Од прва рака можам да ти кажам дека ако кредитот нема кокредитобарател или жиранти, банката неможе да го наплати долгот од умреното лице. Баба ми кога почина во 2008 година кредитот нејзин немаше кој да го плаќа, и никој не е будала на мртов човек да му плаќа долгови. Банката се обиде со разни нотари, извршители и адвокатски друштва да ги натера наследниците на баба ми, односно трите ќерки да го преземат долгот и да го плаќаат. Никоја не се согласи и банката не успеа на никаков начин да го наплати долгот. Дури и да стигне предметот кај извршител или суд, кого ќе тужат? Од кого ќе бараат наплата на долгот ако подносителот е мртов и долгот нема жиранти или кокредитобаратели? Неможеш од мртов човек да бараш наплата на долг, а неможеш ниту неговите наследници сосила да ги натераш да потпишат дека ќе ја преземаат обврската и ќе го плаќаат долгот на умрениот, никој не е ненормален. Не знам дали има некои измени во законите од тогаш, иако не би требало. Сепак најдобро решение е да не потпишувате ништо без консултација со адвокат. А писмата и каматите нека си ги пресметуваат они, ќе им плате може попот.