Иднината на Фиат Валутите

Член од
19 декември 2017
Мислења
258
Поени од реакции
319
160B Market Cap, 10B Daily Volume 8% pump, што е ова интернет пари немаат никаква вредност, така?
1579025015775.png
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.634
Поени од реакции
4.936
Темава е лошо поставена, во стил крипто иднина, фиат минато, многу е романтичарски поставена, помина таа фаза.
Фиатот ќе си постои како "дигитален", тоа и сега книжните пари и монетите кај ги користиме, ако треба нешто мајстор, чистачка на црно да се плати, значи и сега фиатот си е во дигитална форма а за некој разумен период нема ни да има печатени и ковани пари.
Ова со Либрата само ги забрза плановите на големите држави за воведување на дигитален јуан, евро, долар, со користење на блокчеин технологија.
Строго централизирано, со целосна можност за надгледување каде купуваш, што купуваш, каде се движиш.

Ја би го поставил прашањето за иднината на златото.
Освен тоа што (златото) нешто минимално се користи спомнаа погоре каде, криптото е модерна верзија на златото како store of value.
BTC, како најстара криптовалута, тука го држи приматот.
Поради ограничувањата во бројот на трансакции и fees на трансакциите, наративот за користење како средство за плаќање се отфрла барем додека не се решат некои технички работи и му останува функцијата како store of value.
Може да има 21 милион биткоини и тоа за 100 години отприлика.
Времето едноставно работи за Биткоин(или некое друго крипто евентуално како што ни Myspace сега нигде го нема, но Биткоин сега ја има таа привилегија како најстар држи 70% моментално од маркеткап) а против златото.
Јас никад не би прифатил да ме плаќаат во крипто... Еден месец плата 1000 евра друг 2000евра трет 100евра. Предвидливост и стабилно никаква. Не потпишувам никакви договори во биткоин и слично. Порадо во фјучерси на свински полутки од биткоин.
Чисто забавен факт постојат фјучерси на свински полутки и се со голема капитализација и имаат помал волотилити и подобро се гарантирани од биткоин ;)
 
Член од
19 декември 2017
Мислења
258
Поени од реакции
319
Јас никад не би прифатил да ме плаќаат во крипто... Еден месец плата 1000 евра друг 2000евра трет 100евра. Предвидливост и стабилно никаква. Не потпишувам никакви договори во биткоин и слично. Порадо во фјучерси на свински полутки од биткоин.
Чисто забавен факт постојат фјучерси на свински полутки и се со голема капитализација и имаат помал волотилити и подобро се гарантирани од биткоин ;)
Имаш опција одма да конвертираш во долари ако си исплатен во крипто кој што имаат пег спрема доларот 1:1 се викаат stablecoins.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.634
Поени од реакции
4.936
Имаш опција одма да конвертираш во долари ако си исплатен во крипто кој што имаат пег спрема доларот 1:1 се викаат stablecoins.
И денарот има пег со еврото. Плус и немора да мислам дали некој ми гарантира и со што. Електронското банкарство и сега е доволно добро за да ми ги задоволи потребите. Може да има некои компјутерски финти кој ќе бидат искористени од крипто кај фиат валутите. Но чисто техничка работа е тоа.
Не ги гледам крипто ни како инвестиција ни како средство за сметководство ни а како чувар на вредност нема ништо на планетава што е сигурно 100%
Автоматски споено мислење:

Поента ми беше дека неможе да се користат криптовалутите како основа за договори ако не сакаш да шпекулираш на пазарот со голем ризик.
 
Нема да навлагам во тоа кои се разликите меѓу крипто и фиат наведов доволно. А за тоа како основа за договор не би рекол дека не постои. Последниве години има неколку берзи кои што нудат различни финансиски инструменти фклучувајќи и futures и short опција. Пример ако ја и ти се договориме за плаќање во Биткоин секогаш може да ги конвертираш во долар со 1x short на futures.
 
Тогаш што се замараме со биткоин очигледно договорот е де факто и подобро во долари.
Поента ми е дека има биткоин екстремен волатилити. И освен во екстремни случаи неможе да биде како основа на сметководство и идни плаќања.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.918
Јас не ја гледам поентата на криптото версус фиат валутите во моментов.
Безбедност - се помалку банки се ограбуваат и од другите, а ако не ги чуваш дома нема што да ти земат и арамии.
Борба против сива економија - ова може да го собориш само ако сите ја користат, а тоа тешко дека ќе успее некој да го наметне уште неколку децении.
Лесни за користење и достапни преку интернет - имаш еден тон неписмена раја што не може да ги научи обичните пари, не пак да научи да користи крипто. Поарно банирај ги кованите пари и воведи само електронско плаќање со картица или телефон преку NFC отколку да воведуваш екстра валута како криптото.
Можеби со праќање преку интернет да не се наплаќа трансакција, арно ама толку им варира цената така што процентот за провизија што ти го земаат банките во моментов може како ништо да ти отиде во тие неколку минути додека ти да ги конвертираш во долар/евро.
Ете има докази дека и со биткоин се правеле превари со ботови кои ја кревале цената, плус си лимитиран на одредена бројка што може да постојат и се бавни за копање (рачунај светот е 7 милијарди, да имаш една валута како биткоинот за цел свет е скоро невозможно).
Во моментов се далеку постабилни фиат валутите дури и за играње на берза, отколку да си играш со биткоин, јас лично еднаш се фатив на тоа оро и уште еднаш не ни помислувам, кладилница има поголема шанса да фатиш отколку да спечалиш пари со крипто на берза.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Сигурно мислиш на случката со Mt.Gox. Јапонска крипто берза.

Автоматски споено мислење:

Либра би бил стаблекоин, веќе ги има еден куп, има и амерички стаблекоини како на пример USDC.
Нема некоја контроверзија околу Либра, нит нешто што веќе нема.
Можно е. Направив неколку пребарувања изгледа тоа е. (Се некако памтам некој хак на блокчеинот, а ова е берза)

Со либра проблемот е што се работи за централизирана валута така да не е многу поразлична од класичните валути.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE
Член од
17 август 2009
Мислења
3.606
Поени од реакции
5.117
Јас не ја гледам поентата на криптото версус фиат валутите во моментов.
Безбедност - се помалку банки се ограбуваат и од другите, а ако не ги чуваш дома нема што да ти земат и арамии.
Борба против сива економија - ова може да го собориш само ако сите ја користат, а тоа тешко дека ќе успее некој да го наметне уште неколку децении.
Лесни за користење и достапни преку интернет - имаш еден тон неписмена раја што не може да ги научи обичните пари, не пак да научи да користи крипто. Поарно банирај ги кованите пари и воведи само електронско плаќање со картица или телефон преку NFC отколку да воведуваш екстра валута како криптото.
Можеби со праќање преку интернет да не се наплаќа трансакција, арно ама толку им варира цената така што процентот за провизија што ти го земаат банките во моментов може како ништо да ти отиде во тие неколку минути додека ти да ги конвертираш во долар/евро.
Ете има докази дека и со биткоин се правеле превари со ботови кои ја кревале цената, плус си лимитиран на одредена бројка што може да постојат и се бавни за копање (рачунај светот е 7 милијарди, да имаш една валута како биткоинот за цел свет е скоро невозможно).
Во моментов се далеку постабилни фиат валутите дури и за играње на берза, отколку да си играш со биткоин, јас лично еднаш се фатив на тоа оро и уште еднаш не ни помислувам, кладилница има поголема шанса да фатиш отколку да спечалиш пари со крипто на берза.
Дали си уплатил у кладилница, дали си купил Биткоин исто ти се фаќа :)

Туку за ова што викаш без ковани/ печатени, само дигитални да се парите. Натака и иде работата ете имаше за Кина околу 50% користат Алипеј и тоа за чат апликацијата не ми текнува како се викаше. На нив им стига плата и со QR скенирање плаќаат нон стоп, дури ни картичките не се у мода више. Се полесно и полесни иде.
Крипто Јуан уствари сега го прават да им парираат на овие двеве приватни што го имаат 90% од пазарот со мобил-пеј.
И плус дека се базира на блокчејн технологија каде што ниедна дата/податок никогаш нема да биде избришан или променет ќе имаат уште поголема контрола.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.302
Поени од реакции
22.588

WECHAT... jas se plakam preku wechat vo kina, od taksi/didi do smetki vo restorant itn...
 
Член од
19 декември 2017
Мислења
258
Поени од реакции
319
Дали си уплатил у кладилница, дали си купил Биткоин исто ти се фаќа :)
Кладилница е исто со Биткоин ахаам. Дечки вие нешто подалеку од тоа да гледате како некој трча по топки и Роналдо знаете во животот. Памтам ја кога играв кладилница уште со моите живеев.
Автоматски споено мислење:

Тогаш што се замараме со биткоин очигледно договорот е де факто и подобро во долари.
Поента ми е дека има биткоин екстремен волатилити. И освен во екстремни случаи неможе да биде како основа на сметководство и идни плаќања.
Нема Биткоин да го преземе светот преку ноќ. Нормално дека секојдневните економски текови ќе се мерат во USD долго време, со тек на времето како што Биткоин добива поголема адаптација на глобално поле постепено и политиката ќе се менува. Битно е да има Фиат - Биткоин канали за да можат сите да најдат економска корист во негово користење.
 
MSE

Член од
13 мај 2017
Мислења
261
Поени од реакции
332
Ете има докази дека и со биткоин се правеле превари со ботови кои ја кревале цената, плус си лимитиран на одредена бројка што може да постојат и се бавни за копање (рачунај светот е 7 милијарди, да имаш една валута како биткоинот за цел свет е скоро невозможно).
Во моментов се далеку постабилни фиат валутите дури и за играње на берза, отколку да си играш со биткоин, јас лично еднаш се фатив на тоа оро и уште еднаш не ни помислувам, кладилница има поголема шанса да фатиш отколку да спечалиш пари со крипто на берза.
Биткоин има 8 децимали, така да ги има доволно за потенцијално сите 7 милијарди да можат да пазарат со Биткоин.
Меѓутоа тоа бар во моментов не е возможно ни од технички ниту од политички аспект.
- технички: Биткоин е ограничен во моментов со некои 3 трансакции во секунда, за споредба со VISA се прават илјада и нешто трансакции во секунда.
Понатаму fees го прават непогоден за ситни трансакции како кафе, сок, цигари.
Значи Биткоин девелоперите и заедницата прво треба да поработат на овие ограничувачки фактори.

Има други криптовалути кои го решија проблемот со можни трансакции/секунда и со fees ама имаат проблем со сигурноста (може да се направи 51% напад со релативно мала сума на пари, или пак мининг пуловите на момент да пренасочат копањето од Биткоин кон BCH, BSV итн.)

Така да Биткоин, Етер и слично во моментов се модерно злато за миленијалци и генерација Z, а "обично" злато си поштуваат бумерите:)
Ниту корнот нит вистинското злато се погодни за масовна употреба во секојдневие. Кај корнот тоа би можело да се промени во иднина.

-политички аспект: Зад валутите стојат држави како Америка (долар) и Кина (јуан) и цели сојузи (евро).
Дури и кога плаќаме со корн, цените по маркети се во фиат. Трговците моментално го претвораат криптото во фиат. Зошто? Поради волатилноста. Поради истото што и @StefusRefus не сака плата во крипто.

Тргувањето пак е друга работа. Си треба искуство и знаење. Кој не знае и на МСЕ ќе ги изгуби парите а не пак во крипто.

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.634
Поени од реакции
4.936
Кладилница е исто со Биткоин ахаам. Дечки вие нешто подалеку од тоа да гледате како некој трча по топки и Роналдо знаете во животот. Памтам ја кога играв кладилница уште со моите живеев.
Автоматски споено мислење:

Нема Биткоин да го преземе светот преку ноќ. Нормално дека секојдневните економски текови ќе се мерат во USD долго време, со тек на времето како што Биткоин добива поголема адаптација на глобално поле постепено и политиката ќе се менува. Битно е да има Фиат - Биткоин канали за да можат сите да најдат економска корист во негово користење.
Сега мене не ме интересира крипто, нема историја и добри модели за тргување. Така да не го гледам како инвестиција. Не го гледам ни како средство за трансакција бидејќи фиат вршат работа. Не го гледам ни како единица мерка за вредност зошто е многу нестабилно.
Инаку не е ОК нешто што има иднина или во иднина да се користи како средство на размена да расте на вредност. Нема логика. Така да најверојатно уште многу години нема да имам допирна точка со крипто посебно не биткоин и слични.
 
Биткоин е првиот capital asset кој неможе да се конфискуа и цензорира, има дефлациона природа кога ќе ги споиш овие три работи се добива перфектен store of value квалитети. Во кратки црти кога имаме масовно печатење на пари за да се одржат економиите ГДП позитив и да се одржуваат масовните долгови за да не фати каскада на defaults на долг се печатат пари. Нема да користиш Биткоин се додека не дојде кракот на фиат парите кога луѓето ќе изгубат доверба, како што беше во 2008 со печатењето на пари кои даночните обврзници ги платија за да се спасат банките, новата генерација нема да толерира такво срање.
 
Еве како на инвеститор објасни ми како можеш да процениш дали Биткоин е потценет или преценет? Како може да предвидиш како ќе се движи?
Инаку јас водам сметководство во Евра тоа ми е најзначајно како се движи во однос на цената на стоките и услугите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom