А
Атлантист
Гостин
На 13 април ќе биде лансирана ракетата Фалкон 9 на приватната фирма СпејсЕкс во сопственост на Илон Маск, која што ќе го однесе Карго бродот Драгон на Меѓународната вселенска станица.
Она што е револуционерно во ова лансирање е обидот да се спаси првиот степен на ракетата која што треба да слета на платформа во Атланскиот океан.
Инаку ова не е прв обид, ова е Јануарскиот несуспешен обид за да се спаси првиот степен.
Придобивките би биле конечно да добиеме ракетен систем за повеќекратно лансирање со што драстично би паднала цената на поставување на сателити во орбитата. Се разбира ова нема да случи преку ноќ, ќе помине доста време сите други да ја применат ваквата технологија,но сепак пионерскиото слетување заслужува посебно внимание.
Што се однесува до Илон Маск, ценам дека заслужува посебна тема, затоа што неговиот делокруг не е само ракетната технологија. Поопширно за него на Википедија, подоцна ќе постирам дополнителни информации кои што сметам дека се интересни. http://en.wikipedia.org/wiki/Elon_Musk