Идеја за мала Фирма

Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.275
Поени од реакции
782
Колку е потребно да се вложи за бизнис канцелариски ,со три вработени . кои услуги се најбарени и каква фирма ,немора да има некој голем профит .каква фирма треба ,занчи комплет да има трошоци за плати
деловен простор
данок кон држава
интернет струја и сл трошоци
софтвер оргинален матријали инвентар и такви работи .
некој поискусен Venture Capitalist :)
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468

Зависи каков бизнис имате на ум да отворите, за да ви кажам подетално пишете ми порака, не ми дава опција да ви пишам порака.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
406
Поени од реакции
1.129
Деловен простор ти е релативна работа и зависи од локација и големина, значи ако сакаш на центар локација и голем деловен простор има поголема кирија, или цена ако го купуваш.
Данок кон државата појма немам ама веројатно колку ќе пријавиш приход ти одземаат процент данок, а колку изнесува за фирми не знам точно а мислам дека и има некоја граница со поголем приход се плаќа малку поголем данок значи и ова е релативна работа.
Интернет зависи на кој интернет провајдер си приклучен, струја исто колку ќе потрошиш толку ќе си платиш, мислам дека има поевтина струја за фирми ама само за индустрија.
Инвентар исто релативна работа имаш биро од икеа најевтино а имаш и изгор цени пак релативно.
Значи никој не може да ти пресмета нешто за што и сам не знаеш што е, немаш никаква идеа за бизнис и ја бараш по форум, се надевам дека имаш пари. Би ти препорачал да читаш книги за бизнис и да се едуцираш ако мислиш да отвориш нешто а да не бидат џабе фрлени пари. Можеш да почнеш со Rich dad poor dad - Robert Kiyosaki и Cashflow quadrant исто од Кијосаки, Think and Grow rich - Napoleon hill i The richest man in babylon - George S. Clason. Освен cashflow другите ги има на македонски и можеш да ги најдеш.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.648
Поени од реакции
34.915
Сигурно на форум ќе ти даде некој добра идеја за бизнис ;)

Инаку релативно е, тоа со книгите што ти го препорачуваат може да поднаучиш некоја теорија колку да знаеш како да се организираш, а каков бизнис тука да отвориш само со добра анализа на пазарот.
Од тука ти зависат и цени на софтвери, плати за кадарот што ќе ти работи (ова е најстрашно првата година ако немаш лапнато некој тендер со кој ќе испливаш одма), просторот каде ќе ти биде зависи пак од типот на бизнисот, дали ти треба паркинг или не за клиентите, цената на мебелот и цената на лаптопи/десктопи е мала, мини сервер ако сакаш попрофи да работиш пак не е страшно, интернетот до 25 евра оптика, ако се мобилните од вработените или фиксни линии тоа ти е плус уште 50тина месечно.
Имај на ум дека наплатата во државава е најтешкиот дел, од денот на завршување на работата треба со специјалци да ги бараш да ти платат, секој на секого должи.
Даноци, осигурување на вработени, давачки кон државата, легален рекет тоа со адвокат или сметководител ќе си го средиш.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Мебел основно ќе пројдеш со 600-1000 евра, за почеток! Три компјутери со лиценциран офис и виндовс 3000 евра+1000 за принтери и останати зезанции. Ако користиш специјални софтвери рачунај од 500 до 5000 евриќи по комад, барем во мојата струка е така. Е сега може комбинации два ефтини и еден скап( чекај попусти и листај реселери инаку ќе те одерат). Тоа е ако вршиш услуги без специјална опрема, ако ти треба таа тогаш богнапомош а пожелно е и родителите. Цена на професионална опрема може да ти ги зголеми влезните трошоци за 2-3 пати од она претходното што ти пишав. Исто битно е ви треба ли возило за исполнување на обврските, ако да тогаш сипи уште 5000 евра.
Редовни месечни трошоци ти се: Негде околу 1500-1800 евра за плати, кирија 150-200 евра, струја околу 30 евра, телефон и интернет 20-50 евра, сметководител 50-100 евра, бензин, осигурување и регистрација 120 евра месечно(релативен износ), останатото се ситници.
Данок на добивка не плаќаш првите 2 или три години, сум заборавил. За ДДВ зависи од прометот ќе те известат дотичните кога ќе станеш нивен клиент.
Све у свему: 10 000 до 15 000 евра за старт и 2700 евра месечно.
Тука не ти пресметав трошоци за отварање фирма, за тоа посоветувај се со адвокат еве @Forca ти е на располагање ќе те информира.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.912
Поени од реакции
1.421
Ако немаш фикус, тоа не е фирма.

Бонус поени за:
- плинско за кафе
- факс/принтер (не мора да работи)
- секретарка
 
Член од
18 септември 2013
Мислења
16
Поени од реакции
33
Колку е потребно да се вложи за бизнис канцелариски ,со три вработени . кои услуги се најбарени и каква фирма ,немора да има некој голем профит .каква фирма треба ,занчи комплет да има трошоци за плати
деловен простор
данок кон држава
интернет струја и сл трошоци
софтвер оргинален матријали инвентар и такви работи .
некој поискусен Venture Capitalist :)
Прво за основање на фирма, ќе ти треба оснивачки влог од мислам беше 5000 евра... тоа може да е паричен или непаричен, пример кола, која автоматски станува сопственост на фирмата...

Зависи колкав простор да земиш... за 3 вработени, може и некое мало просторче од 20 квадрати каде ќе се наместат 3 бироа, некој плакар за регистри и документи, мало кујниче за кафе/чај и ВЦ... ама може и некој поголем простор со 2/3 канцеларии, една директорска, една за вработените... па повеќе инвентар внатре (биро за компјутер, маса за состаноци...). Исто и зависи каков намештај ќе одбереш, дали некој Икеај (Yusk) стил или некој по скап... Компјутери зависи за која намена ти требаат... ако се бавиш со трговија, тогаш ти бркаат работа и некоја слаба конфигурација од околу 250 евра и уште 150 евра за Windows... ако се бавиш со програмирање или нешто видео/аудио без 1500 евра по компјутер не поминуваш... минимум ќе ти треба еден принтер (комплет принтер, скенер, копир, факс), поквалитетните ти се од 9000 мкд нагоре...

Минималната бруто плата тие нешто над 20.000 МКД, значи три минимални плати околу 1000 евра месечно... фирмарина на државата 5000 МКД годишно... за сметководсто ќе даваш 50 до 100 евра месечно... е сега, даночен обврзник може да станиш доброволно (најчесто така советуваат сметководителите) или ако направиш обрт над 3 милиони денари автоматски стануваш ДДВ обврзник... на крај на секоја година плаќаш данок на профит, 10% од вкупниот приход ти зема државата...
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.275
Поени од реакции
782
не ми е ништо дефинитивно или сериозно сакам да влезам во капиталистички mindset prvo ,pоcnav da gledam bllomerg go pratam економски портали берза и сл bill gates gledav eden klip ya szartaupi na spski ,уќебниците за економија ги симнав ,знам дека теорија е друго во пракса различно ,или можи на некој курс или предавање да се оди и сл.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Муабетов ми е како да ги читам бизнис обидите на StefAngel (Stef Bachatero) во 2009-2011 :)
Од теретана, преку нејзината продажба за биткоини, па до станување крал на светот. Се гледаме на врвот! :)
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.029
Поени од реакции
711
Муабетов ми е како да ги читам бизнис обидите на StefAngel (Stef Bachatero) во 2009-2011 :)
Од теретана, преку нејзината продажба за биткоини, па до станување крал на светот. Се гледаме на врвот! :)
Каков лик е тој... Цццц... Па уште му одеа некои у тоа импровизираната теретана во шпајз. Па и медицински совети даваше дури... Боже, боже.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Прво за основање на фирма, ќе ти треба оснивачки влог од мислам беше 5000 евра... тоа може да е паричен или непаричен, пример кола, која автоматски станува сопственост на фирмата...

Зависи колкав простор да земиш... за 3 вработени, може и некое мало просторче од 20 квадрати каде ќе се наместат 3 бироа, некој плакар за регистри и документи, мало кујниче за кафе/чај и ВЦ... ама може и некој поголем простор со 2/3 канцеларии, една директорска, една за вработените... па повеќе инвентар внатре (биро за компјутер, маса за состаноци...). Исто и зависи каков намештај ќе одбереш, дали некој Икеај (Yusk) стил или некој по скап... Компјутери зависи за која намена ти требаат... ако се бавиш со трговија, тогаш ти бркаат работа и некоја слаба конфигурација од околу 250 евра и уште 150 евра за Windows... ако се бавиш со програмирање или нешто видео/аудио без 1500 евра по компјутер не поминуваш... минимум ќе ти треба еден принтер (комплет принтер, скенер, копир, факс), поквалитетните ти се од 9000 мкд нагоре...

Минималната бруто плата тие нешто над 20.000 МКД, значи три минимални плати околу 1000 евра месечно... фирмарина на државата 5000 МКД годишно... за сметководсто ќе даваш 50 до 100 евра месечно... е сега, даночен обврзник може да станиш доброволно (најчесто така советуваат сметководителите) или ако направиш обрт над 3 милиони денари автоматски стануваш ДДВ обврзник... на крај на секоја година плаќаш данок на профит, 10% од вкупниот приход ти зема државата...
Горе долу си во право.
Основачкиот влог може да се запише и после 12 месеци од основањето, најчесто е непаричен односно ќе ти проценат некои компјутери, гарнитури и глупости..до 5000 евра..

Бруто скоро 21000 по новиот минималец..
Фирмарина во Скопје е 7000

Даночен обврзник беше со над 1 милион денари, а сега е со над 2 мил.денари. Не е 3мил..

Другото баш како што го пиша :)
@zmija1
 
Kajgana Shop

На врв Bottom