Измена на Закон за сообраќај: Намалени казни, нема веќе замена на казна за негативни поени

Член од
17 мај 2016
Мислења
3.653
Поени од реакции
4.142
Од денеска ќе има намалување на казните во сообраќајот, бидејќи Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се усогласува со Законот за прекршоци, според кој казната на физичкото лице не може да биде поголема од 250 евра, а за правните лица казната ќе зависи од тоа дали се работи за мало, средно или големо претпријатие.

Исклучок за казната на физичките лица, каде тие можат да бидат поголеми од 250 евра, би било доколку прекршокот го загрозува животот и здравјето на луѓето. Заради тоа, казните за брзо возење, алкохол и престигнување не се намалени. Новост е тоа што се укинуваат негативните поени во возачките книшки, а нема веќе замена на казната за негативни поени.

Измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата ги прави Министерството за внатрешни работи и во основа значат усогласување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со Законот за прекршоци, кој веќе е донесен, а улогата и задачата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во овој случај е да ги информира учесниците во сообраќајот за сите новини кои што се настанати и да ги советува за нивно почитување.​


Превземено од Слободен Печат 30.10.2019 (линк)​

Оваа тема ја отворив за да подискутираме на новата измена во законот. Според вас, какви и какво влијание ќе имаат новите измени на законот за сообраќај?
 
Член од
17 јануари 2018
Мислења
124
Поени од реакции
111
Според мене ужасно. Јас сакам да се зголемат казните, ама сепак живееме тука, па тој што има врски пак нема да плати казна и така натака.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Според мене ужасно. Јас сакам да се зголемат казните, ама сепак живееме тука, па тој што има врски пак нема да плати казна и така натака.
Од друга страна со оглед дека живееме тука можеби е и подобро да се намалат казните. Ако е голема казната ќе се јавиш на пријател ако е мала ќе ја платиш од една страна да не бидеш должен од друга страна да не се срамиш за ситни пари меѓутоа кога ќе ги собереш се на се ќе се полни буџетот.

Лично мислам дека за некои работи како светло преку ден или носење појас не ни треба да има казна пошто реално мој избор е доколку не загрозувам друг живот.

Во врска со казните како возење во пијана состојба или брзо возење каде се загрозуваат човечки животи тука мислам дека казните треба да бидат максимално ригорозни поготово ако се повторува делото.

И не парични туку исклучување од сообраќај. На пример прв пат 2 години, втор пат 20 години, трет пат доживотно. И ова во зависност од ситуацијата.

На пример не е исто возење 20км над лимит и 50км или 100км.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ако е голема казната ќе се јавиш на пријател ако е мала ќе ја платиш од една страна да не бидеш должен од друга страна да не се срамиш за ситни пари
Некои не се срамат за 30 ден и паркираат пред згради, тротоари, па казната ако е мала ќе ја платиле, аха.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
А каде да фи видиме намалените цени на казните?
Или поставете ги на првиот пост да не бараме поале по страниците.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Некои не се срамат за 30 ден и паркираат пред згради, тротоари, па казната ако е мала ќе ја платиле, аха.
Свашта има по светов. Статистички кое е подобро решение не знам али кај нас се е подобро од статус кво.

Инаку повеќе ми беше муабетот дека ништо не е црно или бело што во превод значи ако се казните превисоки поготово за ситни прекршоци луѓето ќе бидат мотивирани да ги избегнуваат, а воедно и полицајците ќе имаат мотивација за корупција.
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.723
Поени од реакции
1.994
Таман собрав 90 поени, уште 10 ми фалеа за точак и ги укинаа... Срамота, џабе се мачев да ги соберам...
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
И ја се мачев тоуку време до 70, орле зорле пробував уште 30 да направам....
 
Член од
25 февруари 2019
Мислења
61
Поени од реакции
45
za vozackata kniska inaku se plakase 100 den dali nekoj znae dali zakonov pocna ili treba da se usvojuva doprva inaku za nekoj raboti e dobar za nekoj ne.. sega ke gledat da te soprat i da ti najdat najmala zamerka za da si platis kazna inaku so negativnite mozeshe barem nesto da se spasi...
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
поените/книшките слабо го полнеа буџетот , па удри сега на НАМАЛЕНИ казни плаќање во ќеш :facepalm:

не чинел прогресивниот данок, ова било правото да се полни буџетот.........
 

Kajgana Shop

На врв Bottom