Идеален Лаптоп за ПРОГРАМИРАЊЕ

Член од
1 февруари 2021
Мислења
7
Поени од реакции
0
Ја отварам оваа тема овде бидејќи мислам дека е најмногу прилагодна за ова..
Барам specs. за идеален лаптоп за програмирање.. here u go
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.047
Поени од реакции
57.270
Многу зависи што ќе програмираш
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.596
Поени од реакции
18.018
1 TB SSD (ова е малку ако работиш со големи сетови на податоци)
16+ GB меморија минимум
ако работиш со CPU интензивни алгоритми или планираш да тестираш на него high load на реквести да речеме можеш да си земеш и посаглам процесор со 8 јадра (16 треда) барем. ЗА ML и Data Science ова ти се најдобрите опции

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Ова нешто како идеални патики за спорт испаѓа прашањево, а треба ист пар да одговараат за фудбал, уметничко лизгање и искачување планини. :pos: :pos: :pos:

П.С Со оглед на прашањево претпоставувам дека си почетник, а за почетник реално било кој просечен лаптоп би завршил работа.
П.С2 i5 процесор или еквивалентно, 16гб рам, 500гб ссд м.2, графичка од среден ранг. (Ова како генерален одговор инаку да се надоврзам на аналогијава погоре опремата зависи од тоа со кој спорт се занимаваш)
 
Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.218
Поени од реакции
5.124
Најобичен лаптоп, ништо посебно...за учење и за девелопмент. За тестирање или продукција нормално добар сервер.
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.255
Поени од реакции
2.241
Најобичен лаптоп, ништо посебно...за учење и за девелопмент. За тестирање или продукција нормално добар сервер.
Па не би рекол. На најобичен лаптоп еве 8Гб рам и и3 процесор, да пуштиш 3-4 докер контејнери, Хром со 10тина таба, некое ИДЕ по избор и толку од компјутерот.

Според мене, РАМ-от е најбитен. 16Гб мора да има. Гледам доста луѓе гледаат да има графичка, меѓутоа тоа ич не е пресудна ако не развиваш код кој исползува ресурси од графичка карта. Пример за веб девелопмент ако работи некој, графичката картица е небитна и парите од неа би ги инвестирал во рам или цпу попрво.

На крај на денот, многу зависи што ќе се програмира на лаптопот, ама кога веќе го вадиме лебот од лаптоп си бара малку посолидна инвестиција од просечен лаптоп.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Член од
1 април 2020
Мислења
142
Поени од реакции
836
Препорака за почетник Бек-енд? Буџет 1000-1500еур. И нешто од горе не е проблем.

И, едно малку поглупо прашање, дали е попрактично да се почне на Мак кариера? Не сум користела ПЦ до сега на Епл и немам искуство за било каква компарација.
Или од финансиска точка, уреди со Виндоус е подобар избор?
 
Најпрактично е на Линукс, освен ако не си .net девелопер. Али пошто изборот е помеѓу macOS и Windows тогаш првиот од проста причина што е Unix type OS, а во девелопмент имаш за инсталација милион работи кои се поддржани само на unix type системи. Па ако неќеш да се заебаваш со виртуелки и контејнери одбери си линукс дистро по твој избор. И тука воопшто не нввлегувам во тоа дека Windows ќе ти цица значително повеќе ресурси споредено со било кое Linux дистро. А дури и да си почетник имаш тони ресурси на нет за да почнеш да се снаоѓаш со некои основни команди.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Препорака за почетник Бек-енд? Буџет 1000-1500еур. И нешто од горе не е проблем.

И, едно малку поглупо прашање, дали е попрактично да се почне на Мак кариера? Не сум користела ПЦ до сега на Епл и немам искуство за било каква компарација.
Или од финансиска точка, уреди со Виндоус е подобар избор?
За почетник ќе ти брка работа и тој што го ставив на линкот погоре, главна маана на тој му е што едната меморија е залемена на плочата (8гб) и нема да можеш да му правиш апгрејд на 32гб, максимумот е веќе зафатен.
Ако се занимаваш со веб програмирање немаш ни потреба од поскап процесор, разгледај модел со слободен слот за меморија (16гб да се на еден слот) и по можност простор за 2 дискови (еден на m.2, друг на посебен слот).

Ако работиш data science или сл и со големи сетови на податоци, барај си што е можно подобар процесор и повеќе рам (и обавезно слободен слот за втор диск), ако станува збор за пајтон тогаш што е можно подобри перформанси на сингл кор, не секогаш може да се користи multiprocessing и секој послаб процесор ќе те вади од такт (јас користам i7 11800H, 32gb RAM и немам поплаки).
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.144
Поени од реакции
25.570
Со оглед на тоа дека за брзо би ти требало чест апгрејд на се можно, лаптоп за програмирање не е најдобра опција, од финансиски гледен аспект. Десктоп е многу пологичен избор. Особено што програмирање обично е многу полесно кога работиш на 2/3 монитори, па мобилноста секако ја губиш.

Ако мора да е лаптоп и треба да не те нервира во наредни 2 години, спреми 1800+ евра.
 
docking station?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.144
Поени од реакции
25.570
Збориш како опција за лаптоп со монитори? Да, секако. Муабетот ми беше, дека на програмер мобилноста не му е баш пресудна кога работи, му требаат повеќе монитори секако, без разлика дали е на лаптоп или десктоп машина.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom