Изнесување на пари

Член од
2 јули 2007
Мислења
465
Поени од реакции
26
Има некој искуство со пренос на пари преку граница,прочитав некаде дека може да се изнесат само 2000е од човек и дали има некоја процедура со која може да се изнесат повеке т.е да се пријави дека носиш повеке кеш и дали се плака нешто.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.438
Поени од реакции
6.168

Google? Не? Ајде еве и сервирано ако не ти се ни клика...
ИЗНЕСУВАЊЕ НА ЕФЕКТИВНИ СТРАНСКИ ПАРИ
РЕЗИДЕНТИ
Резидентите можат слободно да изнесуваат од Република Македонија ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 2.000 евра.
Резидентите можат од Република Македонија да изнесат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност од 2.000 до 10.000 евра, само доколку при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари што го изнесуваат.
Ефективните странски пари од став (2) резидентите ги изнесуваат врз основа на потврда од овластена банка или менувачница за купување на странски ефективни пари или врз основа на потврда од банка за подигање на девизи (странски ефективни пари) од сопствена девизна сметка.
Потврдата од став (3) на овој член важи до првото преоѓање на границата, а најдоцна 90 дена од денот на издавањето.
Резидентите не смеат да изнесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност над 10.000 евра.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
1.683
Поени од реакции
3.613
Има некој искуство со пренос на пари преку граница,прочитав некаде дека може да се изнесат само 2000е од човек и дали има некоја процедура со која може да се изнесат повеке т.е да се пријави дека носиш повеке кеш и дали се плака нешто.
Јас сум чул дека може и 700.000 евра. Зависи кој пренесува
Има и процедура сигурно, и да, се плаќа процент....
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.616
Поени од реакции
1.871
Баш ме интересира темава... Што ако се отселам на пример и сакам се што имам да го пренесам во друга држава. Како би одела постапката, како ќе ги изнесам парите?
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
1.453
Поени од реакции
973

Преку банка, секоја сума што е над дозволеното
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
465
Поени од реакции
26
Google? Не? Ајде еве и сервирано ако не ти се ни клика...
ИЗНЕСУВАЊЕ НА ЕФЕКТИВНИ СТРАНСКИ ПАРИ
РЕЗИДЕНТИ
Резидентите можат слободно да изнесуваат од Република Македонија ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 2.000 евра.
Резидентите можат од Република Македонија да изнесат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност од 2.000 до 10.000 евра, само доколку при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари што го изнесуваат.
Ефективните странски пари од став (2) резидентите ги изнесуваат врз основа на потврда од овластена банка или менувачница за купување на странски ефективни пари или врз основа на потврда од банка за подигање на девизи (странски ефективни пари) од сопствена девизна сметка.
Потврдата од став (3) на овој член важи до првото преоѓање на границата, а најдоцна 90 дена од денот на издавањето.
Резидентите не смеат да изнесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност над 10.000 евра.

Го имам прочитано тоа ама не го разбирам баш најдобро. Значи парите ги имам во кеш,ги ставам во банка па по некое време ги вадам и со документот кој ми го издаваат т.е уплатницата или слично го прикажувам на царина или ?
 
Член од
5 август 2016
Мислења
454
Поени од реакции
292
порано банките издаваат патнички чекови, сега мислам дека забрането е издавање на било какви чекови.
патнички чекови се купуваат, и одма се разменуваат било каде во светот.

но сега со дебитните и кредитните картички, мислам дека најдобра опција е од банкомат во странство да извадиш пари директно од твоја сметка.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.438
Поени од реакции
6.168
Го имам прочитано тоа ама не го разбирам баш најдобро. Значи парите ги имам во кеш,ги ставам во банка па по некое време ги вадам и со документот кој ми го издаваат т.е уплатницата или слично го прикажувам на царина или ?
Ако ги имаш во денари купуваш евра и од банката или менувачницата бараш бордеро на кое пишува твое име и презиме и број на пасош.
Ако ги имаш во евра не знам како би одело. Теоретски можеби да ги уплатиш на твоја девизна сметка и после да си ги повлечеш од сметката (мислам дека не наплаќаат за тоа) за да имаш документ дека ти се повлечени од банка.
Друга идеја немам, ако некој знае нека пише.
Ако патуваш со кола на граница има цариници и нив ќе им кажеш дека изнесуваш таа сума пари и имаш бордеро или потврда од банка, ќе им ја покажеш таа потврда и толку. На аеродром исто така пред пасошката контрола има еден шалтер и таму ќе пријавиш.
 
Член од
22 октомври 2014
Мислења
1.168
Поени од реакции
689

Da uredni dokumenti i se ali i ne mora dokolku ne te prasaat.Bas pred nekoe vreme citav od MK od 2000-10000 so dokument od banka mozes da izneses.Megutoa veke Srbija nagore drugite granici do 10000 bez dokument.Nasive i retko prasaat i da te prasaat sekogas imas opcija da kazes deka ne si znael deka treba da prijaves a pritoa prilozuvas soodveten dokument.Do sega redovno iznesuvam okolu 4000 funti so mene nikoj ne me soprel na aerodrom da me pita.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.344
Поени од реакции
3.749
Според гугл може по човек да се внесат 10 000 евра од странство. Дали некој има искуство со ова? Во случај да сакам да внесам 50 000 евра, дали тоа значи дека можеме во една кола 5 души да ги поделиме по 10 000 и тоа да значи дека легално ги внесуваме? Би правеле ли проблем?
 
Можете да ги поделите и внесете
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.265
Поени од реакции
3.471
Кај се вади ваква потврда? Сакам да изнесам пример 8.000 евра.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.749
Поени од реакции
744
Кај се вади ваква потврда? Сакам да изнесам пример 8.000 евра.
Под 10 000 евра кеш можеш да пренесеш и никому ништо.
До 2 000 евра можеш и без да пријавиш.
Од 2 000 до 10 000 ќе си ги пријавиш, ќе земеш извод-уплатница од банката од кај што си ги извадил, за секој случај.
Над 10 000 со банкарска трансакција од сметка на сметка, кошта околу 5-7% од сумата...
 
На врв Bottom