Изгореа конаците на манастирот Св.Јован Бигорски

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Според информациите со кои располагаме во моментов, пожарот целосно го зафатил стариот конак и тој е целосно изгорен. Црквата е опожарена, но нема голема материјална штета. Засега нема информации за евентуални повредени. Голем дел од вредните икони, според првичните информации кои ги добивме од кабинетот на поглаварот г.г. Стефан биле спасени.
Засега нема информации кои се причините за пожарот. Од МВР соопштуваат дека пожарот настанал во 04.10 утрово, Пожарот бил пријавен во полицикста станица во Гостивар околу 04.20. Првото противпожарно возило стигнало од Дебар. Набрзо пристигнале и возила од Струга, Гостивар, Тетово.
„Пожарот е локализиран, а целосно изгаснат во 07.10“, велат од МВР.
Екипа на СВР Тетово и истражен судија се во манастрискиот комплекс Свети Јован Бигорски, но увидот не е почнат. Се чека да се олади местото.
Манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски посветен на Св. Јован Крстител, се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требишта, по течението на прекрасната Радика. Името Бигорски, го има добиено заради тоа што е изграден од бигор.
Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбрамбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци. Според Бигорскиот поменик, манастирот го основал монахот Јован во 1020 година а во XVI век манастирот бил разурнат од Турците, и останала само една мала црква. Од помениците исто така се дознава за обновувањето на манастирот во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој е и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време. Манастирот Св. Јован Бигорски надалеку е познат по својот иконостас. Него го правеле мајсторските раце на тајфата на Петре Филипов - Гарката од селото Гари. Петре Филипов - Гарката, братму Марко, Макрариј Фрчковски од Галичник и Аврам Дичов со синовите Васил и Филип од родот Филиповци од Осој, во периодот од 1829 до 1835 година успеале да создадат врвно уметничко копаничарско дело.
Покрај иконостасот, манастирот е познат и по иконата на Св. Јован Крстител за која се верува дека има чудотворна моќ. Според преданието иконата ја нашол монахот Јован во 1020 година. Таа сама дошла до местото каде што подоцна е изграден манастирот и лебдела над изворите на реката Радика. Кога во XVI век, во времето на султанот Селим втори Турците го запалиле манастирот иконата мистериозно исчезнала за потоа уште помистериозно да се врати неоштетена. Во манастирот, отворена е „Галерија на икони“. Во новата галерија изложени се околу 70, од планираните 160 икони, зашто другите се уште не се конзервирани. Најмногу датираат од XVII, XVIII и XIX век и се дел од богатата ризница на манастирот и нема ниту една која е позајмена или откупена од некој друг манастир. Оваа галерија на икони е поставена по барање на МПЦ и манастирските власти. Реализаторка на поставката е Викторија Поповска-Коробар, историчарка на уметноста од Музејот на Македонија, а ја финансираше Министерството за култура. Во текот на изминатите три години, експонатите ги конзервирале стручњаци од Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.
...превземено од www.forum.com.mk
 

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Среќа во несреќа е што изгореле само конаците. Да имало поставено пп апарати доволно сигурно не би дошло до големи оштетувања.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Сменете гоп насловот, премногу е тенденциозен. Нека се нагласи дека се работи за конаците.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Според најнови информации,има големи материјални штети но за среќа само во конаците и библиотеката,црквата е спасена.Причина за пожарот т.е оние што го подметнале ја признаа одговорноста(Косовска екстремистичка група)која пред 2 дена го запали знамето.
 
А

Ајсшутер

Гостин
Според најнови информации,има големи материјални штети но за среќа само во конаците и библиотеката,црквата е спасена.Причина за пожарот т.е оние што го подметнале ја признаа одговорноста(Косовска екстремистичка група)која пред 2 дена го запали знамето.
Извор за ова или ти си кажуваш по твое ?
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
ДО ТЕМЕЛ ИЗГОРЕ СТАРИОТ ПАЛАТ НА „СВ. ЈОВАН БИГОРСКИ“
Во пожар што избувнал рано изутрината во 4 часот и 30 минути до темел изгоре стариот палат на манастирот „Св. Јован Бигорски“. Целосно се опожарени конаците, трпезаријата и библиотеката. Нема повредени.

Монасите успеале да ги спасат од огнената стихија поважните предмети кои биле во опожарените објекти. Во манастирот се испратени пет противпожарни возила од Гостивар, Кичево и Дебар и еден хеликоптер. Пожарот е локализиран. Засега нема сознанија за причината за настанувањето на пожарот.

Манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски посветен на Св. Јован Крстител, се наоѓа на патот меѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требишта, по течението на Радика.

Извор: Сител

Кој и да го подметнал, цел живот пред очи да му горат најблиските!
 
А

Ајсшутер

Гостин
Според првичните информации на А1, зафатен бил нафтениот резервоар во близина на манастирот, кој најверојатно експлодирал.

Значи сепак подметнат :toe:
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
зафатен бил нафтениот резервоар во близина на манастирот

 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Според најнови информации,има големи материјални штети но за среќа само во конаците и библиотеката,црквата е спасена.Причина за пожарот т.е оние што го подметнале ја признаа одговорноста(Косовска екстремистичка група)која пред 2 дена го запали знамето.

Некоја потврда за ова!!!

Или Дрн дрн брн!:baeh:
 
K

kaiser soze

Гостин
Не трескајте бре,која екстремистичка група,екстремисти едни.
Првични сознанија говорат за други причини за пожарот.

Во 4 часот утрото избувна пожарот во манастирот Св. Јован Бигорски. Проблеми во инсталацијата на електричните и плинските уреди во кујната, според првичните сознанија, се причина за пожарот, изјави Екрем Зендели, заменик директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114353
 
А

Ајсшутер

Гостин
Не трескајте бре,која екстремистичка група,екстремисти едни.
Првични сознанија говорат за други причини за пожарот.

Во 4 часот утрото избувна пожарот во манастирот Св. Јован Бигорски. Проблеми во инсталацијата на електричните и плинските уреди во кујната, според првичните сознанија, се причина за пожарот, изјави Екрем Зендели, заменик директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114353
Предходно на А1 пишуваше дека според првичните информации на А1, зафатен бил нафтениот резервоар во близина на манастирот, кој најверојатно експлодирал, сега гледам смениле проблем со инсталацијата.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Манастирот Св. Јован Бигорски се реновираше пред 3-4 години, дел со голема донација на г. Трифун Костовски. Не верувам дека манастирот се запалил од неисправна ел. инсталација или гас во 4 часот сабајле, кога струјата е исклучена и никој гас не употребува.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Кога ќе погледнам према нашите среброљубни владики...само ми се мота зборот „пари од осигурање“ но да не грешам душа. Нека покаже истрагата што е причинител.
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Според некој информации одговорноста за пожарот ја зеде некоја Албанска паравоена група "27 Октомври"
 

Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
Пожарот почнал во кујната, највероватно е од нечие невнимание. Дали е подметнат останува прашање. Иначе новиот дел со стариот никако не е поврзан нова струја има и е оддалечен 20-30 метри стариот дел е потполно изгорен освен црквата и за среќа е зачувана чудотворната икона и моштите од Св.Јован Крстител. За сат време ќе тргнам за таму, 5.000.000 евра е оштетата па мора да се помогне.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom