Израел ја нападна хуманитарната флотила

  • Креатор на темата nako
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Израелската морнарица го пресретна и нападна поморскиот конвој со хуманитарна помош за Појасот Газа, при што има неколку жртви и ранети. Нападот предизвика жестоки реакции во Турција која неформално ја подржуваше оваа мисија во која имаше и неколку стотини про палестински подржувачи.
Израелската армија воспостави информативно ембарго за жртвите кои се префрлени во израелските болници. Флотилата од 6 бродови со хуманитарната помош и околу 700 про - палестински подржувачи формирана во Турција тргна од Кипар и беше пресретната од израелските командоси рано изутрината.

„Вие се приближувате кон непријателска зона, која е под поморска блокада. Газа и крајбрежјето на Газа се затворени за сообраќај“.

Ова беше изјавата на неименуван израелски офицер кој им се обраќал на бродовите пред да започне судирот, а емитувана од израелската армија.

„Израелската влада подржува доставување на хуманитарна помош за цивилното население на Појасот Газа и ве повикуваме да влезете во пристаништето Ашдод. Доставувањето на помошта ке биде во согласност со правилата на властите и под ваш мониторинг по што ќе можете да се вратите на бродовите со кои пристигнавте“.


Евекуација на повредените по нападот на Флотилата


Според Ал Џезаира и Турската НТВ, израелските сили потоа отвориле оган. Нападот врз флотилата за помош на Газа предизвика жестоки реакции во Турција која неформално ја подржуваше оваа мисија. Турското министерство за надворешни работи изутрината го повика изралскиот амбасадор Габи Леви за да му врачи протестна нота. Пред израелскиот конзулат во Истамбул се распоредени силни турски сили откако лути демонстранти за момент влегле во кругот на Конзулатот. Турскиот заменик премиер Булент Аринч повика на итна седница на шефовите за безбедност на војската и полицијата. Арнич е одговорен за ситуацијата додека премиерот Реџеп Таип Ердоган е во посета на Чиле.

Флотилата составена од 3 карго бродови со помош и три патнички бродови имаше за цел да го привлече вниманието врз израелската блокадата врз Појасот Газа контролиран од Хамас а во кој живеат милион ипол палестинци. Премиерот на владата на Хамас во Газа Исмаил Ханија го осуди израелскиот напад врз поморскиот конвој во кој, како што се наведува имало градежен материјал и други видови хуманитарна помош. Тој го повика Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун да ги заштити луѓето кои беа во трите патнички бродови и да обезбеди безбеден влез во Газа. Израел и Египет воспоставија блокада на Газа откако власта ја превзеде Хамас во Јуни 2007. Според Израел, таа мерка беше неопходна поради тоа што Хамас стрела со ракети врз Израелска територија. Израел истовремено тврди дека доставува доволно храна и медицински материјал и дека нема хуманитарна криза во Газа.

извор

У јеботе, јас искрено не верував дека ќе ги закачат, ама Израел е Израел, си штити свои интереси и во сојуз влегува со некого само ако им одговара ним, не шишаат никој.
Браво Тоа е Нација тоа е Држава!
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Мора да се знае,дека Израел предупреди дека ке спречи секи опит за такво нешто со сите сили които има. Сите беха предупредени,но посакаха да продолжат. Еве сега около 15 убиени.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.035
Поени од реакции
9.193
Сега за сега има две противречни информации. Едната е дека Израелската морнарица отворила оган дека овие не застанале па се качиле на бродовите, а другата е дека се качиле на бродовите па биле нападнати со секири, ножеви па дури и пиштоли. Иако која будала би нападнал командоси со нож..........
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Изгледа неформалната поддршка и не била толку „неформална„:
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=103&egId=20&eventId=61075
Израелската војска зазеде турски брод во Газа



Ќе биде интересно наредниве денови

--- надополнето ---

И мал апдејт:
Турскиот министер за одбрана Венџи Ѓонул си замина од Битола, каде што присуствуваше на Регионалната конференција за НАТО што започна утрово, поради инцидентот со нападнатиот меѓународен конвој во Израел, предводен од турска хуманитарна организација.

Во меѓувреме во Турција се случи и вооружен напад на поморска база на југот од земјата кој најмалку шест војници се убиени. Курдските бунтовници за кои се претпоставува дека се виновни за нападот, пукале врз воени возила кои превезувале трупи до Медитеранското пристаниште во Искендерун.

Како што јавува нашиот дописник, Ѓонул утрово од Охрид пристигнал во Битола, по што веднаш заминал назад во Турција. Во Охрид, Ѓонул учествувал на неформален состанок на министрите за одбрана.

31.05.2010, 11:04​
Извор:
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=61081
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Многу тензичен е сударот Турција - Изреал.
Мислам дека исламската партија на Турција осознала доста работи кога се работи за уредувањето на турската држава а во која се испреплетени израелските тајни служби и нивните луѓе.
Дипломатијата ќе го стори своето и во овој случај, но работите нема да бидат исти.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Сега за сега има две противречни информации. Едната е дека Израелската морнарица отворила оган дека овие не застанале па се качиле на бродовите, а другата е дека се качиле на бродовите па биле нападнати со секири, ножеви па дури и пиштоли. Иако која будала би нападнал командоси со нож..........
Нема противоречие тука. Израелската морнарица е предупредила,след като не са се подчинили са слезли на брода,коjто е бил на чело на целата колона. Това е турски брод.Там е имало напад над командосите,те са стрелjaли има убиени и повредени.
Сите бродови ке бидат ескуртирани до Израел, хората на нив разпитани и се предпоставува ке бидат освободени,со изклучок на тези,които са нападнали командосите и са останали живи.
По неофициални информации се зборува и за евродепутати на един от бродовете. Имало е журналисти и представители на невладини организации.
 

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Ако се додаде информацијата дека Турски воен бродови се укотвуваат во Албанија... ми се чини дека се спрема некоја војна во поголеми размери или ова е само тестирање на живци.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Според А1 има македонски грагани во инцидента во Израел.
Македонскиот амбасадор во Израел е бил повикан во надворешното министерство на Израел.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123740
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
i Makedonski drzavjani vo humanitarniot konvoj

Македонскиот амбасадор во Тел Авив, Пајо Авировиќ утрово бил повикан на брифинг во израелското министерство за надворешни работи по информациите за учество на македонски државјани во хуманитарниот конвој кој денеска беше нападнат од страна на израелските сили, информираат од македонското МНР.

Засега нема повеќе информации за состојбата на македонски државјани.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123740
 
Член од
28 јануари 2010
Мислења
493
Поени од реакции
117
Израел се однесува спремо палестинците така както Хитлер спремо них. За них жертвите во цивилните немат стоиност.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
isto i 5 evroparlamentarci

dva od brodovite bile so amerikansko zname
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Израел се однесува спремо палестинците така както Хитлер спремо них. За них жертвите во цивилните немат стоиност.
Израел предупреди неколко пати во изминатите денове,дека ке спречи конвоja со сите сили. Мораше да се очекува таков инцидент.
Преди да тргнат бродовете,мораше да има дипломациja со Израел,а не без согласието на Израел да го прават това.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
ц ц ц ц
пукаат по невооружени на бродов ... :tapp:
патем на youtube има еден куп снимки снимени на бродот ..
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
ova e pak nekoja igra na Mossad ...
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Има 2-ма членове на германскиja Бундестаг (долната камара на германскиот парламент).

--- надополнето ---

Турциja призова за извонредна средба на совета за безбедност на ОН.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom