Изместени пршлени / крива кичма

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
V red, dete, sfati, matematikata ne iskaca ni za 150, kamoli za 200, aman.

eve> ЧОЕКОТ Е ЦАР, ВТОР ИСУС, ДА ЖИВЕЕ, АМАН.

БОГЕ, од Еразмо е поголем ЦАР, ај сеа.
И доаѓа во Скоје, по дома иде, и работи.
 
Член од
20 март 2008
Мислења
694
Поени од реакции
414
V red, dete, sfati, matematikata ne iskaca ni za 150, kamoli za 200, aman.

eve> ЧОЕКОТ Е ЦАР, ВТОР ИСУС, ДА ЖИВЕЕ, АМАН.

БОГЕ, од Еразмо е поголем ЦАР, ај сеа.
И доаѓа во Скоје, по дома иде, и работи.
Џабе ние до утре да ти кажуваме нема да веруваш за што станува збор. И мене некој такво нешто да ми кажува, попрво би поверувал дека небото е зелено него тоа. Би ти рекол да одвоиш 1 саат некое сабајле и појди до тамо ... ако си од СК, и ќе се увериш сам. не знам што повеќе да ти кажам.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Шо да се уверам? Дека помага? Верувам. Немам причина да не верувам.
Но не верувам во математиката на членот на форумот, бидејќи е математички и физички невозможна.
Сега полесно ви е? Сфативте?
 
Член од
20 март 2008
Мислења
694
Поени од реакции
414
Шо да се уверам? Дека помага? Верувам. Немам причина да не верувам.
Но не верувам во математиката на членот на форумот, бидејќи е математички и физички невозможна.
Сега полесно ви е? Сфативте?
Дозволи ми да се самоцитирам...

Не ти е лошо размислувањето и тоа е сепак многу реално за некој што никогаш не го посетил докторов. Јас пред да отидам бев скептичен до небо и назад, изгледаше „ ту гуд то бе тру “ ама ете испадна дека се тоа е вистина. Во врска со горенаведениот пост, неможе да се одреди точниот број на пациенти што го има дневно ама сигурен сум дека audiofil мислеше на многу голем број на пациенти. Кај него идат разни луѓе меѓу кои некои што одат за прв пат и некои што одат редовно ( крцкачи ги вика овие вториве ). Он кој ке дојде сабајле на работа прво нив ги средуа, му треба 5 секунди за еден ... има 20, ете ти 20 души за 1 минута. 180 то го. ( ако веќе се фаќаме за дословната бројка од 200 ). Има некои што ете лошо станале од сабајле и цела кичма им е здрвена, и нив набрзина ги средуа.... Ама ете има некој со дискусхернија, со изместени пршлени, и ред др болести... не ми текнува сеа у 6 сабајле, епа за нив треба подолго време, неможе во 1 минута да ги реши.
Знам колку изгледа нереално од страна, ден денес кому да му кажам за докторов ме прави ненормален ама ете... вакво нешто мора лично да се доживее, иначе не ја бива работата.
позз брате
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Да не цитирам погоре, каде се спомена 200 пациенти за 180 минути.
Та ми беше поентата.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Ќе ве моља да намалите со математиките :pipi: Point taken, човекот има многу пациенти, ама не гледа 300 за 2 саата, или 200 за 3, шодае.
 
Член од
15 јуни 2012
Мислења
56
Поени од реакции
4
извинете дечки а да се враттевте на темата??? значи прашањето ми беше дали може да се оштети нерв при што можеш да останеш неподвижен.. недај боже???
 
Член од
30 јануари 2010
Мислења
468
Поени од реакции
573
Незнам дали има ваква тема но доколку има слободно избришете ја ..
значи вака.. имам проблем со кичмата, веке две години, крива ми е тоест пршлен ми е изместен.. имам болки и тоа е во пределот на половината .. е сеа сакам да прашам дали е можно да се исправи и дали има некој лек за тоа што да направам ??? иначе повредата ми е од салто напред, бидејки многу летав во облаци , од спортот PARKOUR (еве клип од мене може да погледнете http://www.youtube.com/watch?v=lRp6OrYtVY8) ве молам дајте некој совет доколку можете ... ://

Како ти оди со англискиот? Ако е добар гледај ја англиската верзија од германкава киропрактичарка.

http://www.endlich-schmerzfrei.org/
 
Член од
31 март 2010
Мислења
24
Поени од реакции
12
Вакаа... и јас сум пациентка кај Туран. Прв пат кога слушнав за него си реков WTFFF али пошто ситуацијата ми стана лоша си реков ништо не губам да пробам. Сите можни ортопеди ме видоа и сите рекоа ааа девојче нема лек тоаа никако у никој случај, за твојава сколиоза не се може ништо. И си отидов фино лепо еден ден кај фамозниот Туран и што да видам буквално 200 луѓе пред мене!! и намерно ги пуштав сите луѓе пред мене и останав скрос последна, ме интересираше што е работава со човеков. Терапиите ми изгледаа пресмешни и си реков ај да видам што ќе ми рече. Во моментот кога ми се сврте ми ја кажа точната дијагноза дури ми кажа и плус една болест што никој не ми ја приметил. Кога легнав ме "крцна", тоа трае 5 секунди и кога станав бев у шок пошто ситуацијата ми беше толку лоша што иксривеноста на рбетот направила да не можам да дишам и срцето ми беше преоптеретено. Кога станав за прв пат по сите овие години јас земав длабок воздух (не знаев како изгледа тоа досега) и збунето си дојдов дома. Си го измерив пулсот и што да видам! понормален амин! од 100ка намален на 75! од тој ден си реков туран=втор бог. и така идам редовно веќе три месеци на мене има многу ВИДЛИВИ резултати. Ако претходно сум изгледала на искомплесирано квазимодо девојче благодарение на човек на кого буквално се изнасмеав кога слушнав за него станав човек што е поисправен од пушка. знам дека 99% нема да поверуваат на мојата приказна но ваше е да одберете. мој совет-ништо не губите!!
--- надополнето: 3 ноември 2012 во 23:34 ---
да се надополнам, за изместувањето на нерви и такви глупости откако тој ден го преседов кај него пуштајќи сите пред мене не видов никој кој излезе со скршена нога или рака туку напротив доаѓаа луѓе што му беа благодарни пошто ги спасив. еднаш јас мрднав и ми рече ако не седам мирна додека он работи ќе ме избрка бидејќи му пречам во работата, тоа ви е уште еден доказ дека е одговорен и нема шанси да ти се случи нешто што не треба.
 
Член од
6 јули 2013
Мислења
7
Поени од реакции
8
Најнапред, здраво на сите на форумов. Ова е мојот прв пост на Кајгана и имам потреба да го споделам моето искуство на оваа тема.
Се викам Виктор и имам 27 год. Кога бев мал, при систематските прегледи им беше посочено на моите родители дека имам кифоза. Носев појаси за исправање на грбот, ме носеа на вежби и ред други работи, а докторите ни посочија дека во иднина, како што ќе стареам и како што ќе минуваат годините кифозата ќе ми прави проблеми.

Проблемите започнаа пред извесен период - од болки во десната рака, болки во вратот, болки при голтање, отежнато дишење, до тахикардија.....На специјалистички преглед кај оротопед ми беше дадена дијагноза ДИСКОПАТИЈА. А во меѓувреме, од еден пријател слушнав за фамозниот доктор Туран и се упатив во неговата ординација да побарам помош.

Докторот не знам ни дали може да се нарече „доктор“, а неговото дуќанче не знам дали може да се нарече „ординација“. Во дуќанот, со големина од некои 10 м2 и две-три столчиња, постојано има триесетина напатени луѓе со мака, кои чекаат стоечки на ред. Аред нема никаков - кој како стигне влегува и излегува.

И така, јас прв пат влегувам во сопчето, уплашен и возбуден и почнувам да го опишувам мојот здравствен проблем. Само што почнав, не кажав ни три збора, ми рече: „Ти си грбав, не ми кажувај мене што ти е. Легнувај тука и не ми го троши времето“.
Јас легнав со помислата дека ќе ме прегледа, ќе ме опипа и ќе уочи за што се работи. Но како што легнав, веднаш ми го крцна грбот со притискање, и вика: „Ајде станувај. Утре пак да дојдеш.“
Станав збунет и си заминав. Кога излегов, се замислив каде сум отишол, бев збунет и размислував. Си реков ајде ќе одам утре пак, па ќе му објаснам каде ме боли и што ми е. Од една страна, си мислев дека работата не е во ред, а од друга страна си викам штом има толку луѓе сигурно човеков знае што прави.

Наредниот ден одам и повторно чекам. Ме вика во сопчето, влегувам и му викам: „Вчера не ми дозволивте да ви објаснам за мојот проблем“, а тој ми вика: „Ти многу зборуваш, ќе те избркам. Ајде легнувај тука.“ Јас повторно збунет легнав и поворно ме крцна за 5 секунди и ми рече утредента пак да дојдам.
Во моментот се почувствував чудно, почнаа да ми зујат ушите. Станав и како што искочив од дуќанчето, срцето почна да ми чука многу брзо, почна да ми снемува воздух и да се гушам. Како што одев кон паркингот, ми стануваше сè полошо и почнав да се губам борејќи се за воздух. Од карши дојде еден човек, ме виде дека се навалив на оградата, забележа дека не сум добро па донесе вода. Дојде уште една жена со која се обидуваа да ми помогнат - ме прскаа со вода по лицето. Ми требаа двасетина минути да се вратам во нормала.
Во тие два дена, уочив дека човекот е многу арогантен и некултурен со крајно непрофесионален однос и простачки уличарски речник.
Кога еден човек му кажа дека докторката му рекла дека има спондилоза, Туран му рече: „Да и кажеш на докторката к**** да ми го јаде!“.
Подоцна една младa девојка ја крцкаше и откако ја крцна така легната на масата, на крајот ја плесна по задникот и рече „Ајде готова си“.
И најтажно од сè беше кога една женичка го молеше да ја прими мајка ѝ. Стоеја двете фатени под рака, исплашени објаснуваа дека биле кај сите лекари, дека жената има 57 год. и дека знаат дека тој не прима постари од 50... Но тој не сакаше да ги прими и згора на сè ѝ вика: „Што е мајче? Што му ја мислиш? Треба да се умира!“ Жената уште еднаш го замоли, а овој ѝ одговори „Џабе ме молиш, и до утре да ме молиш не можам да ве примам“. Двете заедно фатени под рака со главите надолу си заминаа...
Една девојка, кога искочи ѝ рече да џвака почесто мастика. Јас не сфатив зошто ѝ го кажа тоа... дали девојката имаше непријатен мирис во устата или се работеше за нешто друго, не сфатив.

Пред да одите кај овој човек запрашајте се:
- Зошто работи од 8 - 12?
- Зошто ги остава пациентите да чекаат стоечки?
- Зошто постојано ги заплашува со реченицата: “Сакаш нож или сакаш јас да те средам за 50-100 евра“?
-Зошто е арогантен? Зошто работи на брзина?

Сето ова го напишав бидејќи чувствував потреба да го споделам моето искуство и се надевам дека ќе ви биде од корист. Бидете претпазливи каде одите и со кого си имате работа, поготово кога се работи за вашето здравје. Јас мојата лекција ја научив, а тоа е да не дозволувам на никого да ме допре сè додека добро не ме ислуша, па дури и кога се работи за најобична масажа.
 
Член од
20 март 2008
Мислења
694
Поени од реакции
414
Пред да одите кај овој човек запрашајте се:
- Зошто работи од 8 - 12?
- Зошто ги остава пациентите да чекаат стоечки?
- Зошто постојано ги заплашува со реченицата: “Сакаш нож или сакаш јас да те средам за 50-100 евра“?
-Зошто е арогантен? Зошто работи на брзина?
Од лично искуство можам да ти го демантирам целиов пост ама ајде, имам 20-тина саати се на се спиено во последниве 5 дена па немам многу концентрација за долг пост.
1. Зошто да работи повеќе кога тоа му е доволно за да извади пари? Ја на негово место и помалце би работел.
2. А како поинаку да чекаат во неговата ординација? Има столчиња на кои предност добиваат постарите/поболните.
3. Тој не заплашува никого... едноставно му нуди опција. или - или. Ти ја кажува реалноста дека со таква дијагноза треба да идеш на операција во која докторите ќе те оперираат на погрешно место и само ќе си нанесеш повеќе маки отколку олеснување.
4. Му се може... Ако ти имаш мака, ти одиш кај него. А како иначе да работи за да ги заврши тие 200 луѓе што му доаѓаат дневно?
бтв сеа ми текна што е работата... ти си чекал ред на првата кабина бе чоек. Првата кабина е таканаречена ’кабина за крцкачи’ каде што идат луѓе коишто веќе еднаш биле кај него. Средната и таа на крај се за кога идеш прв пат...
 
Член од
6 јули 2013
Мислења
7
Поени од реакции
8
1.Жално е што луѓето како тебе гледаат сè во парите. Ти ако имаш многу пари изгледа воопшто ништо не би работел по цел ден, би лежел и јадел.
2.Во неговата ординација треба да има доволно столчиња за да седнат сите изнемоштени и болни луѓе.
3.Нема потреба цело време да го потенцира зборот „нож“, може едноставно и културно да ти каже дека може да ти помогне да не одиш на операција.
4. Како тоа му се може? Зарем ако некој може некому да му помогне, кој е во лоша ситуација, треба да ја искористи неговата слабост и да го навредува? А 200 луѓе дневно наместо да ги избрза во 3 саати, нека работи 8 како што работат сите луѓе. И не ми кажувај јас каде сум чекал, затоа што знаеше дека сум прв пат кај него - затоа и ме праша тебе што ти е... праша, а не сакаше да ислуша.
 
Член од
20 март 2008
Мислења
694
Поени од реакции
414
Ако само малце го запознаеш Туран ќе видиш дека него му е гајле за парите. Спие во пари, токму од таа негова работа. Ама тоа не му е главната цел. Изреволтиран од изјава на др. во државна болница каде што работел пред десетици години, тој отворил своја ординација за да им помага на луѓето. Тоа што тој е дрзок, ти ’плеснува се во фаца’ и нема воопшто место во неговата ординација не значи дека тој не е хуман. Мене воопшто не ми смета што ќе ми рече или како ќе ми го рече тоа.... се додека си ја врши својата работа. А си ја врши најдобро што може.
 
Член од
6 јули 2013
Мислења
7
Поени од реакции
8
Добро јас си го кажав моето искуство и ти си го кажа твоето и така сега луѓето ќе можат да прочитаат а на крај секој сам ке си реши дали да оди овде или онде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom