Има ли Правен основ за Присвојување-приватизација на општествена сопственост

  • Креатор на темата ateist
  • Време на започнување
A

ateist

Гостин
Правниот титулар на личната соственост домот и имотот беше приватна сопстеност во Самоуправување
Правниот титулар на сопственоста во самоуправувањето на средствата за производство беше ОПШТЕСТВЕНА СОПСТВЕНОСТ .
Небеше државна како кај другите социјалистички земји кај кој државата и се јави во улога на раскрчмувач на такава сопственост иако и то е спорно .

Но каков правен основ има приватизација на Општествена сопственост (ни мое ни твое а и мое и твое ) при што ЗАЕДНИЧКОТО одредени луѓе накриминален начин само си го присвоија и си го нарекоа свое .

Државата -во случајот капиталистичка посегна да раздава на свој луѓе по нешто што нее нејзино .
Тие луѓе што го покрадоа нашето и си го нарекоа свое без правен основ тоа никогаш нема да биде нивно секогаш ќе биде спорно . Засекогаш спорно .Одсите наредни генерации спорно .

По кој основ пружија рака по туѓо .
Тоа не беше државна сопственост ниту градено од државата туку од работните организации .
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Се смета дека од земјите во Централноисточна Европа, за најнеуспешни се сметаат процесите на приватизација во Македонија и во Романија.
Што повеќе од реченицава.

Владата на Анте Марковиќ воведе продажба на акции
Приватизацијата во земјава почна во 1989 година со донесувањето на Законот за општествен капитал на тогашната СФРЈ, кога сојузната влада на чело со премиерот Анте Марковиќ го воведе концептот на приватизација преку интерни акции. Во овој процес вработените во општествените претпријатија имаа можност да стекнат акции преку издвојување од личниот доход, при што 600 претпријатија беа трансформирани во акционерски друштва, односно друштва со ограничена одговорност.
Новиот концепт на приватизација, промовиран по осамостојувањето, со донесувањето на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, во јуни 1993 година ја интензивира приватизацијата во Македонија.
со закон за општествен капитал (можеби и уште некои закони но не ми текнува у моментов), понатаму закон за трансформација на претпријатија со општествен капитал од 1993 и закон за претпријатија
Во суштина требаше фирмите да се приватизираат од сите работници (кај нас во Македонија) во една фирма, но менаџерските тимови изманипулираа со овој модел.
Последни, од 1996 (тој процес траеше доста долго) се трансформираа земјоделските фирми (задруги и комбинати) и земјиштето при што се направија исто така големи проневери.

Доколку мислиш со темава дали е хумано што се одзеде од работникот или некоја слична дилема, не е но сети се на национализацијата, и конфискацијата/експропријацијата...и тие не беа хумани. За малечкиот граѓанин не постои хуманост и добро.

Инаку самиот процес е дел од менувањето на сопственост кој се случувало одамна, но и тековно постојано се случува во светот (од јавна во приватна и обратно-мислам дека тоа беше случај со француски железници или француското електростопанство) така да не е процес применет само во екс социјалистичките земји.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom