Избор на најдобра фотографија со мотиви од Скопје

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.321
Поени од реакции
7.372
http://www.skopje.gov.mk/images/Image/konkurs za fotografii-opsirno za It.pdf

Или срочено како вест објавена од Нетпрес:

Град Скопје за првпат распишува конкурс за избор на професионална и аматерска фотографија и ги поканува професионалците, аматерите и учениците, вљубеници во фотографирањето да конкурираат согласно со утврдените критериуми.

Теми на фотографиите со коишто ќе може конкурираат се следниве:

- Скопје-Градот што се менува
- Старата скопска чаршија и знаменитостите,
- Водите и убавините на Скопје

Наградените фотографии дополнително да бидат доставени во оригинален формат, односно фотографија 30/40 см и во дигитален ТИФФ формат, со висока резолуција.

Изборот на фотографиите ќе го изврши Комисија формирана од Градоначалникот на Град Скопје, според критериумите утврдени во Конкурсот.

Избраните фотографии, ќе бидат наградени и по потреба откупени од Град Скопје.

За секоја од трите теми ќе се доделуваат по три награди, односно:

Првата награда изнесува 18 илјади денари, втората 15 илјади денари и третонаградените фотографии ќе добијат по 7 илјади денари.

Конкурсот почнува денеска, 22.11.2011 година, а завршува на 20.12.2011 година, по што ќе бидат оценети пристигнатите трудови и ќе бидат доделени наградите за најдобрите професионални и аматерски фотографии.
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
1.415
Поени од реакции
962
Ти Тончи ке учествуваш ? јас можеби ке пратам 3-4 фотки ако добијам Nikon D3100 до тогаш:)
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
НОВ!-Конкурс за најдобра фотографија од Скопје

Објавено: 16:59, 22/05/2013 Прегледано: 41 пати.

1
Град Скопје традиционално распиша конкурс за избор на професионална и аматерска фотографија со мотиви од Скопје и ги поканува професионалците, аматерите и учениците, вљубеници во фотографирањето да конкурираат согласно со утврдените критериуми.
Критериумите ги содржат следните точки:
  • Мотивите на фотографиите да се од Скопје;
  • Да се достават минимум 10, а максимум 50 фотографии со различни мотиви од Скопје, по избор на доставувачот на фотографиите;
  • По желба на доставувачот, може да се доставуваат и дневни и ноќни фотографии;
  • Доставените, односно пријавените фотографии да се во дигитален .jpg или друг формат, со висока резолуција
  • Фотографиите не треба да бидат постари од 5 години
  • Град Скопје го задржува правото за свои интерни потреби да ги користи сите пристигнати фотографии
  • Изборот на фотографиите ќе го изврши специјална Комисија формирана од Град Скопје, според критериумите утврдени во Конкурсот.
На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра фотографија, односно:
Првата награда изнесува 50000 денари, втората 40000 денари и третата 30000 денари.
Конкурсот почнува денеска, 22.05.2013 година и ќе трае 15 дена од денот на објавувањето. Пријавите за Конкурсот што нема да бидат доставени во наведениот рок нема да бидат разгледувани.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
70
Поени од реакции
22

Има исправка на конкурсот, и таа гласи дека конкурсот трае 60 дена
 
Kajgana Shop

На врв Bottom