Илинденски демонстрации

Член од
24 октомври 2012
Мислења
810
Поени од реакции
509
Ме интересира дали некаде на интернет можам да прочитам повеќе, или пак ако некој од тука има материјали за илинденските демонстрации кои избиле во Вардарска Македонија 1940-та година, во кои имаат учествувано големи македонски имиња, како Ченто и останати лица кои подоцна ќе им се придружат на партизаните со почнувањето на војната во овие простори. Ме интересира зошто избиле, за што протестираат луѓето, каде избиле итн. Благодарам однапред.
 
Не-го-знам

svetac ivan iscelitel
Член од
3 мај 2015
Мислења
590
Поени од реакции
389
Колку што имам учено Илинденските демонстрации започнале во 1941 за ослободување на Македонија од фашистичките окупатори. Започнале во Битола на 2 Август биле демонстрации и штрајкови. А за како што пишеш ти гледам на википедиа има само 2 реда. Имам неколку книги ќе побарам во нив и ќе пишам :)
 
AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
696
Поени од реакции
1.554
Не сум слушнал за овие демонстрации но најдов нешто слично од 1941 година.
Контрачетници на ВМРО од периодот на Втората Светска Војна.
За време на ослободувањето на Македонија во Втората светска војна во 1941 година, старите структури на ВМРО се возобновуваат по градовите и селата. Тие дејстуваат како паравоени единици со цел борба против комунистичката пропаганда и партизани во Македонија. Првата контрачета, била формирана на крајот на 1942 година во Велешко, на чело со Пано Манев.
Најпознати војводи на контрачети се: гевгелискиот војвода Георги Хаџи Митров, крушевскиот војвода Стерјо Гулев (внук на илинденскиот војвода Питу Гули), кумановскиот војвода Крсто Лазаров, кавадаречкиот војвода Атанас Калчев, кочанскиот војвода Димитар Медаров.
Во летото на 1944 година на територијата на Вардарска Македонија дејствувале околу 200 контрачети.
(ПРЕВЗЕМЕНО)
 
RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.776

Дејстувале 200 контрачети и биле побројни од партизаните.
Исто така вреди да се напомене дека имало организирано протести против окупацијата на Тетово,Гостивар, Дебар и Кичево од страна на Албанците.
 
RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.776
Не е лошо извор некој да дадеш.
Првите контрачети биле формирани кон крајот на 1942 година, а до последното лето на окупацијата 1944 на наша територија оперирале помеѓу 180 и 200 контрачети, чијшто крвав учинок против македонските борци за слобода не е детално проучуван, ниту прецизно документиран. - извадок од колумна на Мирослав Грчев (за тебе подобен).
Не знам како си администратор на историја подфорум а да не знаеш за 200 контрачети кои се формирани од Илинденската организација и ВМРО.
п.с. Во врска со цитатот на Грчев, не се проучени контрачетите бидејќи тие не извршиле ниту едно единствено злосторство за разлика од партизаните.Друга битна работа таму биле Илинденци и преродбеници, а не крадци и бравари.
 
Член од
26 март 2005
Мислења
237
Поени од реакции
94

Контрите ништо не напраиле оти пиеле по цел ден ракија. Уште од време на Ванчо Михајлов, бидејќи тие се михајловисти а не илинденци !, тие биле навикнати да земат пари и ништо да не работат. А дали биле 200 чети или 200 пијаници ќе разбереме некој ден од архивите.[DOUBLEPOST=1490558061][/DOUBLEPOST]
крушевскиот војвода Стерјо Гулев (внук на илинденскиот војвода Питу Гули)
(ПРЕВЗЕМЕНО)
Стерјо Гули не е внук туку син на Питу Гули и не бил никаков војвода на контрачета. http://m.mkd.mk/98671/kolumni/rusenje-na-mitovite-na-propagandata-koj-go-ubi-sterjo-guli
 
Последно уредено:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Првите контрачети биле формирани кон крајот на 1942 година, а до последното лето на окупацијата 1944 на наша територија оперирале помеѓу 180 и 200 контрачети, чијшто крвав учинок против македонските борци за слобода не е детално проучуван, ниту прецизно документиран. - извадок од колумна на Мирослав Грчев (за тебе подобен).
Пак ќе речам, извор.[DOUBLEPOST=1490604091][/DOUBLEPOST]
Не знам како си администратор на историја подфорум а да не знаеш за 200 контрачети кои се формирани од Илинденската организација и ВМРО.
Ајде сега, без ад хомеин.
Бугар.

Дај некаде ако има нешто подетално да прочитаме за тие 200 чети, кај тебе е тој burden of proof не кај другите.

Имам извори не е проблем, друг е муабетот.

[DOUBLEPOST=1490604369][/DOUBLEPOST]
п.с. Во врска со цитатот на Грчев, не се проучени контрачетите бидејќи тие не извршиле ниту едно единствено злосторство за разлика од партизаните.
Знаш кој оксиморон е ова?
Ајде прочитај пак, размисли и ќе ни се вратиш :pos:

Ме интересира кои злосторства ги извршиле партизаните?[DOUBLEPOST=1490604642][/DOUBLEPOST]
Друга битна работа таму биле Илинденци и преродбеници, а не крадци и бравари.
Oд многу образование и интелект тие "контрачетите" биднале квислинзи, тоа заборави.
 
Последно уредено:
Член од
26 март 2005
Мислења
237
Поени од реакции
94
Стерјо Гули не е внук туку син на Питу Гули и не бил никаков војвода на контрачета. http://m.mkd.mk/98671/kolumni/rusenje-na-mitovite-na-propagandata-koj-go-ubi-sterjo-guli
Да разјасниме потполно за Стерјо Гули со сеќавањата на неговата ќерка Елена Гули.

http://fokus.mk/se-lazhat-makedontsite-ako-mislat-deka-vlasta-se-menuva-so-livche-i-so-glasan-e/

Всушност Стерјо не само што не бил никаков контрачетник туку бил припадник на НОВ и заменик командант на Командата на Крушево !
 
Член од
10 јуни 2016
Мислења
45
Поени од реакции
82
Се одржале во 1940 година во Прилеп, Скопје и Охрид против српскиот режим. Организатор во Прилеп бил самиот Методија Андонов - Ченто, за што и бил затворен во истражниот затвор во Велика Кикинда, Србија во септември 1940 година.

Едно од барањата било во училиштата да се учи македонски јазик наместо српски. Се мисли на народниот јазик, инаку доколку Ве буни од каде тоа во 1940 имало македонски јазик; во книга од „14-ти попис на Соединетите Држави“ во главните странски јазици се спомнува и македонскиот, веројатно се мисли на народниот јазик, дијалектите кои иселениците од регионот Македонија го зборувале во САД.

https://www2.census.gov/prod2/decennial/documents/1920InstructionstoEnumerators.pdf
31 страница.

146. Главни странски јазици.- Следи листа од главните јазици кои веројатно се мајчин јазик или јазик на вообичаен говор на лица родени во странство:
Македонски

Слика од Андонов во тоа време, брадата му е во знак на жалост за смртта на неговата мајка Захарија (август 1940).

Едит: http://chentovski.blogspot.mk/2017/07/1940.html повеќе информации.

Следниот ден во Прилеп, посета на претседателот на владата, Драгиша Цветковиќ.
 
Последно уредено:
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Контрачетниците биле обични разбојници, кои не се бореле за слободата на Македонија, туку истата да се бугаризира. Во западна Македонија била составена контрачета од Димо Соколески брадата од Белица, кичевско. Во неговата контрачета имало и контрачетници од селата Турје, Арбиново, Мраморец, Белица, Кладник, Козица, Слатински Чифлик и Лешани. Тие успеале да фатат и убијат неколку партизани, за што биле казнети од партизаните и стрелани, контрачетниците во овој дел од Македонија биле околу 15. А и општо во цела вардарска Македонија нивната бројка била мала, значи многу помалце од партизаните.
Иначе во Дебарца постоеле партизански организации, составени исклучиво од илинденци, па така со пушка во рака, на свои 72 години како партизан во борбите против балистите загинал Карафил Дамјаноски од Сливово.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom