Прво за основање на фирма, ќе ти треба оснивачки влог од мислам беше 5000 евра... тоа може да е паричен или непаричен, пример кола, која автоматски станува сопственост на фирмата...
Зависи колкав простор да земиш... за 3 вработени, може и некое мало просторче од 20 квадрати каде ќе се наместат 3 бироа, некој плакар за регистри и документи, мало кујниче за кафе/чај и ВЦ... ама може и некој поголем простор со 2/3 канцеларии, една директорска, една за вработените... па повеќе инвентар внатре (биро за компјутер, маса за состаноци...). Исто и зависи каков намештај ќе одбереш, дали некој Икеај (Yusk) стил или некој по скап... Компјутери зависи за која намена ти требаат... ако се бавиш со трговија, тогаш ти бркаат работа и некоја слаба конфигурација од околу 250 евра и уште 150 евра за Windows... ако се бавиш со програмирање или нешто видео/аудио без 1500 евра по компјутер не поминуваш... минимум ќе ти треба еден принтер (комплет принтер, скенер, копир, факс), поквалитетните ти се од 9000 мкд нагоре...
Минималната бруто плата тие нешто над 20.000 МКД, значи три минимални плати околу 1000 евра месечно... фирмарина на државата 5000 МКД годишно... за сметководсто ќе даваш 50 до 100 евра месечно... е сега, даночен обврзник може да станиш доброволно (најчесто така советуваат сметководителите) или ако направиш обрт над 3 милиони денари автоматски стануваш ДДВ обврзник... на крај на секоја година плаќаш данок на профит, 10% од вкупниот приход ти зема државата...