Идеална возраст за брак

Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Порано мислев дека 25 е добра цифра онака.
За некоја недела ќе имам 23, па тие две години многу блиско ми идат.
Сега мислам дека 27 е подобра цифра. :D

Инаку, позрела сум од 90% од тие на мои години, иам врска од година ипол и живеам со дечко ми.
Немаме никакви расправии околу готвење, јадење, сметки и такви заеднички работи. Не јадеме ѓубре храна, под тоа мислам на брза храна, виршли, паштети и такви срања, туку скоро секој ден нешто се готви. Дали јас, дали тој, кој како ќе стигне и што има работа во денот. Мислам, ептен е мизерија да си надвор од дома некоја година и да не знаеш да си направиш јадење ко дома.
Мене ми е поарно вака реално, отколку претходно кога живеевме одделно.
Но, не ни е во план да ставаме потписи во блиска иднина.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
505
Поени од реакции
65
Според мене идеална возраст за брак е од 28 до 30 затоа што пред се сакам да работам да сум самостојна личност да можам да си дозволам пристоен живот затоа што не можам да гледам деца ако немам со што. Не би сакала маж ми да е тој што ќе работи 24/7 сакам да придонесам и јас нешто во заедничкиот живот, сакам моите деца да имаат онолку колку мојте успеале мене да ми приуштат. А не можам тоа да го постигнам со работа од една година треба подолг временски период и плус сите знаеме каква е ситуацијата во нашата држава. Иначе и јас се разбирам од медицина и бременоста се смета за ризична после 35 тата година, а не после 30тата. И ако би се омажила на 22 години што би видела јас во животот, не би можела да прошетам, не би можела да се видам со другарки т.е без грижа каде ми е детето, итака знаеме дека кога веќе ќе створиш семејство дека се нема таа слобода затоа што сепак децата си бараат голема одговорност или ќе ги родат и ги оставаат да се гледаат самите себеси, а верувајте има многу такви случаеви за родители од 20 години кои не знаат дека детето им има температура дека нешто не е во ред со него. Не сакам моите родители да ми плаќаат за свадба, за пелени, не сакам да зависам од нив, сакам се самата да створам па и зошто учам и се трудам толку во животот.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Идеална возраст за брак-нема.Се тоа е индивидуално.некој не созреал ни на 50.Едноставно кога двајцата ке почуствуваат дека им е време и дека ја нашле вистинската личност е ок.Само јас не ги оправдувам оние бракови под некоја нормална граница на пр.21-22 (за жени зборувам).Над тоа ми е таман.Ама не до бескрај.Иако денеска модата е изопачена па баби и дедовци склучуваат бракови.Над 30 години.И после тешко деца, тешко со деца нерви истанчени, ама тоа е.
еве да те поправам.... јас имав 20, сопругата 19 кога се запознавме... 9 месеци покасно (21 со 20) направивме веридба, и 11 месеци покасно свадба и матично со црква секако...

15+ години сме во брак, имаме 2 деца на возраст од 10 и 13 години, а сеуште се чуствуваме мнооогу живи... сега на таа возраст на децата, можеме лесно да ги оставаме дома децата а јас и невестата да шетаме. дури и викенди, само префрли ги кај бабите со се книгите за школо, имаат одговорност стекната за обврските а јас и невестата идеме на шетња.. дали тоа ке биде во охрид, во грција, во хрватска... дали со кола, мотор сеедно.. кај ке ни прдне таму...

за една работа си во право.. а тоа е дека нема дефинириана граница кога е нај добро и кога некој созреал за брак... ако било пишано (така да речеме) ке бидете заедно уште од 20 години, ако не ви било пишано нема никад да стапите во брак...

патем речено, во тој контекст јас па не ги оправдувам оние што после 30 година стапуваат во брак... дали знаете дека во медицинските извештаи за пораѓање на госпоѓите, ако имаат над 28 години стои ставка СТАРА МАЈКА? што мислите зашто?
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Да границите за влегување во брак се поместени нагоре но колку е тоа исправно или неисправно !
Додека е човек помлад не е доволно зрел, не размислува многу и психички не се заморува толку со разно-разни работи од секојдневието, не е до толку маанлија но подоцна со текот на годините овие работи значително се променуваат, се повеќе и повеќе човекот размислува, станува позрел, како економската моќ на поединецот било е маж или жена се зголемува односно го завршува своето образование и се вработува и стигнува до своја пара почнува да си дава поголемо значење на себеси и почнува повеќе да бира и да наоѓа маани кај другите, бидејќи факт е дека парите го прават човекот егоист а не поголем, подобар и похуман човек, токму послабо ситуираните семејства демографски стојат подобро отколку некои поситуирани градски семејства а и границите за влегување во брак кај овие првиве се доста пониски !
Не е поентата да се трча да се влегува во брак уште на 17/18/19/20 години како што било порано но мислам дека ако до кај 30ка не се влезе во брак после тоа е многу тешко бидејќи со одминувањето на годините човек психо-физички се променува, се заморува од турбулентното модерно градско секојдневие, станува по маанлија(премногу сака да бира), станува по егоист, повеќе размислува и се нервира за се и сешто и токму затоа шансите за влегување во брак од година во година не се зголемуваат туку драстично се намалуваат, но како и да е секој со својот живот и секој нека си тера по своите лични идеи, ставови, замислувања и животни сфаќања !
 
Член од
26 март 2018
Мислења
45
Поени од реакции
5
Мене нешто одамна не ми е јасно дали на некого му е јасно дека и да знаеме најпрецизно кои се идеалните години, односно возраст за брак,тоа е нешто што или се случува или не,во даден момент, а ако можеше среќата да се темпира,сите ќе бевме среќни.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Идеална возраст нема. Се стапува во брак кога ќе дојде вистинскиот момент и нема правила некои за тоа. А за во Македонија што тоа е врвот на достигнување во животот и се форсира тоа да се случи што побрзо посебно од женската страна( да се мавнат од дома што побрзо) - е тоа е друга приказна веќе...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.364
Поени од реакции
38.337
идеална воздраст е на жената кога ќе и текне да се мажи
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Мислам дека годините не прават разлика ако не се замараш со мислење од околината. За правење деца препорачливо е до 35, но според мене и со несакана бременост не е причина тоа да се направи брак дури и знае да биде контрапродуктивно.

Лично бракот го сфаќам доста сериозно и ако/кога ќе се женам планирам да биде доживотно инаку која би била поентата?

За мене дефиницијата е доживотно посветување во добро и зло, љубов, почит, разбирање итн, а во исто време верувам дека по оваа дефиниција шансите знаат да бидат доста мали, но мислам дека на долг рок подобро е или да најдеш личност со која навистина се согласуваш отколку да бидеш заробен/а во токсичен или „просечен“ брак.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Кога и двајцата ќе се чувствуваат спремни, ќе бидат самостојни и независни од родителите. Некои порано, некои подоцна, а некои никогаш.
Границата е покачена. Во денешно време повеќето на околу 30 години треба дека имаат завршено факултет, добра работа, заштеда и решено станбено прашање. Ретко кој под тие години се му е средено и знае што сака.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.507
Поени од реакции
5.818
Возраста не е битна, туку е важно да ја имаш најдено вистинската личност. Па после тоа следи бракот.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Кога и двајцата ќе се чувствуваат спремни, ќе бидат самостојни и независни од родителите. Некои порано, некои подоцна, а некои никогаш.
Границата е покачена. Во денешно време повеќето на околу 30 години треба дека имаат завршено факултет, добра работа, заштеда и решено станбено прашање. Ретко кој под тие години се му е средено и знае што сака.
Во Македонија платите се многу ниски во споредба со сите трошкови на живот така да 100% самостојност и независност од родителите на свети-никогаш !
200-300 евра се платите (оние кои работат) а колку чини да се изгради/купи нова куќа, нов стан, да се купи кола... а тек па каде се останатите трошкови за струја, вода, парно, интернет, храна, облека, образование за децата и.т.н. и.т.н.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
И на нашите родители им беа мали платите, па пак беа независни од нивните родители и тоа уште на 18-20 години ги напуштија домовите.
Секој може да направи нешто свое макар и да е една соба, ходник и вц. Ма ни тоа на почеток немале и додека направиле тоа на пет различни места биле под кирија.

Сега ќе биде на свети никогаш кога сите се научени на готово, друг да им плаќа сметки, да им готви, а нивните пари да се само за шетање и уживање.

Ќе живее во една соба, ќе се караат со родителите, ама ќе има скапа тетоважа на рака, нога и кур и златен ланец на вратот. До продавница ќе вози кола од 5000 евра, ќе оди во кафана секој трет ден и за празници во Бугарија, Грција.

Не викам дека нема такви кои живеат мизерно и никогаш нема да бидат независни, ама повеќето можат да си обезбедат, ама друго им е приоритет. ;)

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Јас никаде не спомнав журки, кафани, кафичи, диска, ресторани, хотели, летувања, зимувања, тетоважи, златни ланци и сл. туку спомнав за оние оптимум работи струја, вода, парно, интернет, храна, облека, гориво, образование... платите во МКД се премали во однос на основните животни потреби, не го говорам само тоа јас, еве како прво и самиот завод за статистика во своите повремени објави го тврди истото што и јас !
Во едно на пр. 4 члено семејство за основен достоинствен живот без некои огромни луксузи потребни се не помалку од 1000 евра на месец ... значи треба или еден да работи но да има 1000 евра приходи или пак двајца да работат со по 500 евра приходи !
И да онаа пара што ќе остане плус (доколку остане) непотрошена секако дека треба да се зачува/заштеди тргне на страна или стави во банка !
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ако чекаш да имаш 1000 евра приход за да имаш фамилија...



Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom