Идол

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Не,темата не е за вашиот идол. Оваа тема ја отварам за да запрашам што подразбирате под идол. Кајганава долго време ја посетувам и на некој теми,некои членови ги читам како кажуваат оваа(oвој) ми е идол,втори кажуваат идол ми е таткото/мајката или некој/а роднина,додека трети кажуваат дека немаат идол и сакаат да бидат свои. Е сега дискусијата сакам да ја доведам до што би требало,или што вие мислите дека треба да биде значењето на зборот "идол". Дали тоа доколку е пејач,вие треба да станете исто популарен пејач,или пак да имате пари колку него,или пак да бидете убави како него/неа. Дали тоа,доколку е татко ви/мајка ви/роднина,сакате да кажете дека прекрасно ве изгледале и знаеле да ја избалансираат работата и вашето растење,одат како што ќе посакате или ви се допаѓа што се строги,а тоа сакам да бидам свој/а никогаш не можам да го сватам,па нека каже некој како мисли дека имањето на идол веднаш стануваш копија на твојот идол трудејќи се да бидеш ко него

Инаку,за мене,идолот,бар јас никогаш не сум го сваќал како некој што треба да го имитирам,да му дишам у врат,да му бидам сенка или слично,туку го сметам за некој на кој му се восхитувам на постигнатиот успех,а бидејќи успеал,тоа го сваќам како некој човек со чии особини можеш да ја постигнеш и својата цел,без разлика колку се слични нашите цели и соништа. Но,некогаш успехот на некои луѓе се должи на нивната суровост и парите во замена за целиот свет. Типичен пример ми е Доналд Трамп(без навреда кон неговите фанови). Не би сакал во никој случај да бидам кон него,па и да ги имам сите пари на светот. Како и да е,еве успут ќе одговорам и на другата тема во која беше потенцирано прашањето "Кој е вашиот идол?". Јас немам идол,бидејќи никој не го исполнил целиот профил за да го живее животот толку средено со таа права линија во која секоја искривена,нагорна линија лесно ја скока. За крај идолот кај мене претставува човекот кој борејќи се храбро за своите права,наоѓајќи секогаш светлина каде целата соба ја обливало темнина,градејќи нова улица секаде каде што ќе наиде на слепа улица стигнувајќи и исполнувајќи ја својата зацртана цел. Тоа е само мое мислење,.... јас очекувам ваши мислења,додека моето го дадов уште на почеток :helou:
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Идол е човек кој служи за пример кај мене, од кој како инспирација за мојот живот ги земам само позитивните страни. Перфектен идол не постои, сите си имаме недостатоци и маани, ама јас имам 3-4 идоли, од кои ги земам добрите страни и комплетирам една личност.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Ideologija na neciva persona na koja tolku se voshituvas sto osekas potreba nekoj od karakteristikite na taa licnost da gi prisvois.. Ili barem da gi svatis i delumno ako ne celosno da gi primenis..
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Јас немам идоли, не се ни обидувам да барам, па да ми се некој пример, да им се восхитувам. Сите сме само луѓе, со доблести и мани...
Затоа...незнам да го дефинирам поимот идол.
 

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
OMFG The Flying Spaghetti Monster!

 

e4e

Член од
20 јули 2007
Мислења
63
Поени од реакции
0
немам идол,немам потреба од него,зошто да имитирам некој?
Го земам од сите тоа што мислам дека е добро
 

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
немам идол,немам потреба од него,зошто да имитирам некој?
Го земам од сите тоа што мислам дека е добро
Епа баш сакав да прашам зошто мислите дека имањето на идол,значи имитирање на истиот? :jaj:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Немам идол во некоја фанатична смисла, ама како репер за некој кој постигнал нешто во животот, можам да кажам, ја гледам мајка ми.(порано идол ми беше Хелен Келер, мотивација,така нешто)
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Мотивација (како што кажа Медеа), пример како би сакале да биде нешто што веќе постигнал човекот кој го нарекувате идол. Без разлика дали се работи за кариера или нешто друго, желба да се стигне до едно такво ниво на кое е личноста. Тоа раѓа амбиција и барање начин да се постигне барем слично на тоа.
Да не остане само на идеализирање и восхитување, туку човек да научи нешто и да го примени тоа.
Што знам, тоа би требало да биде. Немам идол за да кажам тоа и тоа е за мене.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Идолот дава поттик за понатаму. Тој не треба да претставува само слика, изглед на која ќе се воодушевуваме, туку треба да претставува еден вид на визија и представа како сакаме ние да бидеме во иднина. Не се работи за физиономија, тука се мисли на менталниот склоп на личнста.
Конкретно немам идол. Има повеќе личности на кои им се воодушевувам кога ќе видам до кое ниво успеале да стигнат. Не се обидувам да ги имитирам, туку едноставно ми претставуваат предизвик за јас да продолжам понатаму, да бидам успешна во она што сакам да го работам и да бидам исполнета со љубов...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Идолот според мене претставува пример, како насока на некој начин. Човек или личност којашто ти оставила впечаток во тоа што го работи. Идолот претставува мотивација да се трудиш или да работиш напорно, гледајќи го него што постигнал и сметаш дека тој е пример како треба да работиш и ти.
 
Член од
11 февруари 2008
Мислења
173
Поени од реакции
17
Ја на идол гледам како на мотивација, личност на која се восхитувам на тоа што тој го постигнал во живото гледам како на пример. Ама дефинитивно не да бидам негова копија. Имало луѓе на коишто сум им се восхитувал и не секогаш биле славни личности.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom