Како што кажа Пере, има огромна разлика помеѓу федерација и конфедерација, но има и сличности.
Федерацијата е ЗАЕДНИЧКА ДРЖАВА каде што државите се откажуваат од сопствениот суверенитет во полза на суверенитетот на новата држава која настанува со спојување.
Околу внатрешното уредување, постојат повеќе правни системи (републички или како и да се вика единката на пр. и сојузен), и во меѓународното право претставува еден правен субјект.
Конфедерацијата е СОЈУЗ НА ДРЖАВИ. Значи, не се губи суверенитетот во целина, туку само определен дел се префрла на заедницата (одбрана, монетарна политика на пр) а во останатото секој си работи по свое. Секоја држава посебно може да настапува во меѓународното право, но исто и заедничката држава, т.е. конфедерацијата.
Тоа накратко за разликите.
А по темата...Си видовме ќарот од заеднички држави, па затоа јас сум поборник на самосталноста во меѓународните односи, евентуално како член на ЕУ прифаќам.