Извршителите тропаат на врата за сметки стари и по 15 години

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
Не е точно дека никој не ги поучува граѓаните за нивните права! Си се обратил кај адвокат? Над 90% од адвокатите ќе ти дадат стручен и бесплатен правен совет за вакво прашање
Автоматски споено мислење:


Колега ме изненадувате во врска со роковите за застареност! Конкретно за телевизорот. Рокот кој го спомнувате од 5 години е апсолутниот рок, кој во овој случај не важи! Обврските преземени со некој договор застаруваат за 3 години (само кај стекнување без основ рокот изнесува 5 години).
Исто така ме интересира од каде Ви е тврдењето дека по поднесување на барањето за извршување кај надлежен извтшител, повторно почнува да тече рок од нови 10 години? И нема што доверителот да го "потсетува" извтшителот дека истиот треба да постапи по поднесеното барање за извршување и налогот за извтшување? Баш ме интересира во кој закон доверителот има таква обврска и според кој закон поднесеното барање за извршување (односно практично веќе издадениот налог за извршување) застарува за 10 години?
Две години ти беа потребни за да ни одговориш?
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Нели скоро менуваа нешто во законите за да нема наплата на застарени сметки? Се разбарав по нет, ама гугл не ми дава ништо поново за ова, само за протестите што ги правеа пред некое време
 
G

Gjoksi

Гостин
Нели скоро менуваа нешто во законите за да нема наплата на застарени сметки? Се разбарав по нет, ама гугл не ми дава ништо поново за ова, само за протестите што ги правеа пред некое време
Тоа требаше да биде регулирано со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи, поднесен од пратеникот Самка Ибраимовски, меѓутоа Предлогот заглави во Собраниските комисии и не стигна да се расправа на Собраниска седница. Ќе се чека следниот парламентарен состав, па останува да видиме како ќе гласи конечната верзија.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.140
Поени од реакции
15.885
Тоа требаше да биде регулирано со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи, поднесен од пратеникот Самка Ибраимовски, меѓутоа Предлогот заглави во Собраниските комисии и не стигна да се расправа на Собраниска седница. Ќе се чека следниот парламентарен состав, па останува да видиме како ќе гласи конечната верзија.
Леле.
Предлогов да ти бил од човек кој и сам не знае колку извршители му висат на глава.
Му чуе на Самка за народот, глеа сам да си ја спаси кожата.
 
Член од
31 декември 2009
Мислења
569
Поени од реакции
142
Zdravo Dali jas ako sum daden na izvrsitel I nemam nisto na moe ime moze da zeme imot ili pari od smetka na soprugata?
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Zdravo Dali jas ako sum daden na izvrsitel I nemam nisto na moe ime moze da zeme imot ili pari od smetka na soprugata?
Сопружникот ги наследува долговите на својот сопружник, дури и оние направени пред брак - ова е дел од законот, ама како може да ѝ наплатат на твојата сопруга, тоа веќе не знам.
 
Член од
28 мај 2022
Мислења
67
Поени од реакции
120
Сопружникот ги наследува долговите на својот сопружник, дури и оние направени пред брак - ова е дел од законот, ама како може да ѝ наплатат на твојата сопруга, тоа веќе не знам.
А од чукун дедо, стрина и трет брачед нели ги наследува долговите?!?
Па дури и оние од пред да се роди?!?
Јазк, како е можно таков превид да направиле!!

Море и од турско да се евидентираат и да се наплатат! :LOL:
 
Член од
30 октомври 2022
Мислења
444
Поени од реакции
1.268
Криминалните дела како грабеж на државните пари застаруваат,долговите не.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom