Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Мислам дека слушнав нешто како до 1, 2 Февруари. Ама не сум 100% сигурен.

ДУИ сега одлучуваат дали ќе има 2 круга.
Немој само да се измориме гласајќи по неколку пати на анкетите на форумов:pos2:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Бидејќи ми се затвори претходната тема, овде ќе продолжам за изјавата на Фрчко и неговата “историска“ интерпретација:


Тоа е Република Македонија со географска одредница. Јас сум склон кон почисти решенија, без загради и без црти, значи Северна Македонија или Горна Македонија.
Термините имаат историска референца и не прават проблеми за оние Македонци што себеси се гледаат како микс на етничките стари Македонци, а не како Словени. Тоа им го решава проблемот, не е против нив, бидејќи Горна или Слободна Македонија е терминот за оваа Македонија, употребен од Римјаните за последниот судир со фалангите, во Битола во 1 век пред н.е.

Што збори овој....1 век Битола? :pos2:

За негова информација, Римјаните последниот судир со фалангите го имале кај Пидна против Персеј ( Пидна е лоцирана на Егејското крабрежје) во 168 г. п.н.е.

Официјалната Римска провинција под името МАКЕДОНИЈА и формално е формирана дури после задушувањето на македонското востание водено од Андрискус во 148 г. п.н.е. во ВТОРАТА битка кај Пидна :)

Значи провинцијата Македонија во Римско, ги инкорпорирала териториите на Албанија, Грција.


Како таква се задржала дури до реформите на Диоклецијан во 3 век од н.е. кога Провинцијата Македонија е поделена Македонија Прима ( Јужниот дел ) и Македонија Салутарис (Северниот дел) кои биле вклучени како државни единици во Диоцезата Македонија.

Значи да нема заблуди, Македонија била под ропство на Римјаните од кого била и поделена на државни единици.

Сега не сме под ропство, но самите си го менуваме името.


И како илустрација од мапата која се наоѓа во близина на Колосеумот во РИМ.


Значи повторно манипулирање, сега усовршено со лажни “историски“ аргументи.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Фрле...Експерт (самопрогласен), колумнист(со таблодско-трачерски способности), менувач на имиња, презимиња и идентитети, а и кикбоксер по паркинзи, у слободно време.
Како да не ти е симпатична ваква егзоична, накај шизофрена, природа?

:wub:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
si najdovte vreka za praznenje vo Frckovski
За него стварно нема што да се каже. Све празни трачеви.

Ајде ти разбиј ја нашата негативна тенденција. Просветли не за светлата страна на Фрле.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
si najdovte vreka za praznenje vo Frckovski
Фрчкоски, колку гордо звучи! Алал да му е, со сета почит му симнувам капа тоа е син Македонски, Македонија се гордее со него и со неговите дела. И јас како Македонец се гордем, а и ќе се гордеам и секаде со гордо крената глава ќе кажувам дека тој е еден од малкуте гении што Македонија ги роди, а тој со својата генијалност на нас ни остави аманет како треба да се прават и оставта дела што со кои оваа Македонска земја секогаш ќе се гордее. Со голема почит кон делата му се поклонувам на Макарие Фрчкоски еден од најголемите копаничари- резбари што ги родила Македонија.

Аааа што овде за Љубомир Фрчкоски ли се зборуваше. Ооооооо неееее
исвирена свирка,истрошена уста, иронична фигура без шанси.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
707
За него стварно нема што да се каже. Све празни трачеви.

Ајде ти разбиј ја нашата негативна тенденција. Просветли не за светлата страна на Фрле.
zrtva za da se simne Grujo od vlast 2012 pod itno ? :)
 
G

grande-juve

Гостин
ЧИВИЛУК


Од време на време ја читам вторничката колумна на Љупчо Данаилов, и неможам да се изначудам во што се претвори ова дете од генерација 57-ма. Мојата генерација од Песталоци и Јосип Броз. Момчето што низ деновите на основното и средното образование, кога се формира карактерот, беше преполно со комплекси и фрустрации, сега, по стари години се лечи низ својата колумна. Повремено тоа го прави и преку трифуновата “платформа на давеници“. Но, никогаш не се осудува да ги спротистави своите ставови во живо со своите неистомисленици.
Минатонеделниот негов текст посветен на Д-р Иванов, ме потсети на нештата што овој копиљ од маало ги има доживеано во младоста. Од каде што впрочем и ја влече фрустрацијата.
Во основно, не му дозволувавме да игра фудбал со нас, бидејки немаше појма. Најголемо достигнување му беше кога му дозволувавме да собира топки зад голот, како надградба, оти постојаниот ангажман му беше улогата на статива.
Колешката Мирка Велиновска ме потсети дека во деновите кога постоеше култниот “кош на триаголникот“ кај старата слаткарница Рамче, нејзините другари за време на играњето баскет, Лупчо го користеле како закачалка. Ќе му наределе да ги испружи рацете водоравно, и ќе му ги наределе испотените тренерки.
Во гимназија, кога приоритетите на тинејџерите од спорт се селеа кон другиот пол, Љупчо не беше во можност да дојде на жур, забава, игранка, новогодишна прослава... Едноставно, не можеше да си најде женска за да биде пар. Во тие времиња, на 70-тите години од минатиот век, да се влезе во дискотека, или било која друга забава, требаше да се има женска, за да не се претвори забавата во педер-бал. Тогаш девојчњата беа со лимитирана дозвола за излегување. Немаш женска – нема влез, беше проблем што дечково-колумнист не го реши до завршетокот на матурата.
Се сеќава ли Љупчо на сето ова кога зборува за пегли, хи-фи поправки...? Се сеќава ли дека и него некој (Циле веројатно) го примил на факултет, откако предходно бил, според Александар Димитров, буреконосач?
Се сеќава ли малиот на кого се, и колку многу дужи? На кого дужи, особено во последните две децении? И, дали заради тоа дужење, сега им враќа на странските ментори, давејки не овдека дома со своите немаќедонски и предавнички тези и ставови?

од миленко е текстов
 
Член од
18 февруари 2007
Мислења
18
Поени од реакции
0
Фрчко претстедател ! Крај на муабетот ... Само што нашиот народ тоа не го разбира и како и секогаш по автоматизам ќе се гласа за кандидатот на владеачите што незнае да сврзе 2 збора пред камера ...
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
zrtva za da se simne Grujo od vlast 2012 pod itno ? :)
2012 после ќе викате 2016 ако со оваа политика до 2032 ќе догурате па на крај краева надежта последна умира а да е жив и здрав Грујо за се ви е крив :pos2:
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Фрчко претстедател ! Крај на муабетот ... Само што нашиот народ тоа не го разбира и како и секогаш по автоматизам ќе се гласа за кандидатот на владеачите што незнае да сврзе 2 збора пред камера ...
Прво не се избира претседател за пред камера, туку на Македонија.
Второ народот многу добро разбира па по автоматизам нема да гласа за Фрчко :drk: -та пред камера.
 
G

grande-juve

Гостин
Фрчко претстедател ! Крај на муабетот ... Само што нашиот народ тоа не го разбира и како и секогаш по автоматизам ќе се гласа за кандидатот на владеачите што незнае да сврзе 2 збора пред камера ...
изгледај барем едно видео па кажи кој не знае да сврзе 2 збора. не ми се верува како од 30 секунди што го имаше иванов на вести заклучивте дека човекот не знаел да збори, смешки сте

http://www.mazedonium.org/2009/01/04/antichka-politichka-misla/

http://video.google.com/videoplay?docid=8157215523637864976


http://www.mazedonium.org/2009/01/25/milenko-interview-with-the-next-president-of-the-republic-of-macedonia-prof-gjorgji-ivanov/
 
Член од
18 февруари 2007
Мислења
18
Поени од реакции
0
Фрчко е премногу паметен за да се нафати за кандидатура ако поразот е толку очигледен ...
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Фрчко е премногу паметен за да се нафати за кандидатура ако поразот е толку очигледен ...
Само што тој не е очи-гледен, туку лаком-еден, полтрон беден :pos2:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom