Дали некој знае кога станува извршно судско решение, односно како се пресметува датумот од клаузулата за извршност и согласно кој закон? Конкретно ме интересира дали датата од клаузулата за извршност се пресметува по поминување на рокот за доброволно постапување од должникот, кој секако се пресметува откако решението го добил должникот, или откако решението го добил доверителот? Дали ако на пример должникот го добил решението (од второстепена за да не настанат забуни околу роковите за жалба) на 1 март, датата од клаузулата за извршност треба да биде 9 март или тие 8 дена се пресемтуваат од денот кога решението го добил доверителот, односно дали ако тој го добил на 15 март датата од клаузулата за извршност треба да биде 23 март? Споре член 14, став 1 од закон за извшување вика одлуката е извршна ако е поминат рокот за доброволно делување од должникот (секако има и клаузула за правосилност), а во став 3 вели рокот тече од достава до должник, ама не прецизира како точно се пресметува датата од печатот за извршност... или јас нешто не читам правилно
. Благодарам однапред за одговорите