Израел економско чудо за време светска криза. ДАЛИ е така?

  • Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување
N

NikolaMKD91

Гостин
Мислам дека израелскиот економски модел заслужува една посебна трибина за дискусија на форумот.

Израел е држава која се наоѓа на блискиот исток, нација од 7 милиони жители, од кои 2 милиони се палестинци кои се сепаратистички настроени(околу 20% од популацијата) . Еврејската држава е опколена со околу 30 милиони арапи кои се воинствено расположени спрема истата. Плус државата e без природни ресурси, посебно без вода , единствено има мали занемарливи резерви на нафта кои не се доволни да го задоволат домашниот пазар .

Како е можно Израел во услови на постојана војна и непријателско опкружување да има капитални инвестиции колку САД или 30 пати повеќе од цела Европа заедно...и да има околу 260 милијарди долари Бруто годишен производ и буџет од повеќе од 60 милијарди долари...На 20% помала територија од Македонија... на која ние пак произведуваме нецели 9 милијарди долари Бруто домашен производ и имаме буџет од нецели 3 милијарди долари, а споредено со Израел спиеме на вода со околу 4000 природни извори.
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.966
Едноставно Македонците не се евреи, башка не сме интересни за американците. Тие избраа двоглав орел за милениче на балканот.
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Во светот живеат приближно 20.000.000 Евреи. Од нив само 6.000.000 живеат во Израел. Останите 14.000.000 се во развиените земји. Не дека е ова целиот одговор, но несомнено треба да се земе во предвид.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.894
Поени од реакции
10.517
Во светот живеат приближно 20.000.000 Евреи. Од нив само 6.000.000 живеат во Израел. Останите 14.000.000 се во развиените земји. Не дека е ова целиот одговор, но несомнено треба да се земе во предвид.
би додал дека бетер од муслиманите се држат, они се мозокот се на амириканците и водечки луѓе во економијата
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Во светот живеат приближно 20.000.000 Евреи. Од нив само 6.000.000 живеат во Израел. Останите 14.000.000 се во развиените земји. Не дека е ова целиот одговор, но несомнено треба да се земе во предвид.
Се согласувам, во еден дел економскиот просперитет на Израел се должи и на моќната еврејска дијаспора низ целиот свет, која вложува мулти милиони во нивната држава. На чело на многу развиени земји стојат Евреи , што исто така треба да се земе во предвид. Еврејското лоби е едно од најсилните во светот .
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Веќе има слична тема:
http://forum.kajgana.com/threads/Дали-е-Израел-најјаката-западна-економија.46398/

Нејсе, израелските научници се шампиони во десалинизација, односно претворање на солената вода во питка вода за пиење. Ова им е апсолутна нужност, бидејќи државата е сиромашна со вода, како и руди и минерали. Израел увезува нафта, јаглен и храна, како и необработени дијаманти кои ги обработуваат и потоа ги препродаваат. Државата се смета за еден од светските центри за обработка на дијаманти.

Јаки се според производството на метали, електроника (компјутери, софтвер, авијација), органска храна, биохемикалии, слатки. Малкумина знаат дека Израел е и светски лидер во производството на софтвер.

БДП $205,7 милијарди (2008 година.)
БДП по глава на жител $28,900 (2008 год)
Невработеност 8,4% (Maj 2009)

Интересна е и појавата на локални заедници - кибуци, во кои функционираат според социјалистичкиот модел на самоуправување. Прават од ништо нешто. На пример, патлиџан во пустина произведуваат, меѓу останатото. А ние го продаваме истиот на Словенците, кои го препакуваат и ни го шиткаат за тројна цена :facepalm:

Еве и за сезонска работа, ако некого го интересира, затоа што немаме визен режим:
http://rabota-biznis-profit.com.mk/mak/sodrzina.asp?id=38
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.677
Зошто америка стои позади нив и ги наоружала до заби. Плус евреите одсекогаш ги бивало за doing business, се помагаат меѓусебно за разлика од нас и не се мрзливи.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Затоа што нивната бизнис девиза е само инвестирај во нови идеи и можности. За разлика од македончето каде што имаме и народна поговорка "Видел урда на к** и бачило ќе прави" овие цела планина ќе купат и не се фалат, туку размислуваат како да ја купат соседната планина.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
На Израел за мал прст неможеме да му се фатиме.Ние таму да живеевме од глад и жед ќе умревме,они тоа далеку го надминале плус се едни од најјаките во областа на земјоделие,индустрија,воена индустрија итн.Никакви природни ресурси немаат,ама го имаат најголемиот човечки - мозокот.
 
Според мене се работи за ген и генетски капацитет. Македонците не сме создадени да бидеме газди, туку само да робуваме за без пари на големите компании, од нас газди како евреите не бидува па наопачки да се превртиме.

На едно парче земја со поволна изменето - медитеранска клима, со 280 сончеви денови годишно, околу 4 000 природни извори на вода, со огромна обработлива површина ( спрема вкупната територија) ние не успеваме економски да ја кренеме државата . Израелците од ништо успеваат да направат нешто, а македонците од нешто успеваат да направат ништо. Ние да го имавме еврејскиот, германскиот или британскиот ген од државава ќе направевме рај.

Стојам на ставот , во една хипотетичка ситуација ние два милиони македонци да се преселиме колективно во Израел, а тука да дојдат да живеат Евреи дека во период од 10 години тие ќе успеат од Македонија да направат економска велесила, а ние од Израел ќе направиме вукојебина и пак ќе поцркаме од глад .
Во ред , админите ако сметаа дека е дупла тема, нека ги спојат и двете и ќе може на едно место да продолжи дискусијата за израелската економија. :)

Нејсе, израелските научници се шампиони во десалинизација, односно претворање на солената вода во питка вода за пиење. Ова им е апсолутна нужност, бидејќи државата е сиромашна со вода, како и руди и минерали. Израел увезува нафта, јаглен и храна, како и необработени дијаманти кои ги обработуваат и потоа ги препродаваат. Државата се смета за еден од светските центри за обработка на дијаманти.
Тоа е тоа, од држава без вода за пиење успеваат да станат извозник на питка вода. Скоро и да неможат да се најдат дијаманти во Израел, но успеале да ја направат еден од светските центри за обработка на дијаманти . Едноставно тоа е народ со јак менталитет и огромен капацитет за бизнис .
Јаки се според производството на метали, електроника (компјутери, софтвер, авијација), органска храна, биохемикалии, слатки. Малкумина знаат дека Израел е и светски лидер во производството на софтвер.
Кога веќе спомна софтвер, на Израел му е даден прекарот "Silicon Wadi", затоа што се смета за втор центар по значајност веднаш зад Силиконската Долина во Калифорнија. Беркшир Хатавеј првата инвестиција надвор од САД ја направи токму во Израел, првите центри за развој и истражување надвор од САД на Ејпл , Мајкрософт и Интел беа и сеуште се стационирани во Еврејската држава . Бил Гејтс, Доналд Трамп, Ворен Бафет и уште еден куп американски магнати имаат милијарди инвестирано во најразлични сектори од производство на органска храна до хај тек и авијација. Израелците исто така се лидери во производството на полупроводници. Да не заборавам да додадам дека Израел е и голем туристички центар во регионот, годишно го посетуваат околу 3.5 милиони туристи.

БДП $205,7 милијарди (2008 година.)
БДП по глава на жител $28,900 (2008 год)
Невработеност 8,4% (Maj 2009)
Лудило (y)(y)(y)

Интересна е и појавата на локални заедници - кибуци, во кои функционираат според социјалистичкиот модел на самоуправување. Прават од ништо нешто. На пример, патлиџан во пустина произведуваат, меѓу останатото. А ние го продаваме истиот на Словенците, кои го препакуваат и ни го шиткаат за тројна цена :facepalm:
Неодамна некаде прочитав дека Израел од земја држава зависна од увоз на пченица полека почнува да станува извозник на истата . Како ли само им успеало среде пустина да произведуваат пченица и домати. :D Иначе социјалистичкиот модел на самоуправување воопшто не ме изненадува, ако во јавноста постои силно мислење дека Евреите се најголеми капиталисти . Не би се сложил, во душа се комунисти исто како нивните сонародници Маркс и Енгелс . :D
 
Последно уредено од модератор:

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Според мене се работи за ген и генетски капацитет. Македонците не сме создадени да бидеме газди, туку само да робуваме за без пари на големите компании, од нас газди како евреите не бидува па наопачки да се превртиме.

На едно парче земја со поволна изменето - медитеранска клима, со 280 сончеви денови годишно, околу 4 000 природни извори на вода, со огромна обработлива површина ( спрема вкупната територија) ние не успеваме економски да ја кренеме државата . Израелците од ништо успеваат да направат нешто, а македонците од нешто успеваат да направат ништо. Ние да го имавме еврејскиот, германскиот или британскиот ген од државава ќе направевме рај.
Тоа нема врска со генетика. Само со историја.

Евреите низ Европа, како доселеници, се стационирале по големите градови. Исто и кај нас, најголемите еврејски заедници во Македонија биле во Битола, Скопје и пред се` Солун. И многу јасно, нема да одгледуваат пченица сред град! Се знае со што би се занимавале: нешто занаетчиство, трговија, лихварство, подоцна банкарство итн. Ова ќе доведе до натрупување на големо богатство во круговите на еврејските заедници низ Европа во почетокот на современата доба. А богатството значи влијание.

Кај нас до пред 50 години 80% од населението живеело во села и се занимавало со земјоделство и сточарство. Влијание со овци пасење - малку потешко.

Стојам на ставот , во една хипотетичка ситуација ние два милиони македонци да се преселиме колективно во Израел, а тука да дојдат да живеат Евреи дека во период од 10 години тие ќе успеат од Македонија да направат економска велесила, а ние од Израел ќе направиме вукојебина и пак ќе поцркаме од глад .
Евреите во Израел се впрочем истите оние што се збогатувале во Европа. Најголем дел Израелци се повратници после 1000 и повеќе години од дијаспората. На почетокот на XX век, Евреите во Палестина биле 10% од населението. Денес се 70%. А како што пишав и погоре, има уште 14.000.000 Евреи по западниот свет, од кои на повеќето им е грижа што се случува со Израел.

Замисли не нас со ваква дијаспора. И ние ќе бевме чудо.

И не само тоа, кон Израел се исплатени милијарди и милијарди како отштета за загубите на Евреите во Втората светска војна, пред се` од Германија. Во '56 година овие средства биле скоро 90% од државниот приход.

Со ваква позадина ќе е срамота Израел да не е економски моќен.

Неодамна некаде прочитав дека Израел од земја држава зависна од увоз на пченица полека почнува да станува извозник на истата . Како ли само им успеало среде пустина да произведуваат пченица и домати. :D Иначе социјалистичкиот модел на самоуправување воопшто не ме изненадува, ако во јавноста постои силно мислење дека Евреите се најголеми капиталисти . Не би се сложил, во душа се комунисти исто како нивните сонародници Маркс и Енгелс . :D
За ова мислам дека негде сум прочитал дека Израел е водич во производство на ГМО храна, но не сум сигурен. Нека каже некој ако знае.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Тоа нема врска со генетика. Само со историја.

Евреите низ Европа, како доселеници, се стационирале по големите градови. Исто и кај нас, најголемите еврејски заедници во Македонија биле во Битола, Скопје и пред се` Солун. И многу јасно, нема да одгледуваат пченица сред град! Се знае со што би се занимавале: нешто занаетчиство, трговија, лихварство, подоцна банкарство итн. Ова ќе доведе до натрупување на големо богатство во круговите на еврејските заедници низ Европа во почетокот на современата доба. А богатството значи влијание.

Кај нас до пред 50 години 80% од населението живеело во села и се занимавало со земјоделство и сточарство. Влијание со овци пасење - малку потешко.
А што мислиш што допринело низ историјата Евреите толку да напреднат како народ и финансиски да се збогатат ? Зошто Евреите наместо во Битола и Солун не се населиле по пасиштата во Мариово и Берово кози и овци да чуваат или пченица да одгледуваат? Зошто македонците останувале по селата да се занимаваат со земјоделство и сточарство наместо да емигрираат кон градските средини ?

Само поради тоа што земјата била плодна ? Нема врска . Што одредува дали еден народ ќе се развива и еволуира или ќе заостанува во споредба со другите ? Исклучиво генетскиот потенцијал што го носи во себе, можеби до некаде и географските услови но пред се генот што го носи во себе да гради и создава.

Евреите да немале висок генетски потенцијал никогаш немале да стекнат богатство и влијание, ден денес би останале камилоебачи или би биле истребени од арапите. Само луѓе со висок генетски капацитет може да натрупаат толкава богатство и да го управуваат. Едноставно низ историјата многу напреднале.

Евреите во Израел се впрочем истите оние што се збогатувале во Европа. Најголем дел Израелци се повратници после 1000 и повеќе години од дијаспората. На почетокот на XX век, Евреите во Палестина биле 10% од населението. Денес се 70%. А како што пишав и погоре, има уште 14.000.000 Евреи по западниот свет, од кои на повеќето им е грижа што се случува со Израел.

Замисли не нас со ваква дијаспора. И ние ќе бевме чудо.
Се согласувам (y)

И не само тоа, кон Израел се исплатени милијарди и милијарди како отштета за загубите на Евреите во Втората светска војна, пред се` од Германија. Во '56 година овие средства биле скоро 90% од државниот приход.

Со ваква позадина ќе е срамота Израел да не е економски моќен.
Знам за ова и уште многу други ујдурми на Евреите по втората светска војна. Може ќе звучи чудно, ама они дури од сопствената трагедија знаат да направат бизнис и сето тоа добро да го уновчат. А ние од сопствените успеси незнаеме пари да направиме, ама тоа е веќе друга тема на муабет.

За ова мислам дека негде сум прочитал дека Израел е водич во производство на ГМО храна, но не сум сигурен. Нека каже некој ако знае.
Немам слушнато за такво нешто, можеби еврејски компании се лидери во производството на ГМО во САД . За тоа знам дека е така . :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom