Идеален човек?

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Заебанции настрана има само еден тип на идеални (совршени) луге а тој е тип на луѓе со Буда(christ) consciousness - свест .
Се друго уствари и не ни постои или може да се рече дека е илузија.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Би рекол дека нашите идоли се идеални луѓе. Мојот идол е ликот Чарли Харпер (Чарли Шин) ,и за мене тој е идеален човек.
 

Vej

Член од
11 октомври 2010
Мислења
12
Поени од реакции
3
Во дефиницијата за ЧОВЕК, не се среќава епитетот идеален. Ако е идеален-не е човек.
 
P

Princ

Гостин
Не постои идеален човек. Како што кажа и статускво, самите луѓе се контрадикторни.
Прво, не можат да понудат се. Не можам да бидам и добар ебач, и добар пријател, и добар лекар, и добар компјутерџија, и добар земјоделец. Жалам.
Второ, најчесто и самите не знаат што сакаат. Во еден момент сакаат добар ебач, во друг добар пријател, во трет добар лекар, итн... Значи една (или две, еве пример) работа сакаат во еден одреден момент а моментите се минлива категорија.

Балансот е важен. Имање на листа на приоритети. И не заборавај дека во тек на животот тие приоритети ќе бидеш принуден барем уште еднаш да ги прередиш за да бидеш или останеш совршен за некого :)
Пак не за сите, битката со совршеноста е загубена од старт. Ама за некого барем.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Не постои идеален човек. Како што кажа и статускво, самите луѓе се контрадикторни.
Прво, не можат да понудат се. Не можам да бидам и добар ебач, и добар пријател, и добар лекар, и добар компјутерџија, и добар земјоделец. Жалам.
Второ, најчесто и самите не знаат што сакаат. Во еден момент сакаат добар ебач, во друг добар пријател, во трет добар лекар, итн... Значи една (или две, еве пример) работа сакаат во еден одреден момент а моментите се минлива категорија.

Балансот е важен. Имање на листа на приоритети. И не заборавај дека во тек на животот тие приоритети ќе бидеш принуден барем уште еднаш да ги прередиш за да бидеш или останеш совршен за некого :)
Пак не за сите, битката со совршеноста е загубена од старт. Ама за некого барем.
Ееее не е работата да бидеш добар.
Целата поента е да бидеш најдобар.
Егото не се задоволуе со добар.
 
P

Princ

Гостин
Ееее не е работата да бидеш добар.
Целата поента е да бидеш најдобар.
Егото не се задоволуе со добар.
Ако она "целата поента е да бидеш најдобар" ти е некаква мотивација за да бидеш подобар во животот, пеќи. И јас често го практикувам тоа во различни сфери од животот. Пример за бизнис, често си викам може и подобро. И тоа те тера да грабиш напред.
Меѓутоа, ако навистина си убеден дека можеш да бидеш најдобар, немој. Еден ден ќе се погледнеш себеси во огледало на 70 години, и ќе бидеш страшно разочаран од себеси. Јас не сакам мене да ми се случи тоа.
Свесен сум дека не сум најдобар. Се трудам, со она што го правам општо во сите сфери на животот, да бидам најдобар. Тоа е мое мото. Да се потрудам. Дали ќе успеам или не, не знам.
Иако најверојатно нема да успеам. Нели, совршенство не постои.
 
S

smart ass

Гостин
Чесен Човек е идеален,кој не гази над другите за да отиде горе тоа е човек кој се труди да придонесе колку што може за себе и за општото добро на заедницата.

Заедници од нечесни кучиња има примери по светов милиони,е сега негде ги стрелаат(како кучиња) ги бесат(за пример) а негде како на балканов никој ништо не им може али тоа е друга тема(судство правда) да не одам офтопик.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Идеалното е во секој од нас, но кој колку го покажува, на свој начин.
Негативното идеализирање е од лични себични причини.
Позитивното е сосема ненаметливо и делува, но за него е потребен разбуден или прилично разбуден човек.
 
Член од
23 октомври 2010
Мислења
243
Поени од реакции
86
Идеално е индивидуална работа, не постои пишано правило, ниту ќе постои. Како што луѓето го креирале овој збор, така го креираат и неговото значење.
 
Член од
24 јули 2010
Мислења
212
Поени од реакции
12
Идеален човек во реалноста не постои но ако се погледнеш во огледало можеби ќе видиш еден
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Иделноста е индивидуална. За мене тоа, за тебе друго, за трет трето. Колку ќе беше само досаден и монотон животот да бевме сите идеални според само еден критериум. Контрадикторноста го рани општењето меѓу луѓето ... забегав од темата. :)
 
Член од
28 јули 2010
Мислења
179
Поени од реакции
49
Идеален човек...хммм.... Го гледам сосема ретко, се среќаваме случајно по улица...Некогаш ќе ме погледне, некогаш гледа на другата страна. Никогаш не сме се поздравиле. Понекогаш зборувам за него, велам дека има прекрасни очи. Понекогаш му пишувам писма, писма што никогаш нема да ги добие... Понекогаш го сонувам. Идеален е , да. Не се познаваме, не знам ништо за него, затоа нема маани, затоа е идеален. Не сакам да го запознаам. Знам дека ќе ја уништи сликата што си ја имам создадено за него. Идеалот е само илузија.
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
59
Уф, ај ќе филозофирам па што ќе испадне.
Идеален?
Идеја- до перфекционизам. Идеологија- вообичаено празнологија. Како да нема логика за идеален.

Тргнувајќи од Библијата човекот е создаден по ликот Божји- значи тежи кон совршенство.
Иако верувам во човештвото, сепак ова е и за мене дилема.
 
С

Сатори

Гостин
Цел мој живот го поминав во потребата за идеализам, перфекција и совршенство, според моите мерила, зошто идеалноста не е објективна категорија за тоа е најлесно сите да се сложиме, она што мене ме буни и што ми создава нелагодност е кога тоа се отпишува како невозможно.Поставувајќи невозможни критериуми потикната од горе наведениот идеализам, сонот за идеалниот човек, константно ми се руши сликата за луѓе кои до вчера сум ги сакала, сум губела пријатели затоа што не ги исполнувале стандардите и пола живот сум разочарана од себе затоа што не се однесувам во склад со поставените мерила.Изгледа како најнегативната работа на светот, антипод на слободната волја или вистинското живеење со отворени перспективни, но кога би ја немале желбата за достигнување и пронаоѓање на совршенство зошто би живееле?Која е суштината на тоа да постоиш ако притоа не се усовршуваш?
Крајно неразбирливо ми е зошто да не верувам дека идеалниот човек постои, некој кој што ќе биде отелотворување на сите проекции што јас ги имам замислено, дури и да е само дел од големата слика, парче од совршенството е сепак совршенство.Колку и да е извор на фрустрации, толку е и извор на борба, надградба, потрага и издигнување ... сите ние сме зависни од тоа да бараме идеалност (идеален човек) дали во некој друг, дали во себе.Силен погон е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom