Играчки за деца

Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Во 1900 година Елен Кеи, реформаторка од Шведска, предскажала дека тоа ќе биде век на детето. Целиот 20-ти век е одбележан со интензивни општествени промени, кои оставиле печат на дизајнот на детски производи. Независно дали станува збор за политички промени или војни, развој на различни правци во уметноста …сето тоа има влијание врз светот на децата, и не потсетува дека, што и да правиме и какви било решенија да носиме како возрасни, последиците ги носат само тие после нас.

Њујоршкиот Музеј за современа уметност МоМа, го одбележа бурниот развој на детскиот дизајн во текот на 20-от век со ретроспективна изложба. Оваа е одлична идеја да се вратиме назад во времето и да видиме како се менувала концепцијата за дизајн на производи за деца.

Нов век,Ново дете,Нова уметност 1900-1910

Во почетокот на 20-от век, за многу дизајнери, писатели и реформатори, децата се жив симбол на брзите промени. Дизајнот во овој период е под влиајние на Новиот бран, акцентиран е врз единството на сите форми на уметноста, повотрното раѓање на рачните ракотворби, употребата на органски и апстрактни форми. Водечките дизајнери од многу центри на Европа и Америка, од кои повеќето жени, ја користат оваа можност да го осмислат и создадат материјаниот свет на детето. Се менува и детската педагогија, која воглавно се акцентира врз богатството на природата, креативниот потенцијал кој е вроден во секое дете.


Позната како “Подарок“, играчката создадена во 1890 од Froebel е дел од серијата од 20 објекти, меѓу кои геометриски форми, дрвени коцки…кои имаат за цел да ја олеснат и помогнат детската креативност и иновативност.



Марија Монтесори во тој период го создава својот популарен метод на образование, во кој се користат шарени и дрвени материјали, кои детето има слобода да ги одбере само.

Авангардно детство 1910-1930

Овој период е одбележан со иновативни идеи после Првата Светска Војна, на Италијанските футуристи, на движењето Де стил (De Stijl) во Холандија, Германските експресионисти, учителите од Баухаус, модернистите од новосоздадената Чехословачка…Многу од аваградистите го насочуваат вниманието кон детето и неговото невино битие, преку нај-чистите форми на човечката уметност. Како резултат на тоа, се создаваат многу интересни мебели, играчки, книги и ентериери, кои имаат цел да бидат моќен катализатор на енергијата во младите.



Детски гардеробер, 1918 г. Giacomo Bala. Италијанскиот артист е дел од движењето на футуристите, кои работат на серија експериментален мебел.


Количка за деца, произведна во 1958 г. од Холанѓанецот Gerrit Rietveld.

Воздух, здравје, свежина 1920-1930

Модернизмот и својствениот за него идеализам, наоѓа одраз во дизајнот за деца меѓу двете светски војни, загрижен за здравјето и безбедноста на децата. Посветен на идеата за трансофрмација-преобразба на општеството. Се смета дека, утопичното идно друштво ќе ја поседува истата едноставност, отвореност и љубопитност, која ја имаат децата. Дизајнерите акцентот го ставаат врз хигиената и здравјето на идните поколенија и создаваат, нови модерни алишта, детски соби, мебел …кои се прости, чисти, лесни и функционални. Се нагласува физичката активност, а децата се насочуваат да бидат дел од спортски активности, гимнастика, танц. Во овој период се појавуваат многу интерактивни книги и игри за конструкција, кои ги водат децата на фантастични патувања во светот на идеите.


Тротинет Skippy-Racer, 1933 г., John Rideout и Harold Van Doren. Ја отсликува личната слобода и мобилноста. Играчката била голема желба за повеќето деца во тоа време, кои тонеле во беда во годините после Големата Депресија и показател за нееднаквоста во модерното друштво.

Децата и Политиката 1920-1940

За жал, децата не биле поштедени од политичките грешки на векот. Симбол на домашната топлина, идентичност и подобра иднина, децата се основен мотив во политичката пропаганда од 1920 г. и за време на Втората светска војна. Во тој период многу политички партии, ангажирале артисти да служат со идејата на младинските организации, создавајќи униформи и играчки. Се создаваат детски клубови во Советскиот сојуз и детски колонии во начистичка Италија.



Graf Zeppelin, 1930 г.


SAKAMPF игра за деца, 1933 г. Играта има цел да ги запознае малите момчиња со нацистичката идеологија.

Обновување,Регенерација 1940-1960

Животот после Втората Светска Војна е погубен за многу гладни, бездомни и сиромави деца, главно во Европа и Јапонија. Главен предизвик е повоената реконструкција, не само на околината, но и на човечкиот дух. Децата се составен дел од стремежот за изградба на нов, по- добар свет. После милитизирањето, национализирањето и расната дискриминација кои ги носи војната, многу дизајнери бараат начин да ја оживеат изгубената невиност и да го разбудат импулсот во децата за конструкција и создавање. Меѓународни групи од детски психолози, воспитувачи и дизајнери обединуваат сили за создавање и промовирање на „добри играчки“.


Автомобил-лилка, 1950 г., Hans Brockhage и Erwin Andra


Лего, 1954-1958, Godfried Kirk Christiansen – нај популарната детска игра.

Иновации 1960-1990

Масовното производство и иновациите во овој период доживуваат расцут, како симболи на модерниот дизајн. Масовната продукција повлекува со себе и масовна реклама, брендирање и агресивен маркетинг. Тоа ги става децата во нова улога, поточно тие сега се индивидуалци и добро информирани конзуматори, а освен тоа експолатирани се од големите трговски вериги. Периодот уште е одбележан со влијанието на светските компании-произведувачи, на новите технологии и влијанието на самите деца, кои се повеќе прават избор да купат, со што се претвораат во значајна економска сила.


Омнибот 2000, робот, кој се движи управуван со далечинско, 1985. Може е смешно, но роботот може да се контролира, може да фаќа и разместува разни предмети и да зборува. Во средината на 80-те е многу посакуван и популарен меѓу децата и тинејџерите.

Вселенска станица и ракета, 1968 година. Roger Limbrick. Британската фирма Polypops, создава играчки од картон, како оваа. Година покасно стапнува првиот човек на Месечината.

Подготвил: Л. Ѓ.

Извор
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Откако се вратиме назад во минатото, преку дизајнот на играчки низ 20-от век, решивме да зирнеме во иднината на детските играчки. Како ќе се развиваат технологиите и дизајнот на играчки, останува да видиме, но некои од основните тенденции се согледуваат и сега. Едно е јасно-играчките ќе бидат се по еколошки, зелени и високо технолошки. За да го замислиме патото по кој ќе се движи дизајнот на играчки, најдобро да ја разгледаме колeкцијата на едни од најфутуристичните играчки, измислени во денешно време.


Electric Pop Up Books

Electronic Popables се интерактивни поп-ап книги, кои светкаат, свират и се движат. Додека ги разлистувате страниците, или натискате определени точки, различни LED светла се активираат и прават слика, како сончевиот систем или подводениот морски свет. Дизајнот е на Jie Qi, студентка од Колумбија и концептот сеуште се усовршува. Веројатно е дека во иднина, детските книги ќе игледаат точно така.

Robotic Blocks

Играчките се измислени од дизајнерите Ethan Huber и Haggai Levi. Тие не се само роботи-играчки за деца, туку делчиња кои детето може само да ги состави во различни конфигурации, со што го провоцираат логичното мислење на децата. Начинот на кој децата ги поврзуваат различните делови, создава сопствена визија во нивната фантазија, која е добра подлога за развој на иновативно мислење. Секој дел има свои параметри, кои се поврзани со различни функции, како на пример движење, вртење под агол..

Horizon HydroCar Toy

Играчките на иднината постепено ќе се ослободат од батерии. Таква барем е концепцијата на Horizon HydroCar, која се движи само на вода. Во специјалните контејнери се полни вода, а преку соларен панел, вграден на играчката, водата за неколку минути се распаѓа на водородни и кислородни атоми. Посебни моторни клетки со полимерна електролитна мембрана /polymer electrolyte membrane (PEM)/ ги поврзуваат водородот и кислородот, при што се добива енергија и играчката-количка се движи и светка.



Go Go Electro

Кога веќе сме кај играчките без батерии, не смееме да ги пропуштиме и Go Go Electro. Играчката користи кинетичка и сончева енергија. Дизајнот е на Go Go Electro, а наменета е за деца над 8 год. Целта на оваа играчка е да им покаже на децата, како се создава чиста енергија и како таа се користи за игра. Go Go Electro се состои од различни делчиња, кои се поврзани на сложен начин и формираат целина која ја движи играчката. Освен тоа, играчката има свој соларен панел и кондензатор. Кога електрон протекува низ кондензаторот, во него се дели енергија, со помош на електромагнетна индукција.

Лего

Лего е една од најпознатите играчки за деца. Корејскиот дизајнер Jin Woo Han , разработува проект за интерактивно лего, во кое фигурките оживуваат. Легото изледа исто, само што основната платформа на која се поставени коцките, е спроводник на енергија. Така фигурките се движат, зборуваат и светат.

Milo

Milo е вертуелен пријател. Тој разговара со вас, ги познава вашите емоции, реагира на движењата на вашето тело…Дело е на британецот Peter Molyneux и е во фаза на разработка од Microsoft. Иако Milo е виртуелно дете, идејата е да изгледа што пореалистичен. Софтверот дозволува да се контролираат различни емоции кај него. Milo може да учи и да усвојува знаење.

На нас ни станува да видиме, како виртуелните пријатели од иднината ќе се развијат и вклопат во нашето секојдневие.[DOUBLEPOST=1409823683][/DOUBLEPOST]Среќното детство неможе да се замисли без играчки. Точно тие се првите инструменти, со кои детето го спознава светот, формира способности, се изразува…


Играчките се продукт на кој треба да се обрати внимание при купување.Изборот на добра играчка е тежок, зошто таа не треба да биде само убава, а да носи и полза за развојот на детето, да е безопасна за здравјето…

Во последно време многу се зборува за опасноста на производите во општи рамки, особено на тие наменети за деца, каде што спаѓаат и играчките. Европската унија воведе строги закони за без-опасност и сигурност на играчките кои се продаваат во Европа. Особено во однос на користењето на хемиски состојки, со цел да се гарантира максимална заштита. Со новиот закон, во ЕУ има поголема контрола на внесените играчки, кои се продаваат. Еве само неколку точки од законот…

-Се ограничува употребата на хемиски субстанци и тешки метали и се забранува користење на канцерогени и токсични материи.
-Производителите треба да гарантираат дека, нивните играчки не се токсични или опасни за здравјето на детето.
-Производителите треба да достават докуметнација за секоја супстанца употребена во играчките.
-За да бидат полесно разбрани и видени, етикетите со текст, треба да носат назнака ВНИМАНИЕ. Секоја материја од која е изработена играчката треба да биде јасно наведена, на повеќе јазици.
-Играчките за деца под 3 год. треба да подлегнат на посериозни тестови.
-При изработка на детска стока, можат да бидат користени само органски аромати.

Ако зборуваме за Македонија, јасно е дека не изостануваме во проверка на квалитетот на играчките кои се внесени, особено тие од Кина и САД. Голем процент од тие играчки се со мал квалитет и според некои сериозни анализи содржат канцерогени материи и предизвикуваат алергии.

Но, што е тоа добра играчка?

И покрај сите мерки на заштита кои ги води државата, секој родител треба да знае што е опасна и без-опасна играчка. Опасна играчка е секоја играчка, која во одредени услови може да предизвика повреди или трајни физички рани кај детето. Затоа внимавајте на деталите, дури очињата од куклата можат да создадат проблем…Особено важна е и возраста кај детето. Најмалите деца, знаат да прават “тестови“ на секој предмет со устата- да ги гризнат, лижнат, одлепат, проучуваат или разглобат…а многу од нив, проверуваат дали она, што го држат во рака, може да влезе во носето- копче, паричка, топче, тркалце од количка, делче од сложувалка. Поголемите деца пак, сосема свесно експериментираат и сами го тестираат квалитетот на новата играчка- кршливост, способност за летање, пливање, трансофрмација на делови…

Читајте ги етикетите и сертификатите, кои одат со производот. Сите фирми, кои се занимаваат со производство на стоки за деца, после проверка на квалитетот, добиваат сертификат за соодветниот продукт. Овој документ треба да постои во продавницата на секој трговец. Имате право да го побарате. Освен на сертификатот, внимавајте и на пакувањето на играчката. На неа треба да бидат напишани на Македонски сите важни информации…Секој трговец треба да има мостра, од играчките кои ги продава, за да може да ја разгледате убаво. Внимателно разгледајте, слушнете и помирисајте…Ова лично истражување може да ви каже многу-пример, непријатен и раздразлив звук, проследен со силна миризба ви кажува дека таа играчка воопшто не е за вашето дете. Кога купувате обоени играчки, убедете се дека бојата е според сите стандарди за квалитет и безопасност за здравјето.

На страната за здружението Еко-Свест, може да погледнете листа со потенцијално опасни играчки, кои треба да ги избегнувате…

Ако постои сомнеж за квалитето на некоја конкретна играчка, слободно обратете се до комисијата за заштита на купувачи. Би требало да ве сослуѓаат и да направат анализа на штетниот производ кој го користат децата кај нас…Исто така, може да направите онлајн истражување на страната на RAPEX(европски систем, кој предупредува за штетна роба), каде ќе добиете богата информација за производи кои носат опасности по здравјето на децата.

Извор


Еве ви тема за дискусија....Колку внимание посветувате кога купувате играчки за вашите деца, тие да бидат квалитетни?
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Гледам дека поранешните играчки т.е. играчките до 60тите години биле навистина интересни, а и денес се.
Ама гледам дека и од 60тите навака се се произведуваат играчки кои се далеку од зборот играчки..... роботи, компјутери, телефони......, можеби баш овие новиве играчки се една од причините за дрското однесување на денешнава дечурлана:)
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Makedo – од ѓубре до креативни играчки (игри)

Играта е основен двигател за децата. Преку неа, тие се подготвуваат за иднината, учат, трупаат искуства и нови способности. Децата се способни да видат игра насекаде …знаат сами да си “мајсторат“ играчки од се она, што ги опкружува.

Многу од играчките денес се готови, така што малите немаат можност да ги зглобат, да ги подредат или измислат нешто со нив, со што се ограничува нивната вродена креативност.

Австралијците од Makedo, пружаат една алтернатива… она што, оваа фирма го нуди не се играчки, туку игра. Компанијата, предлага комплети од сврзувачки елементи од кои може да се направи буквално се. Материјалите се купишта ѓубре, кои ние ги складираме дома- кутии, хартија за пакување, картон, пластични шишиња и чаши… Makedo ги предлага само инструментите со кои играчката ќе биде создадена, а што точно да направи и како да изгледа, решава секое дете.Така на пример, од старите кутии може да се направи преубав замок, кула, вселенски брод или робот.
Комплетите на Makedo содржат, основни елементи – копчиња, навртики, завртки, триони за сечење, винтови и декоративни стикери, со кои играчката добива завршен вид. Концептот на компанијата е се да биде едноставно, но да нуди часови забава. Кога играчката ќе му здосади на детето, таа лесно се разглобува а сите делчиња, можат да се користат за создавање на друга.
Основните способности кои децата ги развиваат преку овие активности се- концентрација, творечко мислење, фина моторика, работа во тим, себеизразување. Makedo ги мотивира сите купувачи да го споделат своето искуство, својот изум и да ги инспирираат другите. На нивната страна, може да се видат некои доста впечатливи играчки за деца, за кои едвај може да се поверува дека се само од картон и неколку поврзувачки елементи. Детската фантазија, навистина не познава граници…
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Гушкани се силно, бакнувани, галени ,влечени и многу, многу сакани. Да, мечињата од нашето детство, кои ако сме имале среќа да не ги исфрлиме, денес остареле со нас…Тие носат драгоцени спомени и незаборавни моменти.


За да ја овековечи силната љубов кон плишаните пријатели, фотографот Марк Никсон, почнал да ги слика мечината,жирафите и зајчињата на своите пријатели, кои веќе пораснале. Така се раѓа MuchLoved.

Марк не се чуди, кога дознава дека многу возрасни сеуште спијат со своите омилени играчки од детството. Голем дел од сликаните мечиња се постари од 50 години, а за некои вораста воопшто и не се знае. Искинати но сеуште живи, тие преку своите мили очиња сеуште ја зрачат онаа нежна љубов, која се спремни да ја разделат во полни шепи на најмилите…децата.

Најубаво во овој проетк е што е отворен. Секој што има свој омилен пријател за игра, може да се вклучи во прекрасната фотографска колекција. Марк со задоволство ќе го фотографира секое мече.

Извор
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Блог на креативен татко кој ги споделува играчките кои ги прави за своите деца, а многу често споделува и инструкции за изработка на истите.

Кога Joel, за прв пат ја презентирал оваа играчка пред децата... останале без збор.
А играчката е всушност сосема лесна за изработка, се што ви треба е картон, ластик и парче сламка...[DOUBLEPOST=1411929475][/DOUBLEPOST]Уште еден креативен татко, кој почнал да изработува играчки за својата ќерка Ирина...а подоцна станал многу добар мајстор...се што прави е од картон...
http://www.pinterest.com/CartonPapa/
http://playandgrow.blogspot.com/
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Старите алишта, можат да бидат претворени во прекрасна играчка за деца....


Child's Own Studio е студио кое ги оживува детските цртежи...т.е тие ги моделираат цртежите на децата...на фејсбук не следам никакви влијателни фаци, од кои уствари неможе ни да се научи нешто, а вакви страни обожавам :)

 

Kajgana Shop

На врв Bottom