Иднината на Фиат Валутите

Член од
19 декември 2017
Мислења
170
Поени од реакции
186
Што мислите дечки, како што влегуваме во дигиталната Ера се повеќе и повеќе светот се врти кон дигиталната форма на пари поради се поголемата финансиска недисциплина и печатење на фиат парите од страна на централизирани структури. Моментално ГДП долговите на големите земји се огромни и ги надминуваат годишните примања од Данок.

“According to a study of 775 fiat currencies by DollarDaze.org, there is no historical precedence for a fiat currency that has succeeded in holding its value. Twenty percent failed through hyperinflation, 21% were destroyed by war, 12% destroyed by independence, 24% were monetarily reformed, and 23% are still in circulation approaching one of the other outcomes.

The average life expectancy for a fiat currency is 27 years, with the shortest life span being one month. Founded in 1694, the British pound Sterling is the oldest fiat currency in existence. At a ripe old age of 317 years it must be considered a highly successful fiat currency. However, success is relative. The British pound was defined as 12 ounces of silver, so it’s worth less than 1/200 or 0.5% of its original value. In other words, the most successful long standing currency in existence has lost 99.5% of its value.”

1578666928719.png
Ова е генерациски грабеж на заштеди од страна на Владите, финансиската и економска не-едукација на масите е тоа што ги држат фиат валутите живи, но интернетот го отвори светот работите се менуваат. Масовното печатење на пари за време на Финансиската криза за спас на Големите Банки ја остави новата генерација (millennials) со голем скептицизам и недоверба бидејќи они ги сносат долгови на масовнотите загуби и недисциплинирано коцкање на банките. Се побара алтернативе се роди Биткоин, Златото повторно добива моментум, дали следната криза ќе биде пресудна за Фиат Валутите.

Националните Долгови на Земјите секоја година се зголемуваат:

NameNational Debt to GDP RatioPopulation
Japan237.54%126,476,461
Venezuela214.45%28,435,940
Sudan177.87%
Greece174.15%10,423,054
Lebanon157.81%6,825,445
Italy133.43%60,461,826
Eritrea127.34%3,546,421
Cape Verde125.29%555,987
Mozambique124.46%31,255,435
Portugal119.46%10,196,709
Barbados117.27%287,375
Singapore109.37%5,850,342
United States106.70%331,002,651

За крај ќе ги оставам капиталните средства во кој луѓето складираат вредност и вашите проекции кој ќе биде изборот во иднина.
Here's some buckets that people store value in:
Gold: $8T
Stocks: $75T
Fiat: $90T
Real Estate: $220T

And now, we can store value online...
Bitcoin: $150B
We are in a post-industrial Internet age. Bitcoin is growing from being a thimble to a bucket.
 
Последно уредено:

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
5.822
Поени од реакции
10.583
Што мислите дечки, како што влегуваме во дигиталната Ера се повеќе и повеќе светот се врти кон дигиталната форма на пари поради се поголемата финансиска недисциплина и печатење на фиат парите од страна на централизирани структури. Моментално ГДП долговите на големите земји се огромни и ги надминуваат годишните примања од Данок.
Мислиме дека Фиат валутите веќе си имаат дигитална форма, и дека нема потреба од некакви измислени нови валути како што се криптовалутите (освен ако не се занимаваш со нелегални бизниси)
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.573
Поени од реакции
3.679
Мислиме дека Фиат валутите веќе си имаат дигитална форма, и дека нема потреба од некакви измислени нови валути како што се криптовалутите (освен ако не се занимаваш со нелегални бизниси)
Секако дека има потреба. Целиот финански систем што го имаме денес е заснован на лаги и измами. Потребна е обнова на таквиот фаличен систем. Сите валути во светот се врзани на доларот, а фиат валутите се баш ранливи, посебно на шпекулации (читај измамата на Сорос во деведесетите со британската фунта) . Криптовалутите се вреднуваат според трудот, т.е. „рударење“ и не се за нелегални бизниси, баш се легитимни валути и со цел да го разбијат тој лажен систем на доверба што го создадоа американците во 20-иот век. На пример во Хонг Конг можеш слободно да плаќаш насекаде со криптовалути. И плус кај криптовалутите не може да дојде до инфлација, секоја криптовалута има свој одреден број на единици кои што било кога ќе постојат. Пример БТК моментално брои 16-17 милиони единици, конечниот број што треба да го достигне е 21 или 22 милиони.

А да, таа дигитална форма што ја имаат фиат валутите се исто како и физичките пари, се вреднуваат на ист начин како и нивните физички форми и тоа не е ништо поразлично од тоа што го имаме денес. Па во денешно време повеќе од 90% од парите во светот се виртуелни, односно во бинарен облик.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
5.822
Поени од реакции
10.583
Секако дека има потреба. Целиот финански систем што го имаме денес е заснован на лаги и измами.
Лани со лаги и измами биле украдени криптовалути во вредност на 300 милиони долари. На брат ми пред некоја година му собраа 8к долари од тековна сметка во банка, се жалеше и ги доби парите назад од страна на банката. Кој ќе ти врати криптовалути ако со измама ти ги земат?

Потребна е обнова на таквиот фаличен систем. Сите валути во светот се врзани на доларот, а фиат валутите се баш ранливи, посебно на шпекулации (читај измамата на Сорос во деведесетите со британската фунта) .
Да, да, секогаш дежурни крвци се Сорос, масоните, рептилите што владеат со оваа наша рамна планета.

Криптовалутите се вреднуваат според трудот, т.е. „рударење“ и не се за нелегални бизниси, баш се легитимни валути и со цел да го разбијат тој лажен систем на доверба што го создадоа американците во 20-иот век. На пример во Хонг Конг можеш слободно да плаќаш насекаде со криптовалути. И плус кај криптовалутите не може да дојде до инфлација, секоја криптовалута има свој одреден број на единици кои што било кога ќе постојат. Пример БТК моментално брои 16-17 милиони единици, конечниот број што треба да го достигне е 21 или 22 милиони.

А да, таа дигитална форма што ја имаат фиат валутите се исто како и физичките пари, се вреднуваат на ист начин како и нивните физички форми и тоа не е ништо поразлично од тоа што го имаме денес. Па во денешно време повеќе од 90% од парите во светот се виртуелни, односно во бинарен облик.
Кажи ми што јас со криптовалути можам да постигам повеќе одколку со моите старомодни виртуелни фиат валути? Освен ако правиме муабет за нелегални дејанија.
 
Член од
19 декември 2017
Мислења
170
Поени од реакции
186
Лани со лаги и измами биле украдени криптовалути во вредност на 300 милиони долари. На брат ми пред некоја година му собраа 8к долари од тековна сметка во банка, се жалеше и ги доби парите назад од страна на банката. Кој ќе ти врати криптовалути ако со измама ти ги земат?
Кога зборам за Крипто мислам за Биткоин и тој бара финансиска одговорност и дисциплина, доколку не си внимателен ќе го изгубиш. Зошто мора денес да има Big Brother да те надгледува и да ти ги поправа грешките како мало дете. Зошто не преземеш целосна одговорност за твојата финансиска иднина. Тоа што од банка му ги вратиле значи дека можат и да му ги конфискуваат кога сакаат, зашто брати законски кога ги чува барите во банка има побарување спрема нив која банката може да не го почитува (банкрот, bank run, конфискација од држава во време на војна итн). Со Биткоин никој нема пристап кон твоите финансии и неможе да те цензорира и конфискува ако не го знае приватниот клуч кој само ти го имаш. Биткоин наметнува финансиска одговорност и независност а не ако згрешам мама ќе ме спаси.

Кажи ми што јас со криптовалути можам да постигам повеќе одколку со моите старомодни виртуелни фиат валути? Освен ако правиме муабет за нелегални дејанија.
Биткоин ти дава можност да префрлиш колкава сума на пари сакаш каде било во светот за 10мин со 0.1долар без посредници и банкарски провизии и без страв дека ќе ти бидат конфискувани и цензорирани. Како плус е тоа што има дефлациона природа и неможе да го испечата со принтер.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
5.822
Поени од реакции
10.583
Кога зборам за Крипто мислам за Биткоин и тој бара финансиска одговорност и дисциплина, доколку не си внимателен ќе го изгубиш. Зошто мора денес да има Big Brother да те надгледува и да ти ги поправа грешките како мало дете. Зошто не преземеш целосна одговорност за твојата финансиска иднина. Тоа што од банка му ги вратиле значи дека можат и да му ги конфискуваат кога сакаат, зашто брати законски кога ги чува барите во банка има побарување спрема нив која банката може да не го почитува (банкрот, bank run, конфискација од држава во време на војна итн).
Каква финансиска дисциплина какви бакрачи, на илјадници луѓе од нивните крипто wallet-и им беа собрани милиони долари заради грешка на самите wallet-i (слаба енкрипција, програмерски багови и слично). Колку од нив добија обесштетување заради грешките на системот?

Со Биткоин никој нема пристап кон твоите финансии и неможе да те цензорира и конфискува ако не го знае приватниот клуч кој само ти го имаш. Биткоин наметнува финансиска одговорност и независност а не ако згрешам мама ќе ме спаси.
Awwww, колку слатко и наивно размислување, ЦИА немале увид во крипто сметките :pos:
Прочепкај нешто за квантни компјутери и колку е лесно со нив да се разбијат енкрипциите на криптовалутите.

Биткоин ти дава можност да префрлиш колкава сума на пари сакаш каде било во светот за 10мин со 0.1долар без посредници и банкарски провизии и без страв дека ќе ти бидат конфискувани и цензорирани.
Ова го можам и со мојата Виза/Мастер картичка.
Обиди се пак.
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.573
Поени од реакции
3.679
1. Лани со лаги и измами биле украдени криптовалути во вредност на 300 милиони долари. На брат ми пред некоја година му собраа 8к долари од тековна сметка во банка, се жалеше и ги доби парите назад од страна на банката. Кој ќе ти врати криптовалути ако со измама ти ги земат?



2. Да, да, секогаш дежурни крвци се Сорос, масоните, рептилите што владеат со оваа наша рамна планета.



3. Кажи ми што јас со криптовалути можам да постигам повеќе одколку со моите старомодни виртуелни фиат валути? Освен ако правиме муабет за нелегални дејанија.
1. Лаги и измами имало и ќе има. Но јас не мислев на такви кражби кога реков „лаги и измами“. Ако си барем лаички запознаен со историјатот на фиат валутите ќе знаеше на што мислам. И кога сме веќе кај измамите, кој ќе им ги вратие парите на луѓето по распадот на Југославија? Каде што наеднаш изчезнаа милиони долари од нивните сметки по банките?

2. Подолу на членот што ја отворил темата велиш дека наивно размислува. Не сметаш дека и ти си наивен што веруваш во се' што власта ќе ти каже? Околу сорос и рептилите погуглај околу тоа што го спомнав со измамата на Сорос и рушењето на британската економија.

3. Тоа што можеш да префрлиш големи суми во секунда и без огромни провизии? Што е нелегално во тоа?
 
Член од
19 декември 2017
Мислења
170
Поени од реакции
186
Каква финансиска дисциплина какви бакрачи, на илјадници луѓе од нивните крипто wallet-и им беа собрани милиони долари заради грешка на самите wallet-i (слаба енкрипција, програмерски багови и слично). Колку од нив добија обесштетување заради грешките на системот?



Awwww, колку слатко и наивно размислување, ЦИА немале увид во крипто сметките :pos:
Прочепкај нешто за квантни компјутери и колку е лесно со нив да се разбијат енкрипциите на криптовалутите.



Ова го можам и со мојата Виза/Мастер картичка.
Обиди се пак.
Тоа што луѓето паѓаат на измани и незнаат како правилно да ги складираат коините не ја негира иновативноста на технологијата, потребно е повеќе време луѓето да се запознаат. Што мислиш facebook i google кога почнале со работа се било совршено, ова е револуционерна технологија нормално е дека има транзициона фаза за запознавање со финансиска независност каде нема Big Brother да ти каже како да живееш. Инаку walletot ти е апстракција каде што ти е приватниот клуч кој што ако безбедно го складираш никој неможе да ти го хакне.

Кој сака нека има увид итн, пак неможат да ти го конфискуваат ако не го знаат клучот во споредба со кеш, злато, депозити, имот, кола се тоа може физички да ти го конфискуваат Биткоин не. Јас во било кое време, место и било која земја со интернет имам пристап до моите финансии.

За да ти пратам ја преку Виза/ Мастер треба да отварам акаунт со сите мои лични податоци (ID, residance) да ги прифатам нивните услови на работење, нивните провизии минимум 5% од сумата и да чекам да ми одобрат итн. Со Биткоин можам кога сакам, колку сакам без никој да ме цензорира и да ми ја знае цела животна историја да ти пратам секој момент.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.175
Поени од реакции
3.749
Каква финансиска дисциплина какви бакрачи, на илјадници луѓе од нивните крипто wallet-и им беа собрани милиони долари заради грешка на самите wallet-i (слаба енкрипција, програмерски багови и слично). Колку од нив добија обесштетување заради грешките на системот?



Awwww, колку слатко и наивно размислување, ЦИА немале увид во крипто сметките :pos:
Прочепкај нешто за квантни компјутери и колку е лесно со нив да се разбијат енкрипциите на криптовалутите.



Ова го можам и со мојата Виза/Мастер картичка.
Обиди се пак.
Имаш малку заблуда за крипто валутите. Една работа е некој да те ограби тебе, а сосем нешто друго е ако некој ограби банка.

Во конкретниов случај пошто е децентрализиран систем не постојат банки ама постои blockchain кој иако е млада технологија е многу тешко да се пробие и со време ќе биде уште потешко.

Е сега пошто системот е децентрализиран одговорноста е поголема, но тоа не значи дека е помалку сигурно.

Доста од заебанциите со Биткоин се случија поради тоа што доста луѓе ги чуваа е-коините во виртуелен паричник поради тоа што многу е полесно да се користат така е сега тука проблемот е што твоите податоци ги даваш на трета особа која ги чува на централен сервер заедно со многу други податоци што е мамка за крадците да пробаат да го пробијат тој систем.

За максимална сигурност можеш да користиш харверски паричник што е невозможно да се хакне освен ако хакерите немаат физички пристап до него.

Во врска со враќање на парите со оглед на тоа дека само неколку влади низ светот ги одобруваат крипто валутите засега единствено решение е некој вид на приватно осигурување.

П.С Ако не се лажам во 2014 беше последниот успешен напад на blockchain-ot.
П.С2 Сеуште не постои general purpose квантен компјутер.
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
6.679
Поени од реакции
10.090
Секако дека има потреба. Целиот финански систем што го имаме денес е заснован на лаги и измами. Потребна е обнова на таквиот фаличен систем. Сите валути во светот се врзани на доларот, а фиат валутите се баш ранливи, посебно на шпекулации (читај измамата на Сорос во деведесетите со британската фунта) . Криптовалутите се вреднуваат според трудот, т.е. „рударење“ и не се за нелегални бизниси, баш се легитимни валути и со цел да го разбијат тој лажен систем на доверба што го создадоа американците во 20-иот век. На пример во Хонг Конг можеш слободно да плаќаш насекаде со криптовалути. И плус кај криптовалутите не може да дојде до инфлација, секоја криптовалута има свој одреден број на единици кои што било кога ќе постојат. Пример БТК моментално брои 16-17 милиони единици, конечниот број што треба да го достигне е 21 или 22 милиони.

А да, таа дигитална форма што ја имаат фиат валутите се исто како и физичките пари, се вреднуваат на ист начин како и нивните физички форми и тоа не е ништо поразлично од тоа што го имаме денес. Па во денешно време повеќе од 90% од парите во светот се виртуелни, односно во бинарен облик.
Валута чија цена зависи само од: копањето и побарувачката на берзата каде инвеститорите со една реклама на интернет можат да се испишманат и да искешираат се што купиле не ми изгледа како решение за промена на фиат валутите.
Јас тргував 2018та со овие и за влакно спасив дупе да не се изгорам, среќа имаше добар раст и кога направив 20% раст од цената која ја купив ги продадов, не бев лаком плус не сум некој експерт за економија и бев задоволен со 20% заработка. Не поминаа 2 седмици откако ги шитнав и се си еба матер, имаше енормен пад, скоро се преполови цената и на биткоинот и на етереумот, а со нив и сите останати ситни валути.
А колку е стабилен еве ти:
https://www.nytimes.com/2018/06/13/technology/bitcoin-price-manipulation.html
(https://www.it.mk/visokata-tsena-na-bitcoin-e-predizvikana-od-manipulatsija/)
Со криптовалутите има простор за поголема манипулација отколку со фиат валутите, не е бекапиран од банки, влади, ниту пак имаш добра контрола на сите берзи и компании кои никнуваат како печурки во овој бизнис.
Ова беше добар проект за тие што имаат многу пари и матни пари да ги исперат и да направат уште неколку милиони набрзина.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
5.822
Поени од реакции
10.583
П.С Ако не се лажам во 2014 беше последниот успешен напад на blockchain-ot.
П.С2 Сеуште не постои general purpose квантен компјутер.
Ќе се навратам на твојот пост малку подоцна, со тебе може реално да се дискутира, за разлика од децава кои се уфилмале дека се Сатоши факин Накамото. Само да те демантирам за овие две точки:

ПС1 2019
Bitcoin.png


ПС2
Applications
The Sycamore quantum computer is fully programmable and can run general-purpose quantum algorithms. Since achieving quantum supremacy results last spring, our team has already been working on near-term applications, including quantum physics simulation and quantum chemistry, as well as new applications in generative machine learning, among other areas.

We also now have the first widely useful quantum algorithm for computer science applications: certifiable quantum randomness. Randomness is an important resource in computer science, and quantum randomness is the gold standard, especially if the numbers can be self-checked (certified) to come from a quantum computer. Testing of this algorithm is ongoing, and in the coming months we plan to implement it in a prototype that can provide certifiable random numbers.
 
Член од
19 декември 2017
Мислења
170
Поени од реакции
186
Ќе се навратам на твојот пост малку подоцна, со тебе може реално да се дискутира, за разлика од децава кои се уфилмале дека се Сатоши факин Накамото. Само да те демантирам за овие две точки:

ПС1 2019
Прегледај го приврзокот 228297
Никој не те тера да ги чуваш на Exchange. Поентата на Блокчаин е да биде Pear to Pear без посредници.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
5.822
Поени од реакции
10.583
Никој не те тера да ги чуваш на Exchange. Поентата на Блокчаин е да биде Pear to Pear без посредници.
Кога правиш трансакција мора да имаш независен монитор кој ќе валидира дека трансакцијата е комитирана, на P2P трансакција како ќе докажеш дека си пратил пари на другата странка ако таа странка ја прифати трансакцијата и сумата, а после сторнира?
 
Член од
19 декември 2017
Мислења
170
Поени од реакции
186
Кога правиш трансакција мора да имаш независен монитор кој ќе валидира дека трансакцијата е комитирана, на P2P трансакција како ќе докажеш дека си пратил пари на другата странка ако таа странка ја прифати трансакцијата и сумата, а после сторнира?
Се користи hardware wallet како Ledger i Trezor cold storage walleti со максимум заштита. Не преку exchange.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
5.822
Поени од реакции
10.583
Се користи hardware wallet како Ledger i Trezor cold storage walleti со максимум заштита.
Ова е за сториџ, не ми одговори што правиме со самата P2P трансакција, кој ќе ја валидира?
Пример ти ми праќаш 1 БТЦ, се одбива до твојот wallet, јас ја примам сумата, ми легнува на сметка и веднаш ја сторнирам. Како ќе докажеш дека веќе си ми пратил 1 БТЦ?
 
На врв Bottom