Идеја за сопствен бизнис

Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.888
ОК прифаќам и признаам ми “избега“ текстот на пр Димитров, но ми звонеше, интересно онака во глава, без детали ... само знам дека беше многу афирмативен со она за поврат на средствата за 7 г (и тоа без повластени цени). Можеби си има и тој некоја математика ...
јас не сум упорен и како реков сигурен, чисто онака напомнав, да се чујат мислења и за ова како инвестиција те како идеја за бизнис... мислев со огромниот и секојдневен пад на опремата, станува интересно.... но МКД и се е можно, ништо не ме чуди!? 20-25К за приклучок? Па (карикирам сега) ко концесии за ТВ или за радио :) ... како и да е гледам информиран си, па фала на инфо, како и на Че и Валволин... убаво е да се чујат мислења, информации... затоа се форумите зарем не!?
Neso si slusnal ama ne si razbral ili doslusal. Povrat od 5-7god imas ako investiras vo domasni uslovi da si ja namalis licnata potrosuvacka to est smetkata za struja. Pa taka denje proizvedeniot visok ke go prodavas vo mrezata, a koga nema sonce si trosis od mrezata. Vlozenoto vo ova ke ti se isplati optimisticki za 5 god, natamu fakticki investicijata e isplatena i strujata ke ti bide gratis. Vo ovaa matematika normalno e vkalkulirana pazarnata cena na strujata sose site davacki, zatoa pobrz povrat. Koga se prai matematika za biznis investicija se racuna proizvodstvenata cena na strujata bez davackite, i zatoa isplatlivosta e mnogu mala i nema matematika bez subvencionirana cena na otkup ( a ako ima jaki subvencii ke go krkaat potrosuvacite na struja so povisoki ceni i smetki i ke go finansiraat 'bogatenjeto' na investitorite vo fv)
 
Последно уредено:
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850

Не, за комерцијални фотоволтаици читав...а ова за домаќинства, па уште помалку ќе се врати за 5-7 год како инвестиција (туку за двојно повеќе год) ... https://www.libertas.mk/biznisot-so-struja-od-sontse-privilegija-za-krupniot-kapital/ ... прво си лимитиран со снагата на микро-фотоволтаикот (до 4kW) ... потоа треба да регистрираш фирма ако сакаш да го продаваш вишокот на дистрибутерот, па лиценца од 500 Евра ...па тнр нет-метеринг - трошоци за дво-смерно броило, кое ќе ја чита струјата која си ја потрошил и струјата која ти е вишок произведена, па си ја предал во мрежата на дистрибутерот ... нешто што многу нормално функционира во цивилизиран свет, веќе над една деценија, дури и онаму каде што има многу помалку Сонце од овде. Имаше еден друг текст во стилот: “Германците и Данците (семејства) заработуваат од покривите или од Сонцето“.... така нешто беше (ама тоа е друга тема).
Сосема спротивен на европскиот е нашиот (новиот) закон за енергетика! И сето тоа направено со намера да се ослободат од конкуренција оние поголемите привилегираните инвеститори во фотоволтаици од 2,3,4мегавати ...
Многу веројатно дека и поради тоа ќе ни плескаат заушки (во Јуни или кога да е)...башка за оние политичките теми.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2013
Мислења
76
Поени од реакции
14
ZDRAVO NA SITE. DALI IMA NEKOJ INFO ZA PROEKTOT SAMOVRABOTUVAJNE SO KREDITIRAJNE T.E DALI IMA NEKOJ ZEMENO MI TREBAAT INFORMACII.
VO BLAGODARAM
 
M

martin64

Гостин
Дечки што мислите за овој начин на заработка.

Купување на некој добар бренд кога има продажба, на пример Supreme. Кога се продава во продавница некој дуксер на Supreme вреди 300$, но кога ќе заврши продажбата на тој модел и го нема во продавници тогаш може да се продаде за 1000$. Ова се исплати со некои производи кои се во тренд
 
Член од
2 март 2016
Мислења
479
Поени од реакции
467

Ова ќе ти успее за во странство, за во Македонија каде 90% од народ е на минимална плата од 12000 ден., и каде едвај врзуваат крај со крај да ти купат блузон за 60 000 ден. е како да работат пола година за да купат едно парче облека, а богаташи кои се бројат на прсти не ти купува од Македонија туку си одат во Милано и таму си купуваат се што им треба, така да според мене нема успех оваа идеја, али пробај може и да не сум во право. :)
 
M

martin64

Гостин
Не ме разбра другар, купувам парче облека кое го има помалце од еден месец во продажба во продавница и потоа го нема во продавница, единствен начин е да се купи од друг човек и јас ако го купам од продавница потоа за неколку месеци му расте цената дека некој ќе сака да го купи и нормално дека на светски интернет продавници ќе ставам да ми купат
 
Член од
2 март 2016
Мислења
479
Поени од реакции
467
Не ме разбра другар, купувам парче облека кое го има помалце од еден месец во продажба во продавница и потоа го нема во продавница, единствен начин е да се купи од друг човек и јас ако го купам од продавница потоа за неколку месеци му расте цената дека некој ќе сака да го купи и нормално дека на светски интернет продавници ќе ставам да ми купат
Штом е вака тогаш би требало да успее, јас помислив за во Македонија збориш. :)
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Ако се разбирате од нешто или имате образование или пасија тоа работете го како бизнис. Знаењето вреди и паметно е како се што вреди да се активира и да носи поврат на инвестиција. Генерално нешто ако може секој да го работи носи низок профит а ако носи нешто повеќе поради што е ново многу лесно конкуренција ќе ве изеде.
Подалеку од трговија, угостителство и земјоделие. Подобро ви е ИТ, здравство, образование, технологија и техника па и финансии и услуги.
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Некој поискусен да ми објасни некои работи:

Купувам продукт на кој цената му е да речеме 1000 денари, на него додавам 30% заработка и го продавам 1300. Ме интересира колку давачки во вид на данок и слично имам кон државата... Како да калкулирам колку ќе бидам во ќар?
 
ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
628
Поени од реакции
618

Доколку си ДДВ обврзник (мора да си доколку имаш 1.000.000 денари за цела година) ќе платиш 18% на разликата ДДВ, односно 300 х 18% односно 54денара. Други даноци како данок на добивка е посложена тема
 
Значи околу 28% данок давам на државата од мојата заработка односно од тир 300 денари? Не од цела сума да речиже 1300 денари?
 
На 1300 ден. ќе сметаш ДДВ, затоа што ти го продаваш за цена по производ 1300 ден., значи 1300 ден. + 18% ДДВ = 1534 ден. ќе ти биде продажна цена, од кои 234 ден. плаќаш на државата, а 1300 ден. се за тебе т.е. 1000 ден. за набавка нa производот, а 300 ден. твојата заработка, а исто после ќе си бараш поврат на ДДВ од тие 1000 ден. што си ги платил за ДДВ, затоа што ДДВ плаќа крајниот купувач.
А од твојата заработка од 300 ден. сметај имаш данок на доход од тоа што ќе си го исплатиш како плата, а исто имаш и данок на добивка, но има и доста намалувања и ослободувања, но ова веќе подетално со сметководител разговарај.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
baram 7 dusi da otvoram Dukan
Магијата на топчето под трите кибритчиња...

Секој ден можеа да се видат на левата страна од Камениот мост како го отвараат „дуќанот“ на измамата. Фирмата им е високо истакната и речиси нема човек кој не ги знае дека тоа што го работат е ништо друго освен измама. Хмм, речиси нема човек. Од памтивек одлично се организирани и ништо не менуваат во тактиката ниту во стратегијата. И зошто би менувале? Измамата им носи солидна заработувачка, затоа што и ден-денес постојат луѓе кои наседнуваат на нивните измамнички финти, а тие од тоа живеат. Кога ќе поминев покрај нивниот „дуќан“, секогаш се прашував како е можно со една стара и добро позната измама да се заработува со децении, можеби и со векови? Како е можно сè уште да се наоѓаат луѓе кои им го посетуваат дуќанот? Но, ете, можно е...

„Дуќанот“ на измамата не може да функционира без најмалку седуммина, ми раскажуваше “газдата“ на еден таков скопски „дуќан“. Двајца чуваат „стража“ и го алармираат центарот на измамата ако од некаде со појави власта, милицијата, пардон, полицијата, еден ги врти кибритчињата со топчето од згужвана алуминиумска фолија и ги повикува минувачите да погодат каде се крие, четворица, меѓу кои секогаш има и еден господин со скапо одело, гланцнати чевли и актовка, небаре е во прашање бизнисмен или адвокат, ја почнуваат играта на старата измама. Играат помеѓу себе, и доволно гласно викаат за да ги чујат потенцијалните жртви помеѓу минувачите. Тие, четворицата, секогаш добиваат, секогаш погодуваат каде е топчето, сè додека и тие не му се с’снат не некој јабанџија кој ете, гледајќи во нив како лесно заработуваат 50 евра ќе прифатат да погодуваат каде е топчето за 100 евра. Жртвата веќе знае каде е топчето под кибритчето, и си вика, полесно здравје, ја прифаќа играта. Кога ќе му го отворат кутивчето, кога ќе види дека таму каде што било топчето го нема, с’скачиве ќе почнат на глас да го обвинуваат „муштеријата“ со гласни констатации дека избрзал и згрешил. „А бе ти реков ли не таму човече, па нели ме виде кога ти покажав во другото кутивче, аман бе господине што направи? Играј му сега на 500 евра, ем ќе си ги повратиш загубените, ем ќе ќариш, а јас ќе бидам тука до тебе и ќе ти помогнам“. И така...

Бели за себе велеше дека од „раѓање“ е со овој занает. Познат им е на сите скопјани. Речиси на сите. Полицијата одлично го познава, но, Бели нема друга професија, или попрецизно, не сака да се занимава со друг занает. Ми носи добра заработувачка, велеше, а казните за тој вид на измама не се високи, па и паричните и кривичните се издржуваат, се поднесуваат. Тие, казните, во овој мој занает му доаѓаат нешто како минимален данок кон државата кој некогаш мора да се плати. Додека сум јас „внатре“, (во затвор), „вработените“ секој ден го отвараат „дуќанот“, мораат, инаку нема да имаат за леб, нема да имаат за живот, а од нешто мора да се живее...

Ако го сретнете Бели на улица, во кафеана, каде било, ако се затекнете со него во муабет, за политика, историја, филозофија, никогаш нема да помислите дека овој наконтен и елоквентен господин е главниот заштитувач на древната традиционална измама, „топчето под трите кибритчиња“. На прашањето, кога се заработувало повеќе, тогаш, во она време, или сега, Бели со тага констатира дека, феноменот на немаштијата и сиромаштијата кај народот е период за најдобрите заработувачки од неговиот „занает“. Тогаш луѓето се подготвени и последните пари да ги вложат во мојот „дуќан“ за побрзо да заработат, за подобро да ја поднесат сиромаштијата, и, уште повеќе заглавуваат. Во богатите средини, луѓето најчесто нè одминуваат, или ќе остават некое евро заради забава, но, никогаш не остануваат до крај, не вложуваат сè. Македонија е во таков период, кога само измамниците можат да заработуваат. За мене, продолжува Бели со муабетот, оваа ситуација ми одговара. Мојот „дуќан“ работи турбо, а има и сиромашни и наивни, дал Горниот. Со таквите успеваат измамите...

Пред три години, само што го отворивме „дуќанот“ на Камени, влегува млад господин од Кавадарци. Дошол во Скопје да купи мотокултиватор. За еден час, ги остави сите пари, повеќе од 3.000 евра. Сè до последната петстотка веруваше дека ќе се поврати и дека ќе ќари. На крај, кога остана без ебана банка во џеб, и почна да цимули, му позајмив 50 евра за да може да касне нешто во градов и да се врати дома. Парите ми ги врати после два месеци, ама и ден-денес ми се јавува на телефон за да ми се заблагодарува што сум му помогнал, за постојано да ме кани на гости кај него, и постојано да ми се колне дека никогаш во животот нема да заборави дека сум му помогнал, дека сум му се нашол во зорт. Што друго, и што повеќе да ти кажам друже Anco. Мамичето му го ебавме, му ги испразнивме џебовите, го остругавме до гола кожа, му дадов трошка од неговите пари, а тој, замисли, и ден-денес ми се заблагодарува, среќен е што ме познава, што ме има. Затоа ти викам, ова е време на измамниците и измамите, од горе до доле. Отидов да работам, друже Anco, од нешто мора да се живее...
( za iformacija Beli pocina minatata godina)
 
Текстов ти е за книга уметничка а не за бизнис.
 
Член од
8 февруари 2013
Мислења
76
Поени од реакции
14
Здраво на сите. Гледам за потрошувачки кредит до 10000 евра во стопанска банка е без жиранти.
Дали би ми одобриле ова со моја плата од 14400? Искуство некој да сподели
 
Kajgana Shop

На врв Bottom