Изострување (Sharpening) на фотографии во Photoshop

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Kако што Photoshop станува се попаметен, така и старите команди кои сме мислеле дека се добри умираат, а ги заменуваат подобри финти. Претходно, најдобар начин за изострување беше опцијата Unsharp Mask, но сега тоа е Smart Sharpen.

И за работите да бидат смешни, дифолт подесувањата обично се најлоши. Ај да видиме кој е тајниот рецепт за сликите да изгледаат навистина тродимензионални. Нормално, подесувањата кои ќе следат во постот треба да си ги испробате на ваши фотографии за да ги почувствувате.

Совет - секогаш употребете Sharpening откако ќе ја подесите големината на сликата во која треба да остане, никако претходно.
На пример, доколку имате фотографија со димензии од 800 х 600 пиксели, а планирате да ја намалите на 400 х 300 пиксели и на пример да ја поставите на веб, прво намалете ја, па потоа користете sharpening.

Има три начини за да ги изострите фотографиите:

1. Filter > Sharpen > Sharpen
2. Filter > Sharpen > Unsharp Mask
3. Filter > Sharpen > Smart Sharpen (мојот фаворит)

Oдиме по ред со примери за сите три начини. Eве ја оргиналната фотографија, без извршени корекции:



Слабо: Filter > Sharpen > Sharpen



Слабо накај добро: Filter > Sharpen > Unsharp Mask
Дифолт подесувањето е на 50%, со радиус од 1 пиксел. За подобар резултат (бидејќи дифолт подесувањата се тапа, ви препорачувам да користите 150%, на радиус од 0.3 пиксели.

Сетинзите на радиусот ја дефинираат големината на деталите кои ќе бидат изострени. Поголем радиус, како на пример оној во дифолт сетинзите од 1 пиксел ги крие фините детали кои сакаме да ги изостриме. Затоа, местење на помал радиус ни овозможува изострување на фините детали.

Кога ќе го намалите радиусот, мора да го зголемите процентот на изострување за да го добиете количеството на изострување. Вака дури уште повеќе ќе ги изострите фините детали, и ќе изгледа многу подобро.


Најдобро: Filter > Sharpen > Smart Sharpen

И тука заборавете на дифолт подесувањата. Внимавајте да не одберете Gaussian Blur - одберете Lens Blur. Мали радиуси и селектирање на Lens Blur се клучот на успешните резултати од употребата на Smart Sharpen филтерот. На оваа фотографија подесувањата се 0,2 пиксели радиус на 100% sharpening.



Фотографијата која ја одбрав можеби не е најсоодветна за да ви го покажам примерот со изострување. Пробајте на ваша фотографија (препорачливо со текстури), на големина од 100% за да ги видите забележливите резултати.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom