Ако фактурата е утужена во рок од 1 година од втасаноста, тогаш прекинува рокот за застареност и не може да се смета дека сметката е застарена, но ако сметката (фактурата) е утужена по протек на 1 година од втасаноста на обврската тогаш треба да се повикаш на застареност.
Точно така
Фактурата кој е утужена во рок практично никогаш не застарува.
За повеќето кривични дела постои застарување, а за фактурите не постои.
Незнам како е ова решено во други земји, но мене ми се чини претерано
Навистина - правото кое не настанало не може ниту да застари - Nondum notae actioni non praescribitur
Општ рок на застареност е пет години тоа е член 360 ЗОО
Член 368 од ЗОО, вели : Дека сите побарувања утврдени со правосилна судска одлука... застаруваат за 10 години
Проблемот е следен:
Доверителот во рок ќе тужи, а тогаш настанува прекин на застарувањето.
Сега судот може се години да го „ влече “ предметот и така можат да се појават побарувања многу постари.
Практично судовите се виновни
Еден мој Познат, за ова напиша претставка до Врховен суд, колку знам не му ни одговорија