Избор на најдобра песна од поранешна Југославија

Статус
Затворена за нови мислења.

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.399
Нема везе, бев еден од најголемите анти-ЕКВ луѓе на почетоков на изборот, откако слушнав се што треба е друга приказна.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Мене ми претставува исклучително задоволство што во последниве гласања ги нема Чорбашите, Петлиците и Јаболката.
Имам необјаснива одбивност кон овие.
Хаустор секако дека е еден од најдобрите ексЈу бендови, на мојата лична листа дури и пред Азра (ЕКВ се речиси недостижни).

Инаку, Круг не мислам дека е толку лоша песна, колку што е веќе пре.... изџвакана, пуштана како хитче во секакви пригоди, а не е таква песна (Круг, граница, неграница, внатре, надвор, што е внатре, што е надвор, што е ограничено, што не е, ова, она....).
Можеби во изборов фалеа повеќе македонски бендови и песни вредни за споменување, но мислам дека и онака немаат широка публика (Сарацени, Мизар, Падот на Византија....), па немаше да стигнат далеку.
И така.
Ај, чао.

П.С. Новите пропагандни методи ќе ги тестираме и во темата за македонска музика :)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Ќејф ми е што бев дел од проектов и учествував. Си поминав супер. Падна добар хумор, на моменти демек сериозност.:icon_mrgr: Научив некои работи за групите и изведувачите кои не сум ги знаел читајќи ве, колку што бев информиран за моите омилени се надевам допринесов да се запознаете со некои работи кои не сте ги знаеле. За тоа која песна заслужено или незаслужено отпаднала или заслужено или незаслужено прошла понатаму не дискутирам. Секој од нас си носи одлука. Некој дава приоритет на омилена група/изведувач, некој поради спомени поврзани со таа песна. Може има уште сто причини да не ги набројувам сите. Како и да е видовме дека иако не сме ги живееле тие времиња во кои повеќето од овие музичари твореле, сепак сите ќе се согласиме во едно. Музиката која порано се правела била натпревар на текст, композиција, аранжман, за разлика на денешнава бљувотина која е погубна за ушите. Поздрав и слушајте тоа што ви е по ќејф на душичката. Избори имало и ќе има. Некои победиле некои не. Али во друштво со пивце и муабет, срцето и душата секогаш препознаваат што е добро за уво. На нив не им треба листа. :)
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
абе интересно беше ова изборов ако не друго се потсетив на некој песни што не сум ги слушнал подолго време а за резултатите нема да коментирам за вкусови не се дискутира ;)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Тоа е тоа, за мене изборот на најдобра екс-ју песна е веќе завршен, нека победи било кој од двете на ЕКВ, јас апстинирам од гласање.

Имаше несреќни комбинации каде добри песни рано отпаѓаа, реално и јас се сложувам дека Балкан не е најдобрата песна на Азра, ама стварно сакав песна од Азра во финале, реално заслужуваат.

Што се однесува до Шалот од Хаустор, веќе 10-ти пат сигурно на темава кажувам дека тоа е мој фаворит и реално за мене најдобра екс-ју песна, и ептен ми е криво што касно увидов дека ја нема кога веќе беше заклучен списокот на песни.

Се читаме во другата тема, за македонските песни, ќе биде ептен интересни и таму.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.815
Поени од реакции
10.951
Се уклучив во втората половина на изборов за жал. Најголема замерка имам што многу избрзано беше првичното предлагање на песните, го утнав за еден ден и неможев да предлагам, причината сеуште ми остана непозната зошто беше толку избрзано.
Што се однесува на финалето неможам да кажам дека сум задоволен. Круг во финале? Круг е солидна песна но далеку од врвот на оваа музика. Екв vs Екв, overatted до експлозија на м*да, но нејсе ок група е, мада Азра комотно можеа да имаат песна во финалето.
Од друга страна тежок хејт (од "тешки рокери") паѓаше за Чорба, Џорџе и други меинстрим (колку прекурчен збор ми е и ова) групи и музичари, а истиве имаат еден тон добри песни што не се воопшто познати, но како што кажав, рокот за предлагање беше многу краток.
Како и да е затоа е избор, за да има спротивставени вкусови мислења, дискусија, по некој конфликт, хејт и контроверзни победи :D

Генерално ги поддржувам избориве, следува македонскиот избор кој се надевам дека ќе биде нешто поинтересен, од овој аспект ги гледам Архангел како ЕКВ на македонскиот избор, незнам дали песни од Санаториум (кои ги предложив) ќе влезат во изборот, ако влезат таму ќе одат моите гласови додека е бендот во игра.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
Темава беше вистински бум, навистина не очекував дека ќе стигне до крајот. Обично сите мои „слични“ проекти пропаѓале заради немање време или губење интерес. Овде морам да изразам огромна благодарност до Forrest Gump за тоа што даде се од себеси за да стигнеме до тука. За целата негова помош и пожртвуваност му ветувам дека на 12ти октомври ќе биде единствениот гостин на мојата свадба на кој нема да му се налутам ако ја порача да ми ја свират „Милионерче“ (само не гарантирам после тоа дека еден ден, кога ќе дојде неговата свадба нема да му ја порачам „Ме заболе“ :pos:).

Ви благодарам на сите и за поддршката и за секој ваш глас од вкупно 6577те гласови собрани до сега низ преку 8000 коментари во темава. Секој од нив ми значеше премногу, дури и кога гласавте против песната која јас ја сакав и дури и кога ги исфрлавте моите песни од конкуренција. Запознав луѓе со навистина префинет вкус за музика. Им благодарам на сите кои издржаа и гласаа во секој дуел. Им благодарам на gata salvaje, Петар Р., turvior, Bateman, Branchez, Hank Moody, Morgan Freeman, Forrest Gump, Nymphadora, Ptolomej, Lyon Bold Italic и Fiend кои се единствените кои гласаа и во првиот, и во последниот (сега за сега) дуел. Им благодарам и на останатите кои беа цело време со нас и не следеа дури иако не гласаа (понекогаш или секогаш). Му благодарам и на Io Sono Interista за своето присуство тука, па дури и за гласовите „од инает“ :P, и на DaniBMW што скоро секогаш гласаше прв.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.531
Поени од реакции
3.703
Криво ми е што не го фатив изборот на почеток за да предложам неколку песни кои се мои фаворити, а тука воопшто ги немаше.
Тука пред се мислам на Идоли и на нивните Последњи дани, Небеска тема или Кенозоик од албумот Одбрана и последњи дани кој е вистинското ремек-дело на тој период. Неколку пати на темава се пишуваше, леле песнава да е од Англија би била во топ песни на свое време (вклучително и за веројатно победничката, Пар година за нас).
Само би спомнал дека албумов на Идоли добива рецензија во највлијателниот светски музички весник, англиски Ен-Ем-И (колку е влијатеен најдобро говори тоа што едно време листата на магазинов е сметана за официјална британска музичка топ-листа) и е прогласен за трет најдобар албум на светско ниво за таа година од страна на највлијателните музички списанија во 8 западноевропски земји. Следниот албум Идоли го снимаат во Лондон. Од екс-ју мислам дека само уште Електрични Оргазам добива рецензија во Ен-Ем-И. ЕКВ со вакво нешто не може да се пофали. Мислам дека ја видов Русија во изборов, али таа песна е малку потешка за варење.
И за крај иако веројатно нема да гласам во финалето, сепак сметам дека и Пар година за нас и Круг имаат квалитет за да се наречат најдобра песна во изборов.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
Иако се заврши како што се заврши, овие остануваат моите топ 5:

1. Шејн - Хаустор (победникот, според мене :P)

2. Пар година за нас - Екатарина Велика (de facto победникот)

3. Земља - Екатарина Велика (една од прерано исфрлените песни)

4. Она се буди - Шарло Акробата

5. Кад ходаш - Рибља Чорба (и воедно единствената песна од нив што можам да ја сварам)

е сега би ги додал и:

6. Сенке 2 - Октобар 1864

7. Као да је било некад - Екатарина Велика

8. Све ќе то о, мила моја прекрити рузмарин, сњегови и шаш - Бијело Дугме (мислам дека испадна само заради тоа што е изведена од нив.)

9. Сањам - Индекси

10. Не гледај ме тако и не љуби ме више - Бијело Дугме (испадна уште во прв круг!)

11. Даире - Смак
И уште неколку...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.321
Поени од реакции
57.791
Темава беше вистински бум, навистина не очекував дека ќе стигне до крајот. Обично сите мои „слични“ проекти пропаѓале заради немање време или губење интерес. Овде морам да изразам огромна благодарност до Forrest Gump за тоа што даде се од себеси за да стигнеме до тука. За целата негова помош и пожртвуваност му ветувам дека на 12ти октомври ќе биде единствениот гостин на мојата свадба на кој нема да му се налутам ако ја порача да ми ја свират „Милионерче“ (само не гарантирам после тоа дека еден ден, кога ќе дојде неговата свадба нема да му ја порачам „Ме заболе“ :pos:).

Ви благодарам на сите и за поддршката и за секој ваш глас од вкупно 6577те гласови собрани до сега низ преку 8000 коментари во темава. Секој од нив ми значеше премногу, дури и кога гласавте против песната која јас ја сакав и дури и кога ги исфрлавте моите песни од конкуренција. Запознав луѓе со навистина префинет вкус за музика. Им благодарам на сите кои издржаа и гласаа во секој дуел. Им благодарам на gata salvaje, Петар Р., turvior, Bateman, Branchez, Hank Moody, Morgan Freeman, Forrest Gump, Nymphadora, Ptolomej, Lyon Bold Italic и Fiend кои се единствените кои гласаа и во првиот, и во последниот (сега за сега) дуел. Им благодарам и на останатите кои беа цело време со нас и не следеа дури иако не гласаа (понекогаш или секогаш). Му благодарам и на Io Sono Interista за своето присуство тука, па дури и за гласовите „од инает“ :P, и на DaniBMW што скоро секогаш гласаше прв.
Ај не се понашај ко да си добил Оскар? :cautious:
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
И така, во оваа велелетна вечер, пред до последно исполнетиот Птичјо гнездо (влезниците беа по популарна цена) имам чест да ви го најавам дуелот со кој се затвора ова првенство. Големото дерби почнува во овој момент. Круг нула, Пар година нула.

ФИНАЛЕ:

"Par godina za nas - Ekatarina Velika (Samo par godina za nas,1989)"
Vs​
"Krug - Ekatarina Velika (Samo par godina za nas,1989)"
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom