Ке застари ако во текот на тие 10 години извршителот не превзел ништо, не ти пратил ниту едно известување, не побарал никаква информација дали си вработена, значи не превзел апсолутно ништо а ниту пак доверителот направил некоја ургенција до извршителот, не побарал известување.... значи условот е ништо да не се случило со предметот 10г. Доколку на последниот ден од истекот на 10г ти прати извршителот макар и едно известување дека имаш долг... тогаш рокот почнува да тече одново. Така да можноста кога си веке даден на извршител побарувањето да застари теоретски постои но практично е неизводливо, никој извршител нема да дозволи да му застари некој предмет, ке треба да му одговара на доверителот. До застареност на побарувањето, кога исправата е веке дадена на извршување, се случуваше да дојде кога извршувањето се работеше по ЗИП и го спроведуваа судовите. Тогаш за ,,наш човек,, можеше некое побарување, обично нешто за сметки за струја, вода, телефон (каде доверителите се големи компании кои нема да се потресат од застареноста на некое нивно побарување) да се среди застареност.