Извршителите тропаат на врата за сметки стари и по 15 години

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
а што ако е обратен случај ... не ја добиваш услугата, а ти дојде сметка ... веројатно мораш да ја платиш или ... а ако не платиш дали би можеле да те тужат дека не си платил т.е. не си ја исполнил обрвската од договорот без разлика што и ти можеш да ги тужиш дека тие не се придржувале до обврската ...
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704

Ако не ја добиваш услугата, кога ќе ти дојде фактурата потребно е да поднесеш приговор во кој ќе бараш намалување на фактурата (или пак целосно нејзино неплаќање) поради недобивањето на услугата. Во рок од 15 дена треба да добиеш одговор по твојот приговор и ако истиот ти е одбиен можеш да поднесеш приговор до АЕК (доколку и во твојот случај се работи за услуга од телеком), а можеш и да поднесеш тужба за утврдување на невистиност на исправа (фактурата) се разбира доколку можеш да докажеш дека не ти била испорачана услугата која ти е фактурирана.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Ако не ја добиваш услугата, кога ќе ти дојде фактурата потребно е да поднесеш приговор во кој ќе бараш намалување на фактурата (или пак целосно нејзино неплаќање) поради недобивањето на услугата. Во рок од 15 дена треба да добиеш одговор по твојот приговор и ако истиот ти е одбиен можеш да поднесеш приговор до АЕК (доколку и во твојот случај се работи за услуга од телеком), а можеш и да поднесеш тужба за утврдување на невистиност на исправа (фактурата) се разбира доколку можеш да докажеш дека не ти била испорачана услугата која ти е фактурирана.
Може да се докаже
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве повторно се појави напис кој зборува дека се наплатуваат суми 4-5 пати поголеми од долгот
http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1788881714/za-dolg-od-16000-denari-platil-9000-za-izvrsitel-i-kamata
пренесена е изјава од Претседателот на комората на извршители кој рекол:
Претседателот на Комората на извршители, Гордан Станковиќ, вели дека граѓаните се во заблуда, кога се жалат дека треба да им платат огромни трошоци на извршителите.

Во однос на сведочењата на граѓани на кои долгот им бил неколкукратно зголемен во извршната постапка, тој вели дека овој проблем почесто се јавува кај долгови со помали износи, до 500 евра.

- Раширено е мислењето во јавноста дека кај помалите суми на долгови вкупната сума за наплата со трошоците за извршување се зголемува за 100 или 200%. Станува збор за заблуда, затоа што поради неукост во правото се заклучува дека тоа се извршни трошоци – вели Станковиќ.

Според него, сумата што должникот треба да ја врати ја зголемуваат пред сè каматите што се таложат, обично најмалку една година, пред да биде подигната тужба.

На ваков начин, кога за долг од 5.000 денари, за кој пет години се пресметувала камата, ќе се пресметаат и адвокатските трошоци и нотарските трошоци по поднесената тужба и трошоците за материјално работење (кон пошта, катастар, банките, Кибс), вкупната сума за наплата може да се зголеми четири до пет пати.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Mozes da gi tuzis izvrsitelite za pretrpen stres a ako imas sreka da umres od stres kur ke dobijat!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.801
Поени од реакции
15.720
Еве повторно се појави напис кој зборува дека се наплатуваат суми 4-5 пати поголеми од долгот
http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1788881714/za-dolg-od-16000-denari-platil-9000-za-izvrsitel-i-kamata
пренесена е изјава од Претседателот на комората на извршители кој рекол:
Претседателот на Комората на извршители, Гордан Станковиќ, вели дека граѓаните се во заблуда, кога се жалат дека треба да им платат огромни трошоци на извршителите.

Во однос на сведочењата на граѓани на кои долгот им бил неколкукратно зголемен во извршната постапка, тој вели дека овој проблем почесто се јавува кај долгови со помали износи, до 500 евра.

- Раширено е мислењето во јавноста дека кај помалите суми на долгови вкупната сума за наплата со трошоците за извршување се зголемува за 100 или 200%. Станува збор за заблуда, затоа што поради неукост во правото се заклучува дека тоа се извршни трошоци – вели Станковиќ.

Според него, сумата што должникот треба да ја врати ја зголемуваат пред сè каматите што се таложат, обично најмалку една година, пред да биде подигната тужба.

На ваков начин, кога за долг од 5.000 денари, за кој пет години се пресметувала камата, ќе се пресметаат и адвокатските трошоци и нотарските трошоци по поднесената тужба и трошоците за материјално работење (кон пошта, катастар, банките, Кибс), вкупната сума за наплата може да се зголеми четири до пет пати.
Има една друга лоша работа, наводно комуналните фирми не смееле во наредна фактура да ја прикажуваат и каматата поради предходно доцнење, па каматата морала да оди на посебна фактура. А најпарадоксално е дека на пример сметката за радиодифузна такса касни некаде и по 15 дена од крајниот рок, еве денес ми фрлил поштарот во сандаче а рок за плаќање е 15.02.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Oва не го разбирам Кадија те тужи, кадија те суди
http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1861491439/ako-imate-problem-so-nerealni-smetki-resenieto-e-na-nova-adres
Скопјани кои имаат со високите сметки за струја, парно, телефон, интернет и останатите услуги за кои се сомневаат дека им се преплатени или им е повредено правото на потрошувач ќе може да се обратат до новоформираниот Совет за заштита на потрошувачите на Град Скопје, пренесува Вечер.
.......
Сега скопјани само ќе треба да се обратат до Советот за заштита на потрошувачи на Град Скопје кој го сочинуваат претставници од повеќе јавни претпријатија како Водовод и канализација, Комунална хигиена како и од Сојузот на стопански комори, Државниот пазарен инспекторат. Организација на потрошувачи на Македонија, невладини, советници и сите релевантни институции кои се однесуваат на потрошувачот. Советот, на граѓаните ќе им даде можност да достават поплака до нив, а тие понатака ќе ја процесуираат до онаа институција која треба да го реши.

Не можам да ги разберам што сакаат да постигнат со ова
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин

На мене за 253 квадрати дворно место и куќа заедно се ми иде сметка од 3 500 денари. Од кој за ѓубретарина 1 200 денари и останатото дека сум потрошил 50 кубика вода. А на комшијата им иде на 1 000 м2 двор и куќа се 1 300 денари мислам и ѓубретарина и вода. И ова веќе ни е 20 години. :tapp: Џабе жалење...
А дека сме лепенка до мене тие имаат онакво како хидрофор што ја цуца водата за да имаат притисок на вториот кат. Една шахта заеднича, една цевка па се двојат водомерите. Ќе стаам слика деновиве од сметката.
 
Oбиди се да пожалиш на оваа комисија - ништо нема да изгубиш
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Интересен чланак, европскиот суд на правдата го отфрли шпанскиот закон за извршување (ако така правилно разбрав) поради несогласнот со ЕУ законите. Не сум правник а читање на англиски на правните заврзлами сигурно не ми е професија па онака ваше мислење, таа одлука се темели на тоа дека на должниците им се одзема имотот - продава им се блокираат сметки - но тие се уште остануваат должни. Шпанија е во голема економска криза (и ние не сме за фалење) и сличноста на нивната ситуација со овдешната е голема, пример, извршител за долг од банка ќе ти заплени се од дома, тоа се продава по аукции за багателна цена, најчесто многу далеку од реалната, се блокираат и сметките, но должникот си останува пак должен, и се уште му течат камати, нотарски, судски, извршителски... такси и наплати. Има ли некаков основ ова одлука на ЕУ суд за правда и дали еден ден македонскиот закон за извршување ќе претрпи измени во насока на прилагодување со ЕУ нормите за овие дела?

http://www.rte.ie/news/business/2013/0315/376792-european-court-says-spanish-eviction-laws-illegal/
 
Кај нас е многу полошо.
Вкупната вредност на каматата која се наплатува на долгот е неограничена. Каматата може да биде 20 - 30 - и повеќе пати поголема од основниот долг
Ако долгот е утужен во рокот - нема никогаш застарување
За огромен број кривични дела постои застарување - а за долг не постои
Познавам еден дечко кому за долг му е ставена административна забрана на платата од 1/3 од платата. Парите што така му ги наплатуваат се помалку од каматата која расте на долгот. Така да долгот и понатаму расте. Тој цел живот ќе плаќа, а кога ќе умре, ќе плаќа тој што ќе го наследи
Нему му е упропастен животот и му е уништена иднината
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
ОЗАКОНЕТ ГРАБЕЖ НА НАРОДОТ
Владата, парламентот, судот и извршителите паралелно со воспоставувањето финансиска дисциплина изградија монструозен озаконет потсистем на ограбување на сопствените граѓани. Начинот на кој се пљачкосува народот кој не се огрешил од законите, a и еден дел кој направил мали престапи, ги има сите обележја на уцена, лихварство и разбојништво.

Денес во Македонија се блокирани речиси 210.000 трансакциски и жиро-сметки од кои близу 150.000 се на граѓаните, а над 60.000 на компаниите. Скоро нема семејство кое не е засегнато од невидената драконска казнена политика на најсиромашното население во Европа.

Извршителите лани оствариле за себе и за државата приходи од 80 милиони евра, непотврдена бројка објавена во медиумите од која боли глава и која досега не е демантирана

Еве еден конкретен пример како оди легалниот грабеж на наивните граѓани.....
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Интересна колумна напишал Ризаов, очигледно инспириран од предизборието кое е сега во државата.
Колумната морам да ја искоментирам пред се од правничка гледна точка.
Најпрвин, Законот за извршување e донесен во 2005 година, така да не е баш од вчера... но тоа тој не го наведува од само нему познати причини :)
Практично, овој закон профункционира во 2006 година, пред изборите некаде.
Вели дека државата и извршителите лани инкасирале бројка од 80 милиони евра. ОК, нека се и 80 милиони евра...
Но, каде завршиле? Завршиле како извршителска награда и наплатени доверители. Доверител е физичко или правно лице, но НЕ државата. Државата наплаќа преку УЈП. Единствено, судовите преку извршител наплаќаат судски паушал, но тоа е приход на судот, не на буџетот на РМ. Сакам да кажам дека тие пари од паушал не одат во буџетот, туку директно на сметката на судовите кои го досудиле. Владата тие пари не ги има на располагање.
Ризаов, исто така, направил терминолошка грешка кога во колумната кога зборува за 1000 денари судска такса.
Имено, судската такса е приход на буџетот на РМ, и како таков го наплаќа УЈП.
А, според законот за судски такси, 1000 денари неплатена судска такса оди кај УЈП во постапка на присилна наплата, која изготвува решение за присилна наплата во кое ги бара тие 1000 денари, зголемени за 50% согласно Законот за судски такси, значи уште 500 денари, (инаку, согласно законот за судска такса или 50%, или максимално 2000 денари за поголеми суми) и согласно законот за даночна постапка по кој постапува УЈП, на побаруваниот износ УЈП става трошоци од 5% на побаруваната сума, т.е. 75 денари.
Вкупно 1575 денари.
Ако станува збор за решение со кое се блокира сметката, тогаш за манипулативни трошоци, банката зема уште 1000-1500 денари.
А, обично УЈП прво праќа до должник, кој има време да реагира, пред да оди решението во банка.
Најверојатно, авторот мислел за паушалот кој оди преку извршител, и тука би можел да се согласам со него околу направената пресметка. Ако внимателно прочитате, ги меша двата поима низ колумната.
И, да... во 2010 година се изврши драстично намалување на сумите во трошковникот кај извршителите. Тоа нивната комора го направи. Да не се намалеше тогаш, пресметката на Ризаов би била уште пострашна.
И, пак оној муабет за 15 години стари сметки... Да, нема проблем, може да дојде налог за извршување на кој се одговара со приговор за застареност, се оди на суд кој ќе ја утврди застареноста и готово, решен проблем, аман! Тоа сме го зборувале по овој форум. За тоа постојат правници, луѓе, обратете се кај нив!
За крај на оваа рецензија, колумнистот на погрешно место го испраќа прашањето, кај Маневски.
Вистинската адреса е Мери Младеновска, министер за правда во време кога е донесен овој закон.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@Струмикс
Не е проблемот кој министер што направил, од која партија бил, туку да ја согледаме сегашната ситуација.
Извршителите грото пари ги наплатуваат од граѓаните, најчесто за сметки за струја, вода и тн и за банкарски долгови, кредитни картици и слично.
Често се случува да за долг до 1000 денари, извршителите наплатат 20... 30 или повеќе пати поголема сума. Значи за 1000 денари тој наплатува 20 илјади денари
Замисли како се чувствува некој кој за долг од 1000 денари треба да плати 20 илјади

Прекумерна наплата на камата на долговите е спротивна на општо прифатените норми на меѓународното право.

Атинскиот Државник и Правник Солон ( Σόλων ) 638 до 558 п.н.е, меѓудругото се борел и против преголемите долгови. Тој покажал дека преголемите долгови доведуваат до економско и морално уништување на општеството. Солон го укинал должничкото ропство и го растеретила населението од долговите, го „ симнал товарот “ сисехтеја (од σείω = тресем и ἀχθός = товар). Благодарејќи на неговите реформи, подоцна Атина ќе ги доживее брилијантните мигиви на класичниот развој на кои и денес се восхитуваме.

Во Стариот Рим, 451 година п. н. е. беше формирана Комисија составена од Десет Мажи кои дибија задача да напишат закони ( Decemviri legibus scribundis consulari imperi ). И во Leges Duodecim Tabularum постојат одредби колкава може да биде камата на долговите.

Во 18а Закон од VIII Tаблица е предвидена одредба дека камата која се пресметува на долговите е ограничена:

[18a] XII tabulis sanctum, ne quis unciario fenore amplius exerceret . . .

Во времето на Стариот Рим оваа камата најмногу смеела да изнесува 1/8 од долгот или 12,5%

Во 18b Закон од VIII Tаблица е предвидена одредба со која се предвидова судовите крадците да ги осудуваат на двоен износ од украдената сума, а лихварите, односо тие кои пресметуваат поголема камата од дозволената, на четворократен износ.

[18b] Maiores . . . in legibus posiverunt furem dupli condemnari, feneratorem quadrupli...

Фактот што во Leges Duodecim Tabularum се предвидени поголеми казни за лихварите од колку за крадците зборува дека, според мислењето на тогашните правници, лихварството е поголемо општествено зло од крадењето.

Слични одредби има и во Corpus Iuris Civilis и Code Napoleon. Односно, се работи за правна норма прифатена во правото кај цивилизираните народи – камата која доверителот може да ја наплати е ограничена.

Тоа е стварноста,
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
@Смрт за зони и пајак воз. не велам и јас дека проблемот е во некоја партија, туку дека колумнистот напишал обичен политички памфлет, а не некаква анализа или какво и да било корисно писание.
Единствено што погодил е онаа пресметката за 1000 денари.
Исто така, каматите не ги дискутирам, туку извршителските трошоци, кои во примерот се многу над долгуваната иљадарка :) Таков правилник имаат... Треба државата да им се замеша некако и да ги скрати.
Е сега... законите се такви какви што се... работата на правниците е да ги применуваат, без оглед дали станува збор за граѓанско, кривично, или пак управно право.
И пак ќе речам... прашајте правник кога ќе ви дојде нешто дома! Нема што да загубите, може да добиете.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom