Игри на среќа - Коцкање - Gambling

Член од
12 септември 2018
Мислења
4
Поени од реакции
3
Здраво луѓе, ме иинтересира дали имате познавање од некои стручни лица кои се занимаваат со проблеми како игри на среќа, и кои се грижат за приватноста на клиентите?
Во Скопје
(Без непотребни коментари како сожалување, исмевање итд..)

Поздрав,
 
Член од
28 јуни 2009
Мислења
274
Поени од реакции
258
Оди на психијатар, не е некое табу да имаш проблем со коцкање депресија или било што друго. Се случува живи луѓе сме.
 
McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.752
Поени од реакции
10.438
Кажи шо мислиш за финалето? Шо да уплатиме?
 
TOT

sorcerer
Член од
2 јануари 2019
Мислења
790
Поени од реакции
1.288
Здраво луѓе, ме иинтересира дали имате познавање од некои стручни лица кои се занимаваат со проблеми како игри на среќа, и кои се грижат за приватноста на клиентите?
Во Скопје
(Без непотребни коментари како сожалување, исмевање итд..)

Поздрав,
Стручно лице, математичар на тема околу околу веројатности.

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Никако одма на психијатар. Прво психолог и психотерапија ако треба психологот ќе те упати за психијатар. Ќе биде тешко и не поминува од еден ден. Минимум сметај 3 месеци да осетиш подобрување. Психотерапијата може да се одвива најмалку 2х месечно а најмногу 4х. Ќе имаш ''задачи '' да работиш на себе но кога си пројавил желба и си свесен дека тоа е проблем можеш да се средиш во зависнот од тоа колку длабоко си навлезен во таа работа. Но се може. Доколку не знаеш каде да се обратиш за психолог пиши ми можам да ти предложам приватно или преку матичен поефтино да закажеш.

Патем, нема психолог што не се грижи за приватноста на клиентите. Работат според кодекс на психолози и можат да ја изгубат лиценцата од комора на психолози доколку издадат информации за клиенти.
 
Би сакал да те прашам дали можеби имаш контакт од некој добар психолог кај кој би можело да се оди преку матичен лекар, бидејќи се работи за подолготраен процес на рехабилитација? И сепак ти благодарам на информациите.

Поздрав
 
Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Би сакал да те прашам дали можеби имаш контакт од некој добар психолог кај кој би можело да се оди преку матичен лекар, бидејќи се работи за подолготраен процес на рехабилитација? И сепак ти благодарам на информациите.

Поздрав
Не можам да ти напишам лична порака.
 
J

joli1

Гостин
Мој совет ти е да прекинеш да излегуваш и да се дружиш со луѓе кои што се коцкаат, избегавај тригери и ствари кои што те потсеќаат на коцкање (гледање стримови кај што се коцкаат, играње демо верзии на EGT и слични слотови или пак рулет), поголема сума на пари со себе не носи кога излегуваш, дури и јас би ти советувал у критичните периоди на апстиненција воопшто и да не излегуваш освен за работа и намирници, истотака дозволи на некој од твоите поблиски да раководи со твоите средства привремено.

Со лесно.
 
Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.422
Поени од реакции
3.126
Во мојот речник обично би звучело вака: Разболениот бара број и помош од друг болен човек/жена за да го праша како да оздрави.Спремај пари за сеанси и иљачи доколку не си ги поебал сите во клубовите на шејтанот..п.с.Ништо лично,само пишав мислење..
 
Ф

Флеш

Гостин
Здраво луѓе, ме иинтересира дали имате познавање од некои стручни лица кои се занимаваат со проблеми како игри на среќа, и кои се грижат за приватноста на клиентите?
Во Скопје
(Без непотребни коментари како сожалување, исмевање итд..)

Поздрав,
имаш бесплатни психолози платени од Лотарија на Македонија ... сериозно ти велам ... јави се таму ..... работам со овој бизнис , имаат служба
Автоматски споено мислење:

На ваше располагање се достапни стручни лица кои можете да ги контактирате на следните адреси и телефонски броеви за помош:

Работно советувалиште Дом на хуманитарни организации Даре Џамбаз, ул. 11 Октомври бр.42, Скопје

  • Д-р. Павлина Васкова – Невропсихијатар;
  • Д-р. Оливера Суботин Поповска – Психијатар;
  • Д-р. Севиме Пашоли – Психијатар;
  • Славица Шекуткоска - Социјален работник;
  • Абдула Тачи - Клинички психолог

Дежурен тел. 072/809-809 секој работен ден од 8:00 до 20:00 часот

Телефон: 02/3 165 542 од понеделник до четврток од 15:00 до 18:00 часот

Вторник, среда и четврток од 14:30 до 16:30 часот во Даре Џамбаз, соба бр.14
 
Kajgana Shop

На врв Bottom