Излегувањето на тинејџерите во доцните ноќни часови и конзумирањето алкохол

Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.677
Здраво, ја имам одбрано оваа тема за проект и ми треба ваше мислење. Вашите ставови за излегувањето на тинејџерите (малолетници) во доцните ноќни часови и останување надвор повеќе од дозволеното (после 00:00) како и за конзумурањето на алкохол. Неговото влијание врз нивниот живот, врз нивното образование и мотивираност за учење и водење здрав живот? Последици од тој начин на живот како и некои препораќи како да се надмине овој проблем кој се почесто зазема се поголеми размери?? Однапред ви благодарам :)
pa nema vlijanie na zivotot, primer ako se nacukas vo petok ili sabota sigurno kje se otreznis do ponedelnik za na skolo (y)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Тинејџери ?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
Не треба на малолетни лица да им се дозволува влез по дискотеките. Барем не после 24часот. Ем не им е време да глумат лудило ем им сметаат на постарите внатре. Многу грозна глетка е да видиш некои мали девојчиња нашминкани и облечени како за на писта се тетерават по пат од што се опијаниле од едно пиво.

Ама тоа се додека се пуштаат деца внатре со врски (пази во државава и за ова се користат врски) така ќе биде.

Во проектот сакам да ја спомнеш и Ен Хатавеј иначе не сакам да ми го користиш постов како дел од проектот Еме.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Тинејџери не е само малолетни. Тинејџерството е до 19 години.

А бидејќи поминаа 4 години од кога бев тинејџер - алкохол?!
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Проблемот не е во малолетниците, туку во нивните родители, кои им го дозволуваат тоа.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Проблемот не е во малолетниците, туку во нивните родители, кои им го дозволуваат тоа.
Oд родители до родители имаш огромни разлики ... постојат строги родители, постојат просечни(просечно строги родители) и либерте родители ...
Построгите родители повеќе размислуваат за иднината на своето дете у смисол да заврши школо, факс... да најде подобра работа и.т.н.
Е сега има и такви родители кои дури и намерно ги туркаат своите деца уште од мали нозе на таков живот со цел навреме да се социјализираат ... тоа се претежно полиберте родителите ... сметаат дека така е правилно за своето дете во тие години што повеќе да шета, да пие, да мења партнери/партнерки ... да има и голем број на такви родители !
Мое мислење е дека се што се прави во умерени граници е ОК и јас кога бев тинејџер скоро секој петок или сабота се собиравме, не по кафичи и диска туку по куќи, некогаш кај мене дома, некогаш кај некој друг ќе се соберевме неколкумина(машко друштво) ќе пуштевме нешто турбо-фолк или пак рап ќе купевме некое пивце или винце, малку мезе(храна), цигари и после некој саат кома:icon_mrgr: но тоа се веќе минати времиња ... до 20 години е еден живот после 20 години се се променува секој си тргнува по својот пат и започнува оној реалниот живот, а тинејџерството останува само во спомените !
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ION
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Само јас ли сметам дека колку повеќе ти забрануваат родителите одредени работи толку повеќе тинејџерите посегаат по тоа забранетото?
Не е баш паметно да им се забрануваат работи во тие години зашто обично се' што сме правеле сме правеле од инат на родителите. Колку повеќе родителот има либерте однос со своето дете толку повеќе детето ќе биде опуштено и ќе може отворено да зборува зашто на некој начин ќе го чувствува родителот како другар. А кога еднаш детето ќе почне отворено да зборува, родителот ќе може да му "наметне" на детето некои основни начела за тоа до каде може да тера со тоа однесување, да го насочи, да му укаже ако некој од неговите другари тргнал по лош пат и слично и сето тоа може да се направи со убав и мирен разговор, а не со дерење преку телефон кога детето ќе задоцни дома или со ќотек и забрани за излегување отпосле. Зборувам вака затоа што и јас сум била во слична ситуација. Кога мајка ми немаше да ми дозволи да излезам во среда да речеме затоа што уште бев средношколка, јас не седев дома туку ќе кажев дека ќе спијам кај другарка, ќе излезев од дома само со пиџами и потоа ќе облечев некој нејзин фустан и штикли ама битно ќе излезев бидејќи тоа ми беше забрането. Кога веќе мајка ми почна да ми дозволува да излегувам на тие забави во среда, почна да ми станува досадно бидејќи го немаше тој адреналин дека некој би можел да те виде и да те каже дома на твоите.
Од друга страна пак, баш таков родител-другар има една моја другарка и се има поставено со нас баш на начинот кој го опишав горе. Предноста е што таа во секој момент знаеше каде се наоѓа ќерка и, што прави и со кого е.

За дискотеките се потполно согласувам, треба да се забрани пристапот на малолетниците зашто е многу глупо кога видам како 16 годишни глумат лудило во дискотека со пиво во рака или се лапаат во некое ќоше. Нека ги пуштаат родителите од дома пак, ама кога девојчињата пример ќе облечат минич во сред зима и ќе дремат пред врата бидејќи обезбедувањето нема да ги пушти и кога ќе измрзнат ќе видеме дали ќе им текне наредниот викенд да дојдат пак. А такви голи сигурно нема да дремат во некој парк.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Девојченца, пред да излезите в чаршија, им викате барем на родителите едно пријатно?
Не за друго, да ве видат онака :)

Инаку шо зна нека пра, сите ние сме биле тинејџери, кој побудали, кој помалку. Живот како живот. За мене лично најдобрите, најзабавните моменти кои ќе ги паметам дур сум жив биле во паркот, било в центар, било во тој другиот на могила. Си купуваш онака со друштвото вино, или ако се погоди сезоната влечкаш домашно од дома, гитарата при рака, обавезно се најдувало по некој кој знае да дрнка и така радости до ниедно време.
Некогаш се почнувало и од порано, пример 20 часот. На никој не му се наштетувало, личен мерак и толку.
Сега друго време дојде, одиш чаршија, нога истопорена на секој чекор наааааа, од друга страна силни момци кои со поглед го поткреваат тоа фустанчето, мислиш го раскинуваат. А овие пристојнички девојченца, некако ,,засрамено" гледаат како да му се лутат на ветерот што по малку пропратно ги задева и соработува со снажниве момци. Па ако има алкохол во нив, upskirt обавезно иди како премија во целата ситуација. После 01 помини в чаршија чиниш на лизгалиште одиш . Обично мнозиството од нив тогаш се прибираат, освен оние кои изгледаат повозрасно, помасивно, амазонски, тие се нушнуваат во тие ноќните клубови каде обавезно си живеат со тој сељакот со мускули пред врата, со завршено основно образование. Крај краева кој ги онади, шо сака нека си прават, нивни животи, нивни фамилии, јас во мое време супер сум си поминал, другото се видело :)
 
Член од
12 јуни 2009
Мислења
90
Поени од реакции
126
Денешно време,излегуваат од многу мали,веќе стана и нормално,и најчесто со изговори ''Па сите ќе одат,само јас ли да седам дома?'' и од тој тип.Не сум против излегувањето,само барем да постојат одредени места за нив,каде што ќе се собираат нивните генерации,зошто малку и смешно е,влегуваш и гледаш некои кои ти се до колена....А за алкохолот,демек не служат во дискотеки,ама штом влезат,си зимаат нормално.Е сега за влијанието врз нив,нормално дека ќе влијае на некој начин,кога како,но мене лично, од толку мали да се трујат со алкохолни пијалоци,не ми се допаѓа,ќе се одрази порано или покасно.За жал, денеска кога некој сака да направи нешто,го прави, и да не може во дискотека да земе,ке се напие во маало или на улица,така да,индивидуално си е сето тоа.
 

chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
Часот пред да се излезе се собираат кај некого и се пие.По испиени неколку чаши сите се прават камен пијани демек колку си пијан толку по шизик си.Пред да се стигне на одреденото место обезбедувањето го знаат или се молат едно 30 мин па се врти на телефон на секој кој ќе стигне.Некако ке влезат и влегуваат и одма лелеле брат лудило ги тепа лош филм.Па тука ке наручат нешто пиво коњак и се цуца брате цел вечер али се правиш како да имаш испено цела цистерна.И битниот момент е цигарето в уста да се запази редот на глумењето возрасен иако појма нема.
Е сега за влијанието некои ке забегаат по лоши патишта мислејќи алкохолот им дава сила и кога се под негово влијание мислат семоќни се.За да се намали ова родителите мора да зборуваат многу со децата и да не им бранат него да им укажуваат.Да се посветат малку повеќе на нив и нормално младите малку повеќе да размислуваат дека се што лета не се јаде
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.960
Некои пијат од среќа , некои од тага , а јас пијам од сабајле . Ич не му ја мислите пијте си што ви носи душата , јас пример дур не дрмнам една-две ракии не ми е интересно :)
 

Д Малиот

Нинџа лепотан!
Член од
25 јануари 2009
Мислења
296
Поени од реакции
43
Еве ја од Тетоо сум ( да си се пофалим пошто ми умрела циганката ) и иам 17 године, тмн тија најзаебаните кј шо не си ни муж ни дете. Мојте са за некои работе либерте али за некои уопште не са. Ептен ги нервира ка ќе излезем у 10 ( место да излезем у 8.30/9.00 ) и ка ќе се вратим покасно од 1.30 освен за специјални пригоде ( ка ќе кажем дека ќе идем у диско, кафана или па за велигден суботата од црква негде на журка, за стара нова, такви работе ). Арно ама никад не ми било ништо забрането. Под ова мислим не ми било забрането алкохол и можда тоа било тоа поради шо не пием, иам пробано поголем дел од тоа шо се нуди кј нас ама не пием нит да наздравим, тоа можда е поради тоа шо не ми било забрането...како и да е убоо ми е што не пием пошто ем помалу паре ми идат, ем тија паре моем да ги искористим на нешто друго у случај да ми се јаде ка сум излезен или да ги чувам за алиштенце нешто. Е наводно не ми беше забрането ни пушење, знам прва година средно ка почнуав ме седнаја и ми рекоја ако пропушиш кажи, ќе ти даамо паре да не се гребаш. Почнав да пушим у втора на зимски распуст, ради нервозе, а почнав активно да пушим на Нова Година ( сеа шо пројде ) мада пред тоа пушев онаке еднаш у викенд, у два викенда по цигарче-две-три... И почна второво полугодие и таја првата субота шо беше не излегов, не ми се излагаше... ме фати криза, ама ме јадеше страв да запалим пред нив и чекав да заспијат... фати 3 саат, поцркав жими све и излегов на балкон у мојата соба мислејќи дека спијат моите и вратата од балкон отворена га остаев... како и да е дојде мајка ми ми промрсе, ми ги зеде све цигарињата и ми рече да се откажем да не ме кажела на татко ми, и се откажав до некој степен, пушим некад ка ќе излезем али не ка пред тоа... Неврдлес ја сум за лимити у излагање и за излагање ка моево ( у зависност од возраст нормално, прва година шо са не би ги пуштил после 00.30/40 или да излезат покасно од 9.30, а за помали да не зборимо, осмо одделение само у мекдоналдс би ги пуштил и ништо појќе и тоа до полноќ дома да се... ) пошто искрено ми одговара, за пиење нека пијат, ама пред тоа со нивните дома да си проверат колку им држи гзот и колку може да испијат поарно нека праат глупости дома еднаш него милион пута у град. За пушење кој како сака, ја почнав да пушим ради нервоза и ми стана навика после и бидна шо бидна ( ка шо прочитавте горе ) и можда сум згрешил, не викам не - не препоручуам пошто тија 47/52 денара ( а некои и појќе ќе даваа ) можете фино лепо да си ги искористите за друго нешто. Едино шо ме јебе у целава оваја работа и у задњиве 4-5 године шо ги памтим е тоа што женските пијат појќе од мушките. Има една шо обично преку лето излага со нас ка ќе се договорат за пиење и си носи пиење сама за себе. Моиве цела вечер ќе се бафтаа со 2-3 вина/пива а оваја за саат време 2 вина сама ќе ги испие.... Фак лоџик рајт ?
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Само јас ли сметам дека колку повеќе ти забрануваат родителите одредени работи толку повеќе тинејџерите посегаат по тоа забранетото?
Не е баш паметно да им се забрануваат работи во тие години зашто обично се' што сме правеле сме правеле од инат на родителите. Колку повеќе родителот има либерте однос со своето дете толку повеќе детето ќе биде опуштено и ќе може отворено да зборува зашто на некој начин ќе го чувствува родителот како другар. А кога еднаш детето ќе почне отворено да зборува, родителот ќе може да му "наметне" на детето некои основни начела за тоа до каде може да тера со тоа однесување, да го насочи, да му укаже ако некој од неговите другари тргнал по лош пат и слично и сето тоа може да се направи со убав и мирен разговор, а не со дерење преку телефон кога детето ќе задоцни дома или со ќотек и забрани за излегување отпосле. Зборувам вака затоа што и јас сум била во слична ситуација. Кога мајка ми немаше да ми дозволи да излезам во среда да речеме затоа што уште бев средношколка, јас не седев дома туку ќе кажев дека ќе спијам кај другарка, ќе излезев од дома само со пиџами и потоа ќе облечев некој нејзин фустан и штикли ама битно ќе излезев бидејќи тоа ми беше забрането. Кога веќе мајка ми почна да ми дозволува да излегувам на тие забави во среда, почна да ми станува досадно бидејќи го немаше тој адреналин дека некој би можел да те виде и да те каже дома на твоите.
Од друга страна пак, баш таков родител-другар има една моја другарка и се има поставено со нас баш на начинот кој го опишав горе. Предноста е што таа во секој момент знаеше каде се наоѓа ќерка и, што прави и со кого е.
Децата кои имаат построги родители на некој начин имаат позакаснет пубертет ... т.е. тие работи што да речеме требало да ги прават на помали години ќе ги започнат нешто подоцна(закаснет ефект) ... секој/а мора да помине низ тој пубертетски ’’оган’’, разликата е во тоа што некој/а што има либерте родители некои работи ќе ги помине уште на помлади години на пр. крај на основно, средно... а пак некој/а со построги родители истите работи ќе ги помине но нешто подоцна да речеме дури крај на средно или пак дури после средно односно како полнолетна личност ... ништо во животот не поминува така, сите луѓе имаат горе-доле исти потреби, но некој порано, некој подоцна во зависност од ХХХ фактори и тоа пред се од домашната атмосфера(родителите) па и во зависност од средината на живеење, школото, друштвото и.т.н.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom