Па иди си. Не заболе.Нема живот тука, бегам во туѓина, фрлам камен и не се враќам веќе
Да бе Ќељав, јасно ми е дека ве заболе, и за мене и за сите, затоа после наталитетот се намалувал, многу луѓе се отселувале...да те боли и тебе како што ме боли мене ќе бевме здружени, ама себичноста е неизлечива, затоа си патиме, дури иако некои не сакаат да си признаат....Па иди си. Не заболе.
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=866243B680A4FD459ECFE973F550FA56Извршители заработуваат над 10 милиони евра годишно
Пресметките што ги правеше „Дневник“ покажуваат дека во просек годишно околу 98 извршители во земјава наплаќаат околу 120 милиони евра и заработуваат вкупно над 10 милиони евра годишно. Така математиката за лани покажа дека 98 извршители наплатиле вкупно 127 милиони евра и имале вкупна заработувачка околу 11,6 милиони евра. Гласините дека има извршители на чии сметки се слеваат и по 2 милиони евра годишно, Станковиќ ги отфрла како неточни и тврди дека тие не се нивни пари туку таму има пари и на доверителите.
-Ви гарантирам дека не е точно. Точно е дека извршител има наплатено, на пример 6 милиони евра и тие може да бидат на негова сметка, но тоа не се негови пари туку на доверителите. Правевме некоја статистика која покажа дека 50 отсто од вкупно 98 извршители кои ги има во земјава имаат околу 3.000 евра просечна месечна бруто заработувачка, но од таа сума се исплаќаат трошоци за канцеларија, вработени, членарини. Имаме 5-6 извршители кои се под овој просек, а останатите се распоредени по групи. Оваа година има група од 8 извршители кои за годинава ќе заработат над 100.000 евра. Се очекува мал пад во наплатата за годинава но во рамките на тие околу 125 милиони евра годишно- вели извршителот.
И нотарите признаваат дека нотарската професија овозможува пристоен приход, далеку над просечниот приход на македонски граѓанин.
-Во однос на доходовноста на нотарската служба лично немам увид во приходите на нотарите, но знам дека во голема мерка зависи и од географската и микролокациската положба на нотарската канцеларија, како и од стручноста и љубезноста на секој нотар. Во секој случај професијата овозможува пристоен приход, особено ако се спореди со просечниот приход на македонскиот граѓанин – вели Николовски.
Бар земи некој кредит,пред да заминеш,и после нека те бараат.За таква држава,само така треба.Вистинските криминалци кои ја оштетија за милионски суми слободно шетаат,ниту денар можат да им земат,они писнаа на сиромаштијата,од устата залакот ќе ни го земат.Нема живот тука, бегам во туѓина, фрлам камен и не се враќам веќе
Член 363 став 1 од ЗОО: „Меѓусебните побарувања на договорните страни од договорите во прометот на стоки и услуги, како и побарувањата на надомест за издатоци направени во врска со тие договори, застаруваат за три години.“За колку време застаруваат паричните побарување за комунални услуги за фирми и дали воопшто застаруваат ? За физички лица е една година, али ме буни дали истото важи и за правни лица ?
Повторно се враќаме на стариот муабет.Член 363 став 1 од ЗОО: „Меѓусебните побарувања на договорните страни од договорите во прометот на стоки и услуги, како и побарувањата на надомест за издатоци направени во врска со тие договори, застаруваат за три години.“
Кратко и јасно: Рокот за застареност за правни лица (фирми) е 3 години.
Дали може некој да го појасни ставот 2 од овој член, со некој реален пример? Според членот 361 од ЗОО, преку узвршител неможе да се наплати камата на главен долг, ако барањето е поднесено после 3 години од правосилноста на извршната исправа.Член 368 од Законот за облигациони односи гласи вака:
Член 368
(1) Сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука
или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или
пред друг надлежен орган, застаруваат за десет години, па и оние за кои
законот инаку предвидува пократок рок на застареност.
(2) Меѓутоа, сите повремени побарувања што произлегуваат од такви
одлуки или порамнувања и стасуваат во иднина, застаруваат во рокот
предвиден за застареноста на повремените побарувања.
Што значи по донесување на правосилна пресуда, на доверителот му е даден рок од 10 години да поднесе барање пресудата присилно да се изврши
И тој може да бира, дали веднаш ќе поднесе такво барање или последниот ден од овој рок ( 10 години )
Според мене ...Денес ми се јавија од некое си застапништво за наплата ,наводно заостанат долг за фиксен телефон од 2001 година за два месеци, (а бројот е сменет),значи за стариот број .Е сега сметката прво се води на починато лице,второ ниту сум добила некоја тужба,известување ништо. Се јавувам во контакт-центар за наплата ,тие ми велат да контактирам некојси извршител.... ,дали предметот се наоѓа кај него ,и ако е да си ја платам сметката и трошоците за извршителот ,имале кампања без камати да се платела сметката.Дома се проверив и како за беља тие две сметки не можев да ги најдам.
Моето прашање е што понатаму,дали да поднесам тужба за застарена сметка ,зошто 14 години се поминати????