Тутунот е високо адиктивен, и пред се сака уживање во истото,инаку ќе бидите обични димни облаци кои незнаат зошто и што воопшто пушат. Јасно е дека цигарите пред 10 години па назад и ова ѓубре што денес ни се продава немаат допирна точка, најмногу од причина што државата зема преголем дел - акциза за нив а поскапувањето на истите оди бавно и минимално,па загубите тутунските комбинати ги покриваат со ставање помалку квалитетен тутун. Родео меко, пред 10 години беа 40 денари со првото поскапување, и беа доста квалитетна цигара.Пушам откако беа 27 денари родео меко, и важеа за универзална цигара кај скоро сите пушачи. Ретко се купуваа други цигари,освен за чалам во тинејџерските години. Родео меко денес кошта 80 денари и нема допирна точка со тоа што беа порано,но јебига, некој мора да профитира,а најголемата загуба ја имаат пушачите.Исто така горењето на цигарата си беше нормално,додека не му дојде финтата од чичко Х и цигарите магично исчезнуваа со првото оставање во пепелјара. Да не го тупам, брзо горат. Ако горат побрзо,за времето што си го предвидел за пуш-пауза,ќе ти требаат сега 2 цигари наместо една. Наместо со кафето 2 цигари,ти требаат 5. Повеќе трошок,поголем профит.
Во принцип си ценам да запалам цигара,затоа што знаам да уживам во истото.Не поштувам чадење со цигарата на секои 5 минути,како некои тиквари што пола кутија ја пуши на кафе,и пепелјарата ја преполнува.Тоа не е уживање исто како што има разлика меѓу пиење квалитетно вино со постојано дегустирање од убава чаша, и пиење наливно вино пред коперација. Оние кои сакаат да уживаат во цигарата како јас, треба да имаат желба да уживаат, и добра самоконтрола. Без самоконтрола, си само обичен дизелаш кој чади како голф 2ка со прегорено масло наоколу и незнае воопшто зошто пали цигара, и троши по две кутии за безвезе.Препорачувам да го зачуваат кислородот и да не палат воопшто цигари,а парите нека ги донираат во добротворни цели.
Затоа што не се исплаќа да одиш до фришоп постојано,или стануваш напоред на другарчињата од германија да ти носат кутија цигари од 5/7 евра, кои се со подобар квалитет од нашите, добра алтернатива, која испадна дека е најквалитетната и го дава вистинското уживање во туутнот е купувањето тутун. Според пресметките на просечен пушач со кутија дневно од 100 денари, заштедата паѓа на половина.А кога се работи за порок,заеби пресметки,се бара уживање.
Пазарам Red Field, овај бренд како на сликата, но друг тутун (пишува NO ADITIVES), има светло кремово паковање кое го нема на интернет, и кошта 210 денари во сите тобако-трафики,бензиски и сл. Тутунот е со одличен квалитет,лесно се витка на ризла,но исто така и на оние празни патрони,со еден недостаток премногу тутун оди,а цигарата е појака.
Прегледај го приврзокот 198803
Понекогаш се освежувам и со Red Bull; вирџинија тутун, кошта 230 денари, светло кафеава/жолтеникава боја има, доста интензивен вкус и појак. Но уживањето е загарантирано.Овој е поситно дробен и е перфектен за рачно виткање.
Прегледај го приврзокот 198804
Ја користам оваа табакера која би требало да има намена за чување тутун но не ја препорачувам за поголеми количини. Брзо ја губи влагата, а посебно ако ги оставите ризлите и филтерчињата, тутунот уште побрзо се суши,а со тоа и квалитетот на цигарата. Механизмот за виткање е доста едноставен, и најдобро ќе биди од видеото да го погледнете.
Има една тактика - тутун ставате онолку колку што е широк филтерот, во спротивно ќе добиете нерамномерно свиткана цигара и ризлата ќе отвора. (Ова може најдобро да го сфатите откако ќе набавите машинка да знаете за што зборувам)
Табакерата кошта 200-300 денари,во зависност од алчноста на продавачот.
Прегледај го приврзокот 198805
Најпроизвод за пушачи го препорачувам Smoking. Имаат разни димензии на филтерчиња,но барајте да земете стандардна димензија (regular size), освен ако сакате да виткате слим-цигара но јас лично не препорачувам затоа што брзо ќе го баталите и тутунот и виткањето.
Филтерчињата коштаат 50 денари, 150 парчиња.
Прегледај го приврзокот 198807
Следна потребна алатка ви се ризлите, препорачувам кафеави ризли,со препорака дека не биле избелувани со хлор, кој никако не сакаме да ги допри нашите бели дробови,пошто нели само здраво се храниме и здрави материи вдишуваме. Коштаат 30 денари, classic size, не земајте од долгите,затоа што вишок ќе ви дојди ако виткате со табакерата.
Прегледај го приврзокот 198806
Видеото кое го ветив малку погоре.
И да напоменам. Ако пушиш тутун барем уживај.Нека не ти биди цигарата постојан пријател низ рацете. Напиј се домаќински,запали цигара домаќински. Лично ги избегавам купечките цигари од причина што се скапи, и имаат лош квалитет.Ако имам потреба да купам тогаш одам на Winston Blue Classic.
За тутунот:
Пробај различни паковања,за вкус не се расправа.Горе спомнатите се најевтини,но за мене најдобри.Не сме исти,види што ти се допаѓа.
Тутунот брзо ја губи влагата.Откако ќе ја отвориш кесичката која е херметички затворена, тутунот почнува да ја губи влажноста.Затоа првите неколку цигари се секогаш топ,додека после стануваат малку по-суви. Одржувањето на тутунот и на овој, и на тој од пазар што доаѓа од куманово, е исто.Навлажнете го. Не препорачувам ставање цимети, јаболка круши и други овоштарски производи.Тутунот сам по себе треба да има арома и ако не ви се допаѓа,сменете го тутунот,не додавајте зачини. Чувајте го во тегла или најлонски кеси кои нема да дозволуваат влагата да излези брзо. Навлажнувањето никако со прскање вода. Има тотално спротивен ефект. “Варен“ тутун е поим што го има на пазарот за тутун на кило,а тоа е тутун над пареа. Навлажнете ја добро кесата во која го чувате тутунот, најобично во сад со вода кој врие,пареата да навлези добро и да ја “впие“ тутунот. Го затворате најлончето и тутунот си добива повторно барана свежина. Дали ќе ја навлажните кесата или пак тутунот внатре со се кесата,ваш избор е. Постапката ја правам на два дена и секогаш имам свеж тутун.
Како да ги намалиш цигарите и да го зголемиш уживањето? Набави си ги потребниот прибор за пушење. Табакера, тутун, ризли, филтерчиња, упалјач кој ти прави мерак. Секогаш усовршувајсе во виткањето на цигарата и вели си “мајстор си“ кога ќе ти излезе перфектна цигара.
Практикувај да пушиш со причина а не постојано да имаш нешто во устата.Во замена, јади кебапи и чувај чечкалица во уста наместо цигара. Пали цигара со кафе, и нека биди ритуал.Пали цигара после ручек и нека биди ритуал. Нека бидат ако треба и 2 или 3 цигари, но нека биди ритуал,никако постојана секојдневна навика. Така ќе се контролираш со цигарите, и ќе го зголемиш уживањето.Пушиш квалитетен тутун без адитиви, и домаќински си правиш цигара како дедоти на времето кога ќе седнел да отпочини после орањето со ралото,и ќе завиткал една цигара.И речи си, ех стари...крвта не е вода.