- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 2.812
- Поени од реакции
- 1.082
ОТКАКО РУСИЈА РЕШИ ДА И ИСПОРАЧА РАКЕТЕН СИСТЕМ НА СИРИЈА
30 мај 2013
Израел и се заканува на Русија
Израелската Влада се закани дека ќе го бомбардира рускиот ракетен систем С-300 доколку тој биде инсталиран на сириската територија.
- Испораката на руското оружје не е почната и се надевам дека таа, сепак, нема да се изврши. Но ако ракетите се најдат во Сирија тогаш ние ќе знаеме што да направиме, изјави во Тел Авив, израелскиот министер за одбрана Моше Јалон.
Заканата од Израел доаѓа по завчерашното соопштение од Москва дека руската Влада одлучила на Сирија да и биде испорачан софистицираниот одбранбен ракетен систем С-300, кое уследи веднаш по одлуката на ЕУ да не ги продолжи санкциите за испорака на оружје на бунтовничките групи во Сирија.
Имено, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рибаков за испораката на ракетниот систем рече дека тоа решение е "стабилизирачки фактор" во сегашната ситуација во Сирија, каде две години се води војна меѓу армиските сили и бунтовниците кои настојуваат да го соборат претседателот Башар ал Асад. Соопштувајќи ја одлуката на Москва, на Дамаск да му се испорачаат ракетите за одбрана од воздушен напад, Рибаков рече дека тие ќе помогнат да се спречи странска воена интервенција, како и дека ќе одвратат "некои запалени глави" од намерата да се вплеткаат во сириската војна.
Израелската Влада, меѓутоа, смета дека поставувањето на софистицираното руско оружје на сириска територија ќе го наруши сегашниот баланс во регионот на Блискиот Исток и ќе претставува закана за Израел и за израелскиот воздушен простор.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=EA8A0AEF8D45FF458D942AFD95C7E581
A од друга страна
Русија не се откажува од испораката на ракети за Сирија
http://www.dw.de/русија-не-се-откажува-од-испораката-на-ракети-за-сирија/a-16842408