Илон Маск

Дискусија во форумот 'Наука и технологија' започната од Атлантист, 5 април 2015.

  1. Bafra

    Bafra

    Член од:
    30 јануари 2011
    Мислења:
    3.118
    Допаѓања:
    2.469
    Сакам еколошко, а субвенционирано НЕ може да опстои. Субвенциите во 90% се злоупотребуваат, за да ги дава државата мора првин од други да зема, значи уништува одредени слоеви и индустрии.

    Кога имаш социјални случаеви, нормално ли е да субвенционираш да даваш пари за коли од по 40.000$ на луѓе кои можат и така да си ги дозволат.
    На еден од линковите прочитав дека во Финска или Данска кога престанале со субвенции, за 90% се намалила продажбата на електрични возила.

    Електричните возила загадуваат индиректно. Прво за да ги произведеш, а после за да добиеш струја, процесот загадува. Значи НИШТО не сме постигнале.

    Јас сум против користење на јаглен и уништување на шумите, ама не може да ме прават будала под изговор екологија да крадат милијарди.

    Ако толку се секираат за екологија и иднина, треба да се почне да се работи на други технологии, да се копира природата, а не спротивно од нејзе.
    Проблемот е што тие кои одлучуваат како да се трошат парите се 99% корумпирани, исто и поголемиот дел од научната фела, а и повеќето имаат проблем со егото.

    Затоа велам Маск не открил топла вода, ниту подобро ни е.
     
    На Zoran MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Zhan

    Zhan

    Член од:
    22 јануари 2012
    Мислења:
    510
    Допаѓања:
    249
    Let that sink in...[​IMG]

    Sent from my ONEPLUS A6003 using Tapatalk
    [​IMG]
     
    На StefusRefus му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Human

    Human Explorer

    Член од:
    10 октомври 2009
    Мислења:
    10.893
    Допаѓања:
    2.746
    Ај сега провери колку просек пари чини продадено возило од Тесла и од Тојота и Форд.

    Во каталогот на Тојота и Форд возилата се просек 20-30 000 долари. Најефтината верзија на Модел С чини 70 000 долари. Пресметај самиот колку вредат.
     
    На snatch му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dimitar171

    Dimitar171

    Член од:
    17 август 2011
    Мислења:
    3.697
    Допаѓања:
    3.883
    Секој процес индиректно загадува, целта е тие емисии да се намалат. Треба да ги ставиш на кантар работите и да видиш што е подобро зашто идеално нема никаде. И да ги произведеш и струјата што ја трошат треба да се произведе али пак е поеколошки да се дисперзира тоа производство.
    Кој се тие идеални технологии, да се копира природата?

    За автомобилската индустрија не сум стручен, ама еве за енергетика да ти кажам. Тој сектор не функционира на база на слободна економија. Напротив владите во секоја земја го контролираат тој сектор и одлучуваат кој индустрии ќе цветаат а кој слоеви ќе тонат. Прашањето е дали за тебе е подобро да цвета индустрија која те загадува или онаа која загадува далеку помалце?
    Државата нема да земе од некој туку ќе почне да дава на друго место. Како пример ќе го земам ЕЛЕМ, чија производна струја кошта 40 евра/MWh што е далеку под цената од фотонапонските централи. Меѓутоа никој не го наплаќа јагленот кој е државен ресурс и има ограничена количина. Никој не ги вметнува во цената огромните инвестициони трошоци за овие централи, дел платени и со човечки жртви. Не барај економска логика кај што нема бидејки државата била таа која ги насочувала и ќе продолжи да ги насочува овие индустрии. Верувам дека и автомобилската индустрија не функционира без државно мешање.

    Извини за касна реплика.
     
    На snatch и Human им се допаѓа ова.
  5. Bafra

    Bafra

    Член од:
    30 јануари 2011
    Мислења:
    3.118
    Допаѓања:
    2.469
    Која е таа индустрија (денешна) што загадува помалце ?

    Како тоа државата ЌЕ ДАВА, а БЕЗ да земе од некој ? Од каде и на државата пари :cautious:
    Општо да си збориме можеме додека сме живи и здрави, ама дај малку конкретни работи. Зашто ти не возиш електрично или хибридно возило, зашто бар 50% од тие што ги знаеш немаат такво возило или поставено фотоволтаици или колектори?
    Веќе спомнав, во држави (богати и тоа) каде што почнале со субвенции,а после прекинале, продажбата за 90% опаднала.
    Економската логика е таа што го води светот сакал ти признал или не. А државата докажано е, дека е лош менаџер и вие очекувате од нејзе позитивни резултати :confused:


    Извинето ти е, и другпат да не ти се повтори :mad: ........................ нормално шега е :D

    Ќе земеш да ги прочиташ Viktor Schauberger, Wilhelm Reich, Walter Russell (i Lao Russell) па кога ќе завршиш (за 1-2 години) кажи ми дали сеуште си на истиот став. :гик:
     
  6. StefusRefus

    StefusRefus

    Член од:
    20 јули 2016
    Мислења:
    2.420
    Допаѓања:
    1.002
    Ima vo sekoja transakcija externalities. Tie mnogu tesko se cenat. Koj se externalities na trguvanje so nafteni i elektricni vozila? Iskreno neznam. Ama deka ima pogolemi ext kaj nafteni ima. Moze nema ni presmetka...
    Generalno sum za forsiranje na eko ama treba ubavo da se presmeta i proveri no, tuka ima dosta centralno planiranje i politika. Licno si go cenam zdravjeto mnogu taka da sum volen da stavam tovar na ekonomijata za toa. Generalno sebicni pricini. Valjda toa e kapitalisticka doblest.
     
  7. Bafra

    Bafra

    Член од:
    30 јануари 2011
    Мислења:
    3.118
    Допаѓања:
    2.469
    И сега биди паметен па сподели што е тоа ЕКО, која е таа ЕКО...
    Како пишувате, ко да сте просветлени а другите дишат и пијат нафта. :гик:
     
  8. StefusRefus

    StefusRefus

    Член од:
    20 јули 2016
    Мислења:
    2.420
    Допаѓања:
    1.002
    Cist vozduh da ne uvatam nekoja bolestina na plukja. Ne mislam na juznobalkanskata zelena so crni prugi taftabita.
    Na zdravje ne biodiverzitet.
     
  9. Bafra

    Bafra

    Член од:
    30 јануари 2011
    Мислења:
    3.118
    Допаѓања:
    2.469
    Мореее знам што мислиш под ЕКО, туку која е таа денешна еко индустрија...

    Признај дека и други го користат твојот акаунт :pijani:
     
  10. StefusRefus

    StefusRefus

    Член од:
    20 јули 2016
    Мислења:
    2.420
    Допаѓања:
    1.002
    Neka turat elektricni koli i neka se toci struja od hidro, vetro, foto int izvori. Za toa sum...
     
  11. Bafra

    Bafra

    Член од:
    30 јануари 2011
    Мислења:
    3.118
    Допаѓања:
    2.469
    Така е, баш се прашував зашто досега не го направиле :D


    Ај сеа врати се погоре, прочитај ги постовите и дај одговори.
     
  12. StefusRefus

    StefusRefus

    Член од:
    20 јули 2016
    Мислења:
    2.420
    Допаѓања:
    1.002
    Znam tehnologijata na Mask e tapa, cenite se izgor, performansite slabi itn...a i strujata od obnovlivi e izgor. Ama ako pukaat tugi pari neka puknat vo toa.
    Barem vo princip sum za toa ama toa ne znaci deka koga ke mi stigne smetkata od ujp da se popismanam :D
     
    На Bafra му/ѝ се допаѓа ова.
  13. grunff

    grunff

    Член од:
    14 октомври 2018
    Мислења:
    20
    Допаѓања:
    12
    Е зошто тапа, тоа е исто како да кажеш пред 15-20 год. кога се појавија LCD и плазма телевизорите и беа изгор со цените дека се тапа наспроти тогаш сеприсутните ТВ со катодна цевка.

    Тесла не е револуционерна само поради електричниот погон него и поради еден куп нови технологии како autopilot...

    Што се однесува до профитабилноста и тоа е многу дискутабилно, да бараш профитабилност од фирма која влезе во огромни инвстиции. Пр. лани за цела 2017 продаде 100 000 коли, оваа година имаат продадено 100 000 за само 3 месеци (Последниот квартал). Па сега лани оствариле загуба и од почетокот на годинава, но дали се во загуба и со сегашново производство, кое најверојатно и не е краен дострел. Еве сега почнуваат да прават фабрика во Кина, значи евтина работна сила и поефтини автомобили во иднина.
     
    На snatch и The Wild Boy им се допаѓа ова.
  14. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    7.689
    Допаѓања:
    8.171
    Му ги јадат парите на бафра, он е taxpayer, не сака да ги дава парите на зелени коли и слични глупости, добриот стар дизел или јаглен му врши работа.
     
    На Human му/ѝ се допаѓа ова.
  15. The Wild Boy

    The Wild Boy Ни името, ни Samsung - от.

    Член од:
    26 декември 2017
    Мислења:
    589
    Допаѓања:
    154
    CNBC: Short seller who is suing Tesla changes his mind: 'Tesla is destroying the competition'.
    https://www.cnbc.com/2018/10/23/sho...mind-tesla-is-destroying-the-competition.html
    --- Споено дупло мислење, 23 октомври 2018 ---
    Затоа него доста луѓе не го сакаат. Пошто од кога Елон почна да воведува нови ствари, кога почна да иновира, играта почна да се мења а и тие што (како што кажа ти) произведуваат дизел коли сега неможат многу профит да прават, за разлика од порано.
    Стварите се мењаваат и неможе се едно исто да биде.
    Еве пример ќе земам, со компјутери.
    Неможе еден компјутер од 2007 да работи исто така како некој од 2017.
    Да тој паќ ќе работи ама не така совршено како што денешните компјутери работат.
    Исто е и со дизелот и електричните коли.
    Еве ден денес сеуште дизелот е најупотребуван ама замислете за едно 10 години+ што ќе биде. Неможе дизелот нон стоп да биде во корист од доста причини. Многу загадувања, закани од глобално затоплување. Тоа се само дел од многуте проблеми.
    Компаниите ако сакаат да остварат профит, не треба тоа шефовите да окривуваат по Тесла, туку они треба да гледаат по нив, ако сакаат да остварат некаков си профит, бидејки нема дизелот нон стоп да биде во корист. Треба и они да почнат малце ко Тесла, да направат нешто што ќе биде доста корисно и интересно.
    Еве, Toyota се добар пример за тоа, знаејќи дека максимум до 2040 дека плинот и дизелот ќе изумрат искочија со хибрид технологија, што испадна нешто доста добро и одлично.
    Нека се мучат другите бизнисмени, губејки си време удирајќи по Тесла и Елон Маск. Они нека си мислат дека ќе може по тоа старото, ама работите се менуваат и нема секогаш да биде така.
    Еве, има веќе држави во кои што се забранети коли на дизел/плин (за ова точно незнам за кои, каде, како и што, само имам слушнато.)
     
    Последно уредено: 23 октомври 2018
    На snatch и Ron Burgundy им се допаѓа ова.

Сподели преку: