Над 120.000 граѓани во март се соочија со блокада на своите трансакциски сметки, покажуваат податоците на Народна банка на Македонија.
- Известува Дневник
http://dnevnik.mk/?ItemID=806B8E8066A01B419090EEC3CFA21E8B
Има и правен совет од Народниот правобранител
Прв чекор е нотарот. Може да се поднесе жалба во рок од осум дена. Ако има повреди во извршната постапка или се повлечат пари што не подлежат на извршување, може да се достави жалба до претседателот на Основниот суд, а ако граѓанинот е незадоволен од одлуката, и до Апелацискиот суд. Меѓутоа, со оглед дека овде се плаќаат такси, подносителот треба да биде сигурен дека е во право бидејќи трошоците ако изгуби, паѓаат на негов товар.
Новинарот грешка пренесува.
Против Решението на нотарот со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа (на пр. сметка, фактура и сл.), странката има право да поднесе ПРИГОВОР до Нотарот, и после тоа нотарот го препраќа предметот со сите списи до Основниот Суд каде нотарот има седиште, и постапката си продолжува исто како да била поднесена тужба до тој Основен Суд, согласно Законот за парничната постапка. Против донесената одлука, странката има право на ЖАЛБА до Апелационен Суд надлежен за Основниот Суд, и одлуката на Апелациониот Суд е конечна/последна. Тука постапката пред Нотар и Основен Суд завршува.
Ако пак, должникот не поднел приговор до нотарот, тогаш решението на нотарот станува правосилно и извршно и доверителот може веднаш да поднесе барање за извршување на решението до надлежен извршител.
Согласно Законот за извршување, против сите дејствија што ги спроведува извршителот во извршната постапка, странките можат да поднесат ПРИГОВОР до Претседателот на Основниот Суд каде седиште има извршителот. Против донесеното Решение на Претседателот на Основниот Суд, незадоволната странка има право на ЖАЛБА до Апелационен Суд надлежен за подрачјето на Основниот Суд каде е поднесен приговорот. И тука постапката по приговори и жалби завршува.
Значи, постапките пред 1. Нотар/Основен Суд и 2. Извршител се две различни постапки!
Ако пак имате платено некои сметки, а за тие сметки доверителот (на пр. Топлификација) поднел предлог за извршување до нотарот, тогаш не ви преостанува ништо друго освен да се поднесе приговор до нотарот, со доказ дека тие сметки се платени па после на суд да докажете дека навистина сте ги платиле сметките.
Значи, правно мора да се заштитите, да поднесите приговор или жалба, ако сметате дека некое право ви е повредено, нарушено, неосновано сте утужени и сл. Не ви брка многу работа тоа да „плачите“ овде на форумов или да чекате некој новинарски натпис во Дневник за да видете дека не сте само вие утужени за платени сметки.
Simple as that! Поздрав.