Измама во обид - општа дискусија

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
На делото измама е посветен член 247 од Кривичниот законик

Овој член во целост гласи:

Член 247

(1) Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист ќе доведе некого во заблуда со лажно прикажување или со прикривање факти или ќе го држи во заблуда и со тоа ќе го наведе да стори или да не стори нешто на штета на својот или туѓ имот, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

(2) Ако сторената штета е од помала вредност, а сторителот одел кон тоа да прибави таква вредност, ќe се казни со парична казна или со затвор до една година.

(3) Ако сторената штета е од поголема вредност, сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.

(4) Ако сторената штета надминува значителна вредност, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.

(5) Тој што делото од став 1 го сторил само со намера да оштети друг, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(6) Обидот за делото од ставовите 1 и 5 е казнив.

(7) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

(8) За делото од ставовите 2 и 5 гонењето се презема по приватна тужба.

Од став 6 е видливо дека обидот за измама е казниво дело

Но од останатите одредбите на членот 247 од КЗ е видливо дека делото измама ( fraus ) постои кога некој со намера да за себе или за некој трет оствари противправна имотна корист го доведе и држи во заблуда оштетениот. Самото дело е многу слично на делата кражба ( furtum ) и разбојништво ( rapina ). Сите три дела имаат иста цел, присвојување на туѓ имот - , но кај делото измама има една специфичност, а тоа е дека оштетениот е во заблуда, тој не знае дека врз него се врши измама.

Што значи делото измама може да настане исклучиво кога оштетениот е во заблуда, односно не знае дека е измамуван.

Ако оштетениот знае дека е измамуван – делото воопшто не е измама.

Како е можно да некој биде доведен во заблуда?

Во засновањето на облигационите најдобро е кога двете страни имаат еднакви познавања на стварите и тоа ги прави рамноправни. Но тоа најчесто не е така и тоа овозможува појава на делото измама. Односно страната која нема познавања, може да биде доведена и држана во заблуда и измамена. Што значи измамениот ќе дознае дека е измамен, дури кога измамата ќе биде сторена, односно кога тој ќе биде оштетен, а измамникот ќе стекне противправна имотна корист.

Во став 8 од членот 247 од КЗ е наведено дека обидот за измама ќе се гони исклуливо по приватна тужба. Значи измамениот, кој е во заблуда и не знае дека е измамуван, треба да тужи. Има ли тоа смисол?

Околу оваа ја отварам дискусијата во оваа тема:

Дали има смисол да постои кривично дело – измама во обид?

Дали има смисол тоа дело да се гони по приватна тужба?

Повелете на општа правничка дискусија или со примери покажете како би настанало делото измама во обид.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Ова јас мислам дека е за партиски цели...на пример излегува зајко на прес и вика иам бомба, и оп излегува дека уствари он нема памет не само бомба. Ете тоа е измама во обид.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Сеојдневно секаде има голем број на измами во обид ама бидејќи сите знаеме се и се разбираме во се тешко дека некој ќе биде измамен.
Треба да си ептен загубен случај па некој да те измами
 

ʞönig

Миле... ми текна!
Член од
29 декември 2014
Мислења
131
Поени од реакции
614
Ако оштетениот знае дека е измамуван – делото воопшто не е измама.

Како е можно да некој биде доведен во заблуда?
...
Во став 8 од членот 247 од КЗ е наведено дека обидот за измама ќе се гони исклуливо по приватна тужба. Значи измамениот, кој е во заблуда и не знае дека е измамуван, треба да тужи. Има ли тоа смисол?

Околу оваа ја отварам дискусијата во оваа тема:

Дали има смисол да постои кривично дело – измама во обид?

Дали има смисол тоа дело да се гони по приватна тужба?
Болдираното не е така.
Значи: не постои засебно кривично дело измама во обид, туку само измама, чии одредени елементи го инкриминираат и обидот (доведување во заблуда заради корист или да се наштети, ст. 1 и 5).

Основното дело измама задолжително се гони по службена должност, а по приватна тужба само ако штетата е од помала вредност или сторителот немал намера да прибави корист (ст. 2 и 5).

Друго, ако потенцијалниот оштетен е свесен дека врз него се врши обид за измама, тој секако не би презел дејствија за да го исполни битието на делото (секако, доколку е при здрав разум).

Смислата да постои инкриминација на измама во обид како составен дел на основното кривично дело измама е во тоа што за истото може да дознае трето лице пред да настапат последиците. Ова дело најчесто се извршува со прикривање на документи, подметнување на договори за потпис кои содржат правни сплетки штетни за потпишувачот, прикривање на факти за одредена состојба на имот и т.н., кои бараат нотарска солемнизација.[DOUBLEPOST=1421658901][/DOUBLEPOST]
Сеојдневно секаде има голем број на измами во обид ама бидејќи сите знаеме се и се разбираме во се тешко дека некој ќе биде измамен.
Треба да си ептен загубен случај па некој да те измами
http://faktor.mk/2013/03/23/stanbenite-izmami-vo-makedonija-fiko/
Над 600 илјади евра тежи последната измама со продавање на станови. Триесетина граѓани се измамени од татко и ќерка кои немале допирна точка со градежниот бизнис, а продавале станови. Измамата почнала во 2011 година со продажба на фиктивни станови за посебна група лица по цена од 400 евра за метар квадратен. Измамените граѓани уплаќале меѓу 15 и 30.000 евра на банкарска сметка а наводните посредници лажеле дека останите пари ќе ги обезбедат од странски донации, односно од белгиската, холандската и македонската влада. Случајот е се уште отворен, а полицијата не ја исклучува можноста бројот на измамени граѓани да расте.

И по една деценија градежните пирамиди тапкаат без епилог

Ова не е прв случај во трката за лесна заработувачка во бизнисот со недвижнини да настрадаат граѓаните. Градежната афера Фиком која изби во 2006 година “изгоре“ стотици граѓани, а уште толку се жртви на други градежни фирми како Самарија, Платина, Раба, Гиа инженеринг… , кои ги градеа градежните пирамиди врз дупките во законите, но и со помош на општинските службеници.

Разликата е во тоа што во овие случаи, граѓаните беа измамени од инвеститорите на објектите, кои еден ист стан го продаваа на по петмина и повеќе купувачи. Граѓаните купуваат станови по багателни цени во згради на атрактивни локации само врз основа на проект, а инвеститорите им ветуваа дека ќе ги доградат зградите со уплатените пари.

Во такви услови измамените граѓани стануваа сопственици на непостоечки станови, без договор и без имотен лист..

Случај Фиком-измама тешка над 10 милиони евра

Мега градежната афера Фиком медиумите ја открија во 2006 година кога група граѓани тврдеа дека нивниот стан бил продаден уште на неколку лица. Сопствениците на Фиком-сопружниците Николиќ кои се уште издржуваат казна затвор, во седум згради во централното градско подрачје продавале станови по цена од 450 до 500 евра за метар квадратен, без склучен договор. Николиќ е осуден во април 2007-ма, а според пресудата, со продажбата на исти станови на повеќе граѓани создал измама тешка околу 12 милиони евра. Стотици семејства беа оштетени, дадоа пари не добија станови, а зградите уште стојат недоправени.

Случај Платина инженеринг- штетата се уште не е проценета

Веднаш после Фиком, во јавноста одекна и скандалот со зградите на Платина инженеринг. Освен што се градени без платени комуналии, становите во нив биле продавани повеќе пати на различни лица.Газдите на фирмата, сопружниците Рокан и Маријана Атанасоски, беа осудени на вкупно 15 години затвор. Атанасоски по обелоденувањето на аферата избегаа од државава и по нив беше распишана потерница. Измамените граѓани останаа и без пари и без станови..

Случај Самарија-измама тешка 350 илјади евра

Скопската градежна фирма Самарија слично како и во аферата Фиком ги зела парите од купувачите ,но ниту еден од нив не го добил станот за кој платил. Газдарицата Лујза Миновска доби казна затвор поради измама на 12 граѓани на кои, без да добие одобрение за градба, им ветувала изградба на станови со здружени средства, иако знаела дека становите не може да ги изгради.

Случај Гиа Инженеринг- измама тешка 260 илјади евра

Градежната компанија Гиа Инженеринг успеала 18 станови да продаде на 76 купувачи со што направила штета од 260 илјади евра. Оштетените граѓани, дел од парите за изградба на становите ги уплаќале на каса прими во фирмата или директно на рака на инвеститорот без да добијат документ за извршената уплата.
 
Последно уредено:

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.606
Поени од реакции
12.390
Чекај сеа. Еве да речиме ја одам да купувам јаболка или сливи. Поскапи се од просечната цена, ама па затоа тој ме убедува дека се благи и во никој случај немаат црв во нив. Одам дома, не само што има црви, туку единствената блажина што ја добиваш од овошјето е во моментот кога ќе престанеш да го јадеш.

И сеа според законов ја смеам да го тужам ? :D Колку и да изгледа сеирџиско и дебилно прашањево, озбилен сум :)
 

ʞönig

Миле... ми текна!
Член од
29 декември 2014
Мислења
131
Поени од реакции
614
^За делото и основот за тужење битна е висината на користа / штетата. Ако штетата не спаѓа во некоја од следните категории (т.е. е „незначителна“) законот не ти нуди правна заштита.

Чл. 122 КЗ
(33) Под помала имотна корист, вредност или штета, се подразбира корист, вредност или штета што одговара на износот на службено објавена една половина просечна месечна плата во Републиката во времето на извршувањето на делото.
(34) Под поголема имотна корист, вредност или штета, се подразбира корист, вредност или штета што одговара на износот на пет просечни месечни плати во Републиката во времето на извршувањето на делото.
(35) Под значителна имотна корист, вредност или штета, се подразбира корист, вредност или штета што одговара на износот на 50 просечни месечни плати во Републиката во времето на извршувањето наделото.
(36) Под корист, вредност или штета од големи размери, се подразбира корист, вредност или штета што одговара на износот на 250 просечни месечни плати во Републиката во времето на извршувањето на делото.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Измама во обид и силување во самоодбрана :icon_lol:, две кривични дела и за двете постои олеснителна околност :icon_lol:.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.579
Општо со измамите има различни аршини во државата. Убаво се сеќавам, пред 15-на години една девојка од Аеродром му даде бајаги пари на еден да и донесе кола од странство. Овој ни кола донесе ни пари и врати. Таа ангажира рекетари да ги вратат парите, а овие го киднапираа измамникот. Полиција се умеша, ги уапси киднаперите, девојката доби опомена дека не смее да ангажира цивили за враѓање долг туку приватно граѓански да тужи, а измамникот изјави дека има намера да ги врати парите, ама кога ќе има, овие ги потрошил. Е сега пак, низ републиката има дузина случаи локален МВР да поднесува кривични пријави по службена должност и за мали измами во обид, вредност и од 500 евра, на пример мајсторот земал капар да направи ламперија ама ниту почнал да работи ни парите ги вратил.
Исто така имам наидено и вои Хрватска да се поднесува кривична по службена должност за малверзации со невраќање пари или неизвршување одредена услуга, особено ако се процени дека субјектот свесно примил уплата иако знаел дека нема да ја изврши обврската. Во Хрватска неисплаќање плата е кривично дело, гледам и кај нас ќе одат кривични ама за неплаќање К15.
Но целата работа со измамите е една селективна рашамонијада, не само кај нас. Па нели е измама кога Исланд ги остави штедачите од Англија и Холандија без штедни влогови во нивната национална банка, а слично направи и Кипар ?? Ниедна банка немала до сега во договорот за депонирање и штедење клаузула дека штедачот може да остане без пари.
А што се однесува до обиди за измами, еве специфични примери. Градежни фирми пред 10 години склучуваа преддоговори а авансите ги земаа во кеш, без профактури со изразен ДДВ. Во меѓувреме се намалува стапката на ДДВ од 18% на 5%. Градежната мафија бараше од купувачите целосно да им ги доплати сите пари на рака, со каса прими, без никаква фактура со прикажан ДДВ. Имаше многу граѓански парници иако се рабити за типичен обид за измама.
Но парадоксално е дека и денес одат слични работи, нотарот на градежната фирма солемнизира преддоговор каде се бара уплата на цена со ДДВ како 100% аванс а нема никаква пенализација за доцнење. Освен тоа вметнува клаузула дека ако се качи ДДВ-то до предавање на објектот купувачот треба да доплати разлика во ДДВ ?? А што правиме ако се намали ДДВ-то ??. Симптоматично е дека за истите објекти во исто време имаме различни договори, зависи како се поставила банката -кредитор на купувачот која е сопственик на станот до отплата на кредитот. Некој банки на пример уфрлиле анекс во договорот и не ги даваат сите пари на фирмата однапреед, се додека не се заврши се, вклучувајки и добивање имотен лист.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
@Ireal
Мислам дека примерите не ти се најсреќно избрани
Ако некој „ мајсторот земал капар да направи ламперија ама ниту почнал да работи ни парите ги вратил. “, тоа не е измама туку е неисполнување на договор
За измама е карактеристично дека оштетениот е во заблуда.
На пример, јас ти продавам коњ, тврдам дека коњот е стар две години, ти си неук, не знаеш како се утврдува староста на коњот и го купуваш коњот мислејќи дека купуваш млад коњ. По година или две коњот ќе крепа од старост и ти тогаш дознаваш дека си измамен.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.579
@Ireal
Мислам дека примерите не ти се најсреќно избрани
Ако некој „ мајсторот земал капар да направи ламперија ама ниту почнал да работи ни парите ги вратил. “, тоа не е измама туку е неисполнување на договор
За измама е карактеристично дека оштетениот е во заблуда.
На пример, јас ти продавам коњ, тврдам дека коњот е стар две години, ти си неук, не знаеш како се утврдува староста на коњот и го купуваш коњот мислејќи дека купуваш млад коњ. По година или две коњот ќе крепа од старост и ти тогаш дознаваш дека си измамен.
Неисполнување на договорот е исто измама ако немало оправдани причини, виша сила и слично, посебно ако однапред се знаело дека тој договор нема да се оствари а се земале пари однапред...
.. а тоа со коњот има дузина примери со продажба на половни возила, најпросто враќање на километража..
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.579
ПРИЈАВА ЗА ШТИПСКА БИЗНИСМЕНКА ЗА ЗЛОУПОТРЕБА

МЕСТО ЗАШТИТНИ ПРСТЕНИ ОД ОЛОВО ДОСТАВИЛА ПРСТЕНИ ОД КАДМИУМ ЗА ПЕТ ЦЕНТАРОТ ВО СКОПЈЕ


http://www.vest.mk/?ItemID=6D354ADC92FE1145B7C14A99EC6FF7F3

А што да прават купувачите на станови ( да пријават во полиција ??) кога во договорите од фирмите стои дека ѕидовите кон скалишното јадро ќе бидат од сендвич
( цигла/ стиропор/цигла), а ги иѕработуваат од бетон, без никаква изолација ... има во договорот клаузула дека може во градбата да се направи и адекватна замена, ама замената не е адекватна, нема изолација.. ...
 

Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
166
За исполнување на битието на кривично дело измама е потребно да се исполнат условите: свесно и намерно доведување и држење на друг во заблуда и штетно дејство по неговиот имот (со намалување, спречување да се зголеми или дел или целосно да премине во рацете на измамникот или на трето лице)

Така што, делото би било довршено кога едно лице кое намерно било доведено во заблуда било оштетено од страна на друго лице, т.е. по негова вина, било на некој начин наведено да даде, да стори, да не стори или да трпи нешто, односно стори, не стори или трпи одредено дејствие со што ќе си или ќе се нанесе штета на својот имот.

Член 247

(1) Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист ќе доведе некого во заблуда со лажно прикажување или со прикривање факти или ќе го држи во заблуда и со тоа ќе го наведе да стори или да не стори нешто на штета на својот или туѓ имот, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

Од истиот член, во став 5 јасно се гледа дека и „обидот е казнив“.

Така што, самото доведување во заблуда на едно лице е казниво како обид за измама.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom