Извоз од Македонија

Член од
31 март 2008
Мислења
2.504
Поени од реакции
1.721
Сакам од Македонија да купам столчиња за седење и да ги извезам во Англија. Може ли едноставно да се купат и да побарам шпедиција за да ги среди документите и да ги однесе до Англија или треба некои плус документи?

Има фирми од Македонија со претставништва во Англија но ако одам преку тие претставништва чини многу поскапо од колку од овде да ги купам, бидејќи таму ги продаваат по англиски цени.

столчињата ми требаат за во мој приватен ресторан.

Ако може некој да ми одговори
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
мислам дека ќе мораш како стандарден увоз да го направиш со тоа што финансиите се како внес на имот во локалот-фирмата во англија... сепак, не сум толку сигурен, ке треба друг да ги потврди информацииве или да ме поправи
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Вака ќе направиш.Фирмата од мкд од која сакаш да купиш столчиња ќе ти направи фактура и пропратна документација за извозна царина.Значи ти со тоа немаш ништо,они ќе си најдат шпедиција и ќе ја исцаринат робата.Ќе организираш превоз до Англија и таму увозно ќе ја исцариниш робата исто со шпедиција која ќе ја најдеш во Англија.Колку чини царината ќе си прашаш таму,нема да е многу (зависи од цената на робата).
Значи твојата фирма у Англија и Македонската една купопродажба,другото си бркаат шпедиции и транспортери.Ако ти треба помош и консултации за мкд/извоз и достава до Англија слободно прашај ме.За Англија ќе мораш сам да си прашаш,едноставна е процедурата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom