на тие 200 кила смеса... обично прават помали тури но процентите на продуктите се во тој сооднос...слично на ова е амурот домашни колбаси кои го продаваат како получадени или чадени ...

Иначе ако ви мелат запазете дали и колку истекува од машината месо од тоа што е во неа и побарајте да го тргнат на страна па земете го тоа што дополнително го мели истата... зависно од машината има најмалку од 200 до 500 грама месо во неа (а што мелеле пред вашето само птиците знаат :)..)
Ако се чувствуваш изманипулиран од месара имаш пазарен инспекторат пријави го
И што после, ни ти (ис стотици други муштерии) без месо ни тој без работа... ако сам не си се грижи некој што купува и од каде и како го купува истото џабе с есите инспекции на овај свет.

Сите знаат дека нема десен амерички копан во државава па сите купуваат иако се сите леви и на никого не му чуе... ова со месово ти е исти к**ац друго паковање...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom