- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 2.812
- Поени од реакции
- 1.082
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ХАИФА
Израел на пат да стане верска држава
Израел е на пат да стане верска држава, што би можело да претставува закана за нејзиниот опстанок, се предупредува во извештајот на Универзитетот Хаифа, објавен за време на викендот. Во документот "Израел 2010-2030 на пат кон религиозна држава", се испитуваат демографските фактори во наредните години, споредување на наталитетот на религиозните, ултраортодоксните, секуларните и Арапите во оваа земја, пренесува МИА. Во документот се заклучува дека до 2030 година поголем дел од еврејската популација во Израел ќе бидат религиозни, што би можело да доведе до зголемување на сиромаштијата, анексија на еврејските населби на Западниот Брег и претворање на Израел во антидемократска земја, пишува "Џерусалем пост".
Авторот на извештајот, професор Арнон Софер исто така заклучи дека до 2030 година бројот на ултраортодоксни ќе достигне над милион, што ќе претставува економски товар за секуларната популација. Ултраортодоксните Израелци, чиј наталитет е поголем за разлика од другите, се сметаат за симбол на верата и посветеноста, што е причина зошто јудаизмот успеал да преживее. Меѓутоа, во Израел тие се извор на контроверзи, идеолошка, политичка и економска напнатост. Многу од нив не веруваат во државата Израел, учејќи дека еврејската држава може да настане дури по доаѓањето на Месијата, Спасителот.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A6CD0B7535439F4CA11123A93D22E7C3