Иднината на книгата

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Минатата година на саемот за медиуми во Берлин имав можност да дојдам во контакт со тоа што сум повеќе од сигурен дека ќе биде иднината на читањето книги. Имено со развојот на нов вид на екрани кои трошат енергија само при промена на слика се создаде можност за создавање на мала плочеста платформа со екран со големина од А5 формат отприлика. Има копчиња за промена на страна и има меморија за зачувување на повеќе електронски книги, како и со промена на мемориска картичка на внесување на нови електронски книги. Дадениот лесен пренослив уред чини денес околу 300 долари и има повеќе понудувачи иако најдобриот во моментов е сони. „Читачот“ на сони изгледа вака.





Од сликите можете да видите дека читањето од дадениот екран е многу слично како и читањето на текст од хартија, без дополнително зрачење кое го заморува окото. Како и да е овој продукт има можност за само црно бела слика.
Но уште кога првпат наидов на овој продукт веднаш ми беше јасно дека за не толку долг период ќе се развие технолошки можноста да се гледаат и објекти во боја на дадените екрани. Бидејќи со таа нова можност значително би се проширила употребата на овие уреди. Така да не се користат само за читање на обични книги туку и читање на стручна литература со графички прикази, слики во боја и шеми.
И бев во право денес прочитав на страната на Канал 5, дека и навистина веќе не само што е развиена дадената технологија туку и е ставен во употреба на комерцијален продукт:

Пуштена во продажба првата книга со е-хартија во боја
Јапонскиот електронски гигант „Фуџицу“ го пушти во продажба првиот комерцијален модел на книга со електронска хартија, на која се прикажуваат текстови и слики во боја - „Флепија“.
Овој уред со тежина од 385 грама располага со палета од 260.000 бои. „Флепија“ овозможува до 40 часа читање на содржините бидејќи троши енергија единствено при промена на страниците.
јапонските „онлајн“ книжарници имаат во понудата 20.000 книжевни дела. Во „Флепија“, како што објави „Фуџицу“, можат да се стават околу 5.000 дигитални книги благодарејќи на мемориската картичка од четири гигабајти.
Овој апарат може да се користи и за читање е-пошта, но и за работа на разни лични и деловни документи.
„Фуџицу“ засега не нема најавено никакво партнерство со јапонските новински куќи, но повеќе компании веќе го испитуваат новиот уред.
Инаку во празвиените земји употребата на вакви направи за читање почна да зема голем замав иако првично технилогијата се базира на црно бела слика. Со воведувањето на сликата во боја употребата ќе се зголеми уште повеќе. Има повеќе причини за ова.
Прва е практичната. Имено прво се елиминраат сите проблеми на читање на големи и тешки книги при различни позиции на телото. Преносот на многу книги а особено тешки книги се елиминира, што значи се штеди на простор и средства за транспорт. Нема да има потреба од огромни домашни библиотеки. Имено ако ви треба книга нема ни да морате да мрднете од дома за да ја купите, тоа може едноставно преку интернет да се обави и да се пренесе Е-книгата преку мемориска картичка во уредот за читање.
Исто така има и економски причини, имено со оваа направа, еднаш ја купувате и нема потреба повеќе да се даваат големи пари за книги бидејќи електронските книги се далеку поевтини. А Електронските книги се поевтини бидејќи ко прво нема трошоци за хартија, нема трошоци за печатење (особено кога станува збор за книги со слики во боја) и нема трошоци за транспорт.
Исто така има и еколошки аспект. Со користење на електронски книги прво и основно скоро и воопшто да не се троши енергија за производство, печатење и дистрибуција. Со самото елиминирање на производствениот процес освен тоа што се намалува потрошувачката на енергија се намалува и количествата на штетни и отровни материи кои се испуштаат во тие процеси (производство на хартија, прозиводство на мастила, печатење, и транспорт). Исто така многу важно е дека нема да има потреба да се сечат повеќе шуми за производство на хартија.
Јас се надевам дека во наредните неколку години цената на овие уреди ќе се намали. Па да може секој да си приушти еден таков уред за читање, кој ќе го направи читањето, учењето, студирањето полесно, поекономично и знам дека звучи смешно ама и поеколошко.

Р.Ѕ. јас чинам дека местот на темава е најсоодветен во овој подфорум бидејќи сепак се работи за работи за електронски уред кој индиректно е поврзан со компјутерската технологија, но ако модераторите или администраторите чинат дека поради тоа што дефинитивно и многу други области се погодени со дадениот технилошки развој слободно нека ја преместат.

Еве и како се размислува на зголемување на практичноста на принципот на ваквите уреди

 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
Интересна тема, само проблемот е што се многу скапи за наш стандард.Најдов кинеска верзија на Kindle2, која кошта 250$ што во моментов е многу за е-читач(споредено со 350$ колку што кошта Kindle 2, што е премногу).

Едвај чекам да станат подостапни, зошто време е и книгите да влезат во 21век.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Да точно е дека се сеуште прескапи, ко ќе ми текне дека Eee PC од ASUS e 250 до 300 евра навистина не се исплати еден ваков уред за читање со цена од 300 долари. Но еве според сони од кога го маат воведено во продажба нивниот читач до 2008 имаа тпроизведено и продедено 300.000 примероци, што воопшто не е малку со оглед на сеуште не рафинираниот квалитет на примнета на технилогијата и со оглед на тоа дека има уште најмалку 3 големи понудувачи на слични уреди.
Со излегувањето на новиот читач на фуџитцу во боја особено кога ќе излезе во продажба во цел свет а не само во јапонија, цените на овие црно белите веднаш ќе почне да им паѓа.
Еве сега гледам на цебит една фирма каќаа дека ќе нудат таков уред за читање за 180 евра и тоа со 4 пати побрзо менување на страни, а покажаа и верзија со интегриран тачскрин па можеш и по страните да си пишуваш и чкрташ

 
R

RAYTHEON23

Гостин
a baccilus HP imaat vakov prelistuvac...oti mislam deka i oni imaat proizvedeno?????
 

Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.543
Поени од реакции
165
ке стане помасовно кога ке паднат цените, многу е ова за еден читач.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom