Избришана од евиденција на невработени во агенцијата за враборување

Дискусија во форумот 'Право и закони' започната од Leslie Knope, 9 јули 2019.

  1. Leslie Knope

    Leslie Knope

    Член од:
    9 јули 2019
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво, дали некој имал искуство да биде избришан од евиденција на невработени во бирото за враборување? Дури после една година можам повторно да се пријавам. Значи ли тоа дека цела година не можам никаде да се вработам?
     
  2. Mr.47

    Mr.47 Juve Fan

    Член од:
    29 јули 2008
    Мислења:
    8.683
    Допаѓања:
    4.698
    Ова е најверојатно затоа што си била активен барател на работа, и не си отишла да ти удрат печат и заверат во систем, иако тоа требало да го правиш еднаш месечно. Зошто не си го сторила тоа, не си била да ти удрат печат?
    Правилото им е такво, и ако е така направен системот, ќе си седиш дома една година, евентуално да работиш по договор на дело, или слично.
    А дали може нешто да се смени, можеби само преку врски, ако системот(софтверот) дозволи.
     
    Последно уредено: 9 јули 2019
  3. scary

    scary

    Член од:
    11 ноември 2009
    Мислења:
    2.790
    Допаѓања:
    2.598

    toa nema vrska so vrabotuvanjeto
     
    На bijons му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Leslie Knope

    Leslie Knope

    Член од:
    9 јули 2019
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    Бев активен барател на работа и на секои месец дена треба да се оди за пријава а последниов месец заборавив и не отидов... Ми рече човекот таму, да пробам жалба да поднесам со некоја причина поради која не сум можела да отидам, тоа ми останува да пробам:(
    --- Споено дупло мислење, 9 јули 2019 ---
    Па и јас тоа се размислував, сите ме испаничија дека е поврзано. Претпоставувам дека единствено кога ќе има некое работно место соодветно за мене нема да има кој да ме извести, а ако си најдам работа нема да имам проблем да склучам довор нели?
     
  5. Syn

    Syn ^ Фабричка грешка

    Член од:
    23 декември 2007
    Мислења:
    24.616
    Допаѓања:
    23.541
    Не, не значи, вработи се некаде и фирмата ќе те пријави, ова со заводот за вработување е чисто да те имаат во евиденција ко официјално невработен/а и притоа да '' ти помогнат '' во процесот за барање на работа или пак да ти понудат некоја работа што никад нема да се деси, организираат и некои работичници кур се тресе у ладна вода и ти праќаат пораки као демек мора да учествуваш таму или ќе те избришат, значи тотално најнепотребната ствар за тебе у животот, демек имаш некаков бенефит од тоа со понуди за работа или некои курсеви, и всушност тоа го губиш, а не можноста да се вработиш..

    Ништо страшно со други зборови, и никад не се ни пријавувај само ќе губиш време и ќе се замараш да идеш секој месец, а во меѓувреме барај си работа аплицирај на огласи и се надевам ќе имаш успех во тој процес, во моментот кога ќе најдеш, местото каде што се вработуваш ги средува сите потребни работи за да тебе и официјално ти започне работниот стаж, или истиот да продолжи во случај да ти бил прекинат.
     
    На bijons му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Leslie Knope

    Leslie Knope

    Член од:
    9 јули 2019
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    И јас така мислев, џабе се нервирав. Фала ти многу (y)
     
  7. HEKOJ

    HEKOJ

    Член од:
    16 јануари 2013
    Мислења:
    1.639
    Допаѓања:
    2.100
    Вие само не се замарајте и ладете си се, кога ќе прикажат на телевизија невработеност од 5% помала од Германија и најдобри економии, Цацко ќе ни биде крив!!!
     
    На bijons му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Шкорпион

    Шкорпион Corvus oculum corvi non eruit?

    Член од:
    16 октомври 2009
    Мислења:
    7.202
    Допаѓања:
    7.363
    Те бришат и ако утнеш 2-3 дена од наведената дата. Не рачунаат празници/неработни денови и се случува да дојдеш после нив и да видиш дека те избришале.

    Како што рекоа другите, се прават дека се некаков фактор во државава, затоа вака "строго" си ги применуваат правилата нивни, а во суштина реално ретко кој нашол некаков бенефит од нив. Можеби маргинализирани/социјални случаи да најдат некое сурово underpaid работно место, за се останато се само замаранција. Без разлика какво и CV да оставиш таму, и да си работел во Банка, понудите се од типот "магационер, возач, столар".

    Не се замарај, и бркај си работа сама. Шансите се на твоја страна дека сама ќе најдеш поубава работа него ли на нив ако чекаш.
     
    На bijons и Leslie Knope им се допаѓа ова.
  9. Forca

    Forca

    Член од:
    2 март 2016
    Мислења:
    140
    Допаѓања:
    58
    Штом од АВРМ стават забрана за 1 година, после не ќе може да ја пријави работодавачот се додека не помине рокот од забраната.
    Преостанува да работи само со договор за дело за таа еднa година.
    ФЗОМ веќе не е поврзано со АВРМ па ќе си биде здравствено осигурана таа една година по истиот основ дека е невработена.
     
  10. Syn

    Syn ^ Фабричка грешка

    Член од:
    23 декември 2007
    Мислења:
    24.616
    Допаѓања:
    23.541
    Не е точно, и од мое искуство ти кажувам, и од искуство на други.
     
  11. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    77.142
    Допаѓања:
    161.103
    Грешка си, пред неполн месец вработивме колега што никогаш не ни бил пријавен во АВРМ.
     
    На bijons му/ѝ се допаѓа ова.
  12. мкд владе

    мкд владе Гостин

    Член од:
    21 ноември 2009
    Мислења:
    10.684
    Допаѓања:
    6.656
    Pa kako nevraboten sto popametna rabota imas pa da ne mozes da odis i da si se prijavis na zadadeniot datum. Znaci si sloboden geometar koj nema dve banki vo djebot ii normalno ako ne odis racunaat deka si nekade vraboten na crno, rabotis privatno na svoja raka itn itn i zatoa te brisat i i treba da te brisat. Baska tuka se plavite kartoncinja ili so drugi zborovi se lecis na tovar na drzavata a ne pridonesuvas za toa. Sekoj eden vraboten sto si plakja zdravstveno treba da bidi srekjen koga nekoj sto raboti na crno ili zarabotuva privatno go izbrisat od evidencija i go vodat kako vraboten.
     
  13. Вокерка

    Вокерка Модератор

    Член од:
    29 јануари 2006
    Мислења:
    6.226
    Допаѓања:
    4.535
    Ова со одењето во АВРМ секој месец ми е огромна фрустрација. За еден факинг потпис од неспособни што не знаат да ги најдат буквите на тастатура. Се создава огромна гужва и нервоза оти они кулираат цел ден. Ко да не може да се направи некаква апликација со локатор онлајн да се пријавуваме. Ама како инаку ќе земаат плата за Solitare што играат на компјутерите таму.

    Инаку, не мораш да се пријавиш точно на датата, има толеранција од некои 15-тина дена, но како и да е знаат да те избришат од системот. Мој пријател имаше проблем со ова, најде работа во државна институција и не можеа да го пријават оти беше избришан кај нив и не стоеше како активен барател на работа. Си почека една година за да може да се пријави со сите нишани.

    Затоа, ако веќе сте ја избрале опцијата активен пробувајте да одите ко што е предвидено. Инаку, одамна размислувам за тој предлог со апликацијата, но не знам кој е одговорен за тоа и дали преку петиција или некоја друга опција да допрам до нив за да го реализираат.
     
    Последно уредено: 10 јули 2019
    На Шкорпион му/ѝ се допаѓа ова.
  14. мкд владе

    мкд владе Гостин

    Член од:
    21 ноември 2009
    Мислења:
    10.684
    Допаѓања:
    6.656
    Fintata e tamu da odis licno i personalno a ne od doma da si se prijavis. Prethodno i obrazloziv zosto.
     
  15. Шкорпион

    Шкорпион Corvus oculum corvi non eruit?

    Член од:
    16 октомври 2009
    Мислења:
    7.202
    Допаѓања:
    7.363
    Забраната важи дур не најдеш работа, да не можеш таму да се водиш во евиденција како невработен/а, ако најдеш во меѓувреме работа после тоа работодавецот тебе те пријавува.
     

Сподели преку: