Измамени студенти од Венера Кемаловски, агенција за посредување

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
12.118
Поени од реакции
16.498
А сеа мангуп си шо го нарече циган ?
Мачињата сами ти ги отвараат нозете после ова ?

Он дури и да е "мнооогу глуп" ти си поглуп и од тоа.

Башка мислам дека на Правен студираш, ама џабе коа не си научил ништо...


Sent from my SM-G935F using Tapatalk
Ау, ме процени од 5 букви.
Не реков циган заради неговата етничка припадност. Ама шо има да ти објаснувам за некој кој не го знаеш.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
7.883
Поени од реакции
11.814
Ау, ме процени од 5 букви.
Не реков циган заради неговата етничка припадност. Ама шо има да ти објаснувам за некој кој не го знаеш.
Зошто у некоја си другс смисла да кажеш циган е оправдано...

Интересантно :)

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
12.118
Поени од реакции
16.498
Зошто у некоја си другс смисла да кажеш циган е оправдано...

Интересантно :)

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
Да, како на пример ти кога за Нани или за Нејмар викаш циган. Или сега ќе ми кажеш како никогаш го немаш употребено тој збор? :pos:
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
7.883
Поени од реакции
11.814
Да, како на пример ти кога за Нани или за Нејмар викаш циган. Или сега ќе ми кажеш како никогаш го немаш употребено тој збор? :pos:
Како тоа пробуваш да го свртиш муабетот накај мене ?

Ти си тој што оправдува користење „циган“ не ја :)
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
12.118
Поени од реакции
16.498
Нема да се впуштам во бекрајни дискусии со тебе.
Темата е за криминалец кој преку агенција прави криминал и измамува лица.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
7.883
Поени од реакции
11.814
Нема да се впуштам во бекрајни дискусии со тебе.
Темата е за криминалец кој преку агенција прави криминал и измамува лица.
Кој ти врз основа на докази го утврди и донесе пресуда.

Ашколсун бе машко, ашколсун :)
 
Член од
15 ноември 2014
Мислења
306
Поени од реакции
289
Група студенти од утрово се собираат пред канцеларијата на агенција за посредување при работа во Скопје и бараат да им бидат вратени парите што ги дале за да заминат на студентска работа во Германија.

Стотина од нив, велат, агенцијата „Венера Кемаловски“ треба да им врати околу 250 евра, кои ги дале за аплицирање и документација за наводна работа во бутиците „Зара“, но покрај нив парите назад (како што велат, околу 150 евра) ги бараат и други студенти кои требало ова лето да работат во рестораните на „Мекдоналс“, „Бургер Кинг“ и др.

Револтираните студенти велат дека газдата ветил оти ќе им ги врати парите, но сè уште нема ништо од ветувањето, па денеска самоиницијативно се договориле преку социјалните мрежи да се соберат пред просториите на агенцијата во Скопје.

- Се договоривме денеска околу 12.30 часот да се собереме. Веќе се собравме неколку студенти. Од утрово само јас му вртев точно 27 пати на газдата но не се јавува – вели еден од студентите.

На вратата на агенцијата, пак, пишува дека вработените се на годишен одмор иако вчера ги контактирале телефонски студентите кои требало да работат во „Зара“, за да дојдат да си ги побараат парите назад.

Утрово до медиумите пристигна и писмо од револтиран студент во кое тој ја опишува неговата и приказната на неговите другари за нивната наводна работа во Германија. Во продолжение писмото ви го пренесуваме во целост:



„Јас сум студент кој аплицираше за работа во Германија (Burger King) преку агенцијата за посредување при вработување Венера Кемаловски (агенцијата е со седиште во Битола, а има свои канцеларии и во Скопје, Струмица и Штип). Аплициравме заедно група од 7 студенти, при крајот на јануари годинава, во канцеларијата во Штип. Не викнаа на интервју на 8 февруари во Штип, во просториите на агенцијата. По интервујто, ни кажаа дека сите 7 од нас го имаме поминато интервјуто и потпишавме договор со агенцијата, неколку минути по завршувањето на интервјуто. Притоа, ни кажаа дека за апликативни трошоци, треба да платиме по 1.500 денари. Парите ги плативме НА РАКА и за истите не ни беше издадена фискална сметка. Ни рекоа дека бидејќи интервјуто ни е успешно поминато, само треба да ги однесеме потребните документи и нашето заминување на работа во Германија е веќе сигурно и обезбедено. Датумот на кој ни рекоа дека најверојатно ќе започнеме со работа во Германија беше 15 јуни.

Откако ги однесовме потребните документи, за кратко време не известија дека ќе треба да одиме на уште едно интервју во агенцијата во Штип. Иако првично не беше предвидено, отидовме и на тоа дополнително интервју, после кое ни беше кажано дека ниеден од нас нема доволно познавања од германски јазик, па сите ќе мораме да уплатиме по 3.900 денари на сметка на агенцијата Венера Кемаловски, а тие преку онлајн-курс ќе не научат германски јазик. Направивме како што ни кажаа, уплативме по 3.900 денари, а за доказ ни побараа да им пратиме слика од уплатницата на мејл или на некој од фб-профилите на агенцијата ( ги имаат неколку).

Како што одминуваше времето, од агенцијата ни бараа и дополнителни документи, кои претходно не беа предвидени. Покрај тоа што бараа студентски легитимации преведени на германски и заверени на нотар, ни бараа и некои помалку чудни работи, како на пример Уверение за неосудуваност?! Колку и да беа чудни некои од барањата, не се противевме и сите ние седуммина редовно и уредно ги извадивме сите документи кои ни ги бараа од агенцијата ( а кои на нив им ги бараат од Германија, заради одредени причини). Вадевме документи, преведувавме, заверувавме на нотар, се разбира се тоа на наш трошок ( иако првично непредвидено).

Од агенцијата ни кажаа и дека од причини што сме голема група, нема да работиме во ист ресторан, туку ќе не поделат во две групи, четворица од нас ќе бидат во едната, а другите тројца во другата група. Едната група би работела во еден ресторан во еден град, а другата во друг град. Без никакво негодување се согласивме и со ова. За кратко време, на четворицата кои беа во едната група им се јавија од агенцијата и им кажаа дека одредени документи им се згрешени и дека треба повторно да ги извадат и повторно да ги однесат. Ова беше доста сомнително и дискутабилно, затоа што сите документи ги вадевме заедно, како група и се беше исто за сите седуммина. Но и покрај тоа, без противење, се што требаше беше повторно извадено и секако на наш трошок беше повторно однесено во агенцијата.

Кога веќе наближуваше 15 јуни, датумот кој од агенцијата беше посочен како датум на кој ќе почнеме со работа во Германија, од агенцијата почнаа да не се јавуваат на нашите повици. Неколку дена пред 15, бевме известени дека работните дозволи доцнат и најверојатно нема да стигнат до 15, а без нив не можеме да почнеме со работа. На нашите прашања зошто е тоа така, тие одговараа дека има промени во законите во СР Германија, за кои тие биле известени со задоцнување. Иако прашувавме, не добивме одговор кој е законот кој е изменет.

Од агенцијата продолжија да одбегнуваат да одговараат на телефонските повици, како и на пораките на фејсбук. Оттогаш вработените се помалку не известуваа за новостите, а палката ја презеде сопственикот на агенцијата, Емран Кемаловски. Лично тој не уверуваше дека вината е во Германија, а не во неговата агенција и лично тој не уверуваше дека работните дозволи ќе ни стигнат најдоцна до 30 јуни, така што ќе можеме да започнеме со работа од почетокот на јули.

Кога видовме дека од агенцијата повеќе не одговараат на повиците, започнавме што почесто да одиме лично во канцелариите и да бараме одговори на прашањата кои некој мораше да ни ги одговори: зошто сеуште немаме добиено работни дозволи, каде е проблемот и ќе добиеме ли воопшто работни дозволи?

Така, еден ден (8ми јуни) во фејсбук-групата во која членувавме сите студенти, како и сопственикот и вработените во агенцијата, и која служеше како место на кое ги добивавме сите новости и информации, сопственикот на агенцијата, Емран Кемаловски постираше објава која само по неколку секунди ја избриша. Најверојатно затоа што местото не и беше за групата во која членуваме и студентите, туку пораката беше наменета само за вработените. Имено, во таа порака тој им дава насоки на вработените, како да постапуваат и како да не лажат, затоа што „сезоната била започната и дневно ќе се соочувале со многу револтирани странки”.

Понатаму, тој им вели на вработените: на оние странки кои им се сомнителни, да им наплаќаат со фискален апарат, а сите други да плаќаат на рака.

Се обидовме да го прашаме сопственикот што значи тоа, но тој секој наш коментар, секое наше прашање и секоја наша објава во групата поврзани со таа објава ги бришеше за неколку секунди. После тоа, на групата беше забрането да се коментира на секоја негова објава, а ние не можевме да објавуваме, туку само да читаме што тој објавува. Во приватни пораки на фејсбук, сопственикот дури и се закануваше дека ако се објавува за таа негова порака, ќе настанат конфликти.

На 21 јуни, сопственикот Емран Кемаловски објави дека се стигнати СИТЕ работни дозволи и дека секој од нас поединечно ќе бидеме повикани во канцелариите на агенцијата и ќе си ги подигнеме дозволите, по што можеме да работиме. Но по само 2 дена, одреден број од нас ( по 1-2 од речиси секоја група) бевме телефонирани од вработени во агенцијата и ни беше кажано дека и покрај објавата на сопственикот, нашите дозволи не се стигнати. Стигнати се само неколку, а за останатите треба да се почека “одреден период”. Кога го прашавме сопственикот колкав е тој период, тој рече дека за 3-4 дена се ќе се реши и сите дозволи ќе пристигнат. На 26 јуни, во телефонски разговор, сопственикот не извести двајца од нашата група дека сме одбиени, нема да добиеме дозволи и нема да работиме. На прашањата како и зошто тоа се случило, која е причината за тоа, тој само кратко и дрско одговори дека нема причина и дека ние едноставно нема да работиме во Германија. Нашата судбина ја делат уште многу студенти, а иако сопственикот Емран Кемаловски лично вети на 27 јуни дека парите кои ги имаме дадено во целата постапка (трошоците за сите документи, курсеви, обуки) а кои изнесуваат над 10.000 денари ќе ни бидат вратени за ДВА ДЕНА, сепак парите до денес сеуште не се вратени“, пишува студентот.

Ова е копирано од ПлусИнфо.

Еве и други медиуми пренесуваат.
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=122122#.WWaiAoSGPIU
http://sitel.com.mk/izmameni-studenti-baraat-agencijata-da-im-gi-vrati-parite-za-vetenoto-vrabotuvanje-vo-stranstvo
http://www.mkd.mk/makedonija/makedonski-studenti-tvrdat-mesto-rabota-vo-germanija-ostanavme-bez-pari
http://a1on.mk/archives/763470
http://24vesti.com.mk/izmameni-studenti-za-rabota-vo-germanija
http://www.fakulteti.mk/news/17-07-12/makedonski_studenti_tvrdat_deka_namesto_rabota_vo_germanija_ostanale_bez_pari.aspx
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=128273
http://faktor.mk/stotina-studenti-izmameni-platile-da-zaminat-na-rabota-vo-germanija-ostnaa-i-bez-pari-i-doma
http://makfax.com.mk/daily-news/околу-150-студенти-измамени-од-страна-на/
http://www.alsat-m.tv/mk/агенција-за-посредување-измамила-сто/
http://telma.com.mk/vesti/izmameni-studeni-za-rabota-vo-stranstvo
http://24vesti.com.mk/studenti-obvinuvaat-za-izmama-za-vrabotuvanje-vo-germanija
http://tv21.tv/mk/студенти-платиле-за-работа-во-странст/
http://www.time.mk/c/5fc786446d/studenti-obvinuvaat-za-izmama-za-vrabotuvanje-vo-germanija.html

Бидејќи и јас сум еден од измамените студенти, се што ве интересира прашајте и мој совет ПОДАЛЕКУ ОД АГЕНЦИЈАТА венера кемаловски. Иако мислам дека ретко кој веќе ќе се осмели да оди преку нив.
Naravoucenie: zoshto volkot e jak vo vratot-zatoa shto sam si gi brka rabotite.
Koj te teral da odish vo agencijata, s am si kriv.Ako ima kriminal drzhavata treba da reagira ama toa ne e tvoj problem. Tvojot problem (i na mnogu drugi) se vika mrza. Vi staviv link od ZAV, trebashe da gi isprintate popolnite i ispratite 2 formulari i tolku, drugoto e na ZAV. I da najdesh sam rabota pak kaj niv kje sletash, tie ti davaat rab. dozvola.
Tipichen makedonski syndrom, da chekash na drug da ti zavrshi rabota i ako ima problem normalno toj e kriv.
Ako, zhivotot e najgolemo ucilishte samo ponekogash mnogu skapo.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.090
Поени од реакции
4.009
март месец отидов во Венера чисто информативно да видам шо нудат и шо муабети и фори продаваат шо се сите полудени по нив :) после 3-4 минути муабет јас станав од столчето и си заминав со смеење... девојчето ме гледаше и се чудеше ми вика чекај уште не си слушнал се.... и викам јас уживај доволно слушнав и доволно знам како функционираат тие работи за да знам дека ова вашево е гола вода :) на излагање имаше неколку девојки пред агенција и им викам добро намерно ако ме слушате немој да си ги фрлате парите кај овие зашо ќе ве сјебат... ме гледаа каако лудак некој, ама се надевам дека ме послушаа и дека не се дел од овие шо "плачат" по телевизииве :)
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
12.118
Поени од реакции
16.498
Naravoucenie: zoshto volkot e jak vo vratot-zatoa shto sam si gi brka rabotite.
Koj te teral da odish vo agencijata, s am si kriv.Ako ima kriminal drzhavata treba da reagira ama toa ne e tvoj problem. Tvojot problem (i na mnogu drugi) se vika mrza. Vi staviv link od ZAV, trebashe da gi isprintate popolnite i ispratite 2 formulari i tolku, drugoto e na ZAV. I da najdesh sam rabota pak kaj niv kje sletash, tie ti davaat rab. dozvola.
Tipichen makedonski syndrom, da chekash na drug da ti zavrshi rabota i ako ima problem normalno toj e kriv.
Ako, zhivotot e najgolemo ucilishte samo ponekogash mnogu skapo.
Ова твоето е типичен македонски синдром. Експерт за се.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
83.794
Поени од реакции
193.670
Не само забрана, ѓуптинов треба да се собере во марица и да му се каже вицот. После ќе се чудат како некој во темница ги истурил од ќотек.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
12.118
Поени од реакции
16.498
Добиле забрана за работа во траење од 30 дена.
Тоа е ништо во споредба со тоа што треба да се изрече, ама мислам дека кога подетално ќе се провери работењето на агенцијата и на сопственикот, ќе се стави клуч на вратата. Засекогаш.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
7.883
Поени од реакции
11.814
Трудов инспекторат е, што значи утврдена е неправилност во однос на работните односи, а не дека е утврдена измама.

Затоа и инспекторатот ќе покрене прекршочна постапка.

Не е дека ги бранам овие од агенцијава, ама мора да се праи разлика од лична фрустрација и кривично дело измама.
Може стварно има измама, ама нелогично ми е, ако веќе агенцијава претходно океј работела и праќала студенти на ворк енд травел без скандали.

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
12.118
Поени од реакции
16.498
Овие преварантите 10 пати го менуваа името на агенцијата, не знам ни како се викаат моментално :pos: :pos:
Како на GTA SA, правиш криминал, те брка полиција, менуваш фризура или шорцеви и се е океј, не те брка полиција веќе :D
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom