Денес дефинитивно се уверив во поговорката, вака некако гласеше „Кога најмалце очекуваш - најмногу ќе добиеш“
Учествував на интернационална изложба за кучиња, и знаев дека на изложбата ќе има ептем јака конкуренција ... и плус тоа кога видов во каталогот какви Добермани ќе учествуваат, шампиони ... од шампионски крвни линии, онака, не дека немав очекувања, али дека ќе направам волку голем успех денеска, ни во најубавиот сон немаше да сонувам
И почна судењето, и ... партали, сите можни титули ги собрав (оценка 5 + C.A.C + C.A.C.I.B + B.O.B + B.O.G 2), и од сите пријавени Добермани на изложбата, мојата Доберманка ја освои титулата Best of Breed (првак на раса) ... а се натпреваруваше со шампиони
и сепак беше прогласена за најубава Доберманка на изложбата.
А ... и ќе заборавев да кажам ... од денес и официјално Астра е Шампион на Р.Македонија ... да се разбереме, за мене Астричка отсекогаш си беше Шампион, она е
мојот Шампион
, мојата гордост, но еве од денес и официјално заслужено ќе си ја носи титулата
Одиме во нови походи, следно учество во листата е на 27 април во Гевгелија.