Ивермектин, антипаразитски лек во лечење на КОВИД19

Член од
7 септември 2016
Мислења
8.110
Поени од реакции
12.727
ivermektin.jpg ice_screenshot_20210113-192841.jpeg

... антивирусниот лек „Ерметин“ со активна супстанца „ ivermectin“ се појави кај нас во лечење во сите стадиуми на болеста КОВИД19, иако во тек се клинички студии околу ефикасноста на овој лек, сепак се мисли дека дава позитивни резултати при инфекција со SARS-CoV-2 вирусот.
... ивермектин бил откриен во 1975 година воведен како ветеринарен лек, убива широк спектар на внатрешни и надворешни паразити, а во медицинска употреба во 1981 година, одобрен како антипаразитски лек одобрен од ФДА, ефикасен како albendazol, рутински се користи за уништување на паразитски црви во гастроинтестиналниот тракт на животни (преживари), кај кучињата (контраиндицирано кај мачките), како акарацид кај влекачите (контраиндицирано кај желките),
... ивермектинот како лек применет за превенција од маларија, бидејќи е токсичен и за плазмодиум за маларија и за комарците кои го носат, но применетата повисока доза на делување се уште е дискутабилна во врска со безбедноста поради недоволни клинички испитувања, во фаза I на 32 пациенти во Сенегал, проследено со уште едно испитување во Париз меѓу 20 западноафрикански имигранти, овие испитувања биле независно организирани и финансирани од фирмата Мерк, д-р Мохамед Азиз преку СЗО,
...дали овој анти-паразитски лек ќе ја има својата оправданост и ефикасност во лечење на новата подмолна болест КОВИД19, останува да покаже времето!
дали некој форумски член ќе има во иднина некое искуство или сознание за ефикасноста при примена на овој анти-паразитски лек убаво би било да ја сподели!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
8.110
Поени од реакции
12.727
...„ивермектинот“ кај нас досега се користел само за лекување на животни во ветеринарните амбуланти, но откако ги помина сите фази на одобрување во Министерството за здравство и Агенцијата за лекови МАЛМЕД, а по бројните научни студии кои покажаа дека има ефект во сите фази на коронавирусот, Комисијата за заштита од заразни болести даде дозвола за негово користење кај нас,

ice_screenshot_20210113-194246.jpeg
ice_screenshot_20210113-194417.jpeg ... инаку, кај нас има упатство како да постапува лекарот за медицинско згрижување на пациентот при „аскаријаза“ уште од 2007 год со нови дополнувања во 2015 год (Службен весник), каде се укажува давање на анипаразитски (антихелмитици)-„ mebendazol“,„ albendazol “„ivermectin “.
...ивермектинот има одредена доза за аскаријаза 0,15- 0,2 мг на кг телесна тежина, како поединечна доза, исто како е препораката за примена при болеста КОВИД19,
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
8.965
Поени од реакции
8.807
Од она што го читав на фејсбук, кај нас во Македонија, има ветеринари што си го пијат лекот во верзија што е за инекција кај животни. И не само тие, туку и на комшиите му давале си пиеле за превенција :D
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
8.110
Поени од реакции
12.727
Мачката ја вакцинирав со вакво
Прегледај го приврзокот 280886
... сите домашни миленичиња до 10 килограми пред да го примат лекот „Ивермек“ ветеринарот мора прво да го разреди со вода (0,2 мл една доза) поради зголемена чувствителност и можна токсичност, посебно кога треба по две недели повторно да се инјектира при што мачката покажува чести дефекација и уринирање, возбуда, зголемена саливација и атаксија што поради дополнителна содржина на Вит Е доаѓа до брзо распространување во телото, па секоја предозажа може да наштети на мачето (Ивермек за крзнени миленичиња се смета за умерено опасен лек)!
... но сега би требало да пишуваме за примена на иверктинот кај човекот, да ги оставиме животните!
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2019
Мислења
1.507
Поени од реакции
4.729
Мислењата по прашање на ивермектинот ми беа поделени, но по разговор со еден професор пооптимистички почнав да размислувам кога е во прашање леков (не толку како профилакса, повеќе како третман на позитивни). Голем број пациенти имаат бенефит од истиот. Сè надевам дека конечно со ова, па и со вакцините ќе се стави крај на ова лудило.

Туку не ми е јасно:
Турскиот - 10 таблети - 300 денари.
Грчкиот - 3 таблети - 1200 денари.

o_O
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
8.110
Поени од реакции
12.727
Туку не ми е јасно:
Турскиот - 10 таблети - 300 денари.
Грчкиот - 3 таблети - 1200 денари.
o_O
... исти случај и кај бренд Remdesivir кој се движи од 390 долари една доза инјекција, а Veklury (remdesivir) 124 долари една доза инјекција зависно каде и кој го производи генериката е иста но произведителот различен, терапија за еден пациент тера до 2000 долари,

ice_screenshot_20210113-220129.jpeg

... инаку според фотографиите иверкметин (Ерметин-турски) застапен кај нас е од 3 мг, а грчкиот гледам регистриран од некоја си друга јачина 12000 мг??

ivermektin.jpg COVID-19-Drugs-Ivermectin.png

... постојат различни јачини со што влечат и различна цена,
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2019
Мислења
1.507
Поени од реакции
4.729
... инаку според фотографиите иверкметин (Ерметин-турски) застапен кај нас е од 3 мг, а грчкиот гледам регистриран од некоја си друга јачина 12000 мг??
Како може да е 12000 мг? o_O
Не е 12 мг?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
8.110
Поени од реакции
12.727
... седам и размислувам, ивермектин бил пронајден на времето во Јапонија како антипаразитен лек и нормално клинички обиди при лечење на пациенти болни од К19 и сознанија за ефективност во уништување на коронавирусот, зошто ние да правиме интервентен увоз (не е регистриран кај нас) на лекот ivermectin кога си имаме наша фабрика за производство на антипаразитски лек albendazol што спаѓа во иста група со ивермектин? што ако тој е уште подобар од ивермектинот што Јапонците си направиле клинички студии со свој лек, зашто ние не би направиле искуство со ,,наш,, лек што е во исто својство?

1610576375172.png
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.851
Поени од реакции
2.408
ед да го примат лекот „Ивермек“ ветеринарот мора прво да го разреди со вода (0,2 мл една доза) поради зголемена чувствителност и можна токсичност,
Ne e tocno. Ostavi ja veterinata, na veterinarite :)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
17.915
Поени од реакции
17.206
... сите домашни миленичиња до 10 килограми пред да го примат лекот „Ивермек“ ветеринарот мора прво да го разреди со вода (0,2 мл една доза) поради зголемена чувствителност и можна токсичност, посебно кога треба по две недели повторно да се инјектира при што мачката покажува чести дефекација и уринирање, возбуда, зголемена саливација и атаксија што поради дополнителна содржина на Вит Е доаѓа до брзо распространување во телото, па секоја предозажа може да наштети на мачето (Ивермек за крзнени миленичиња се смета за умерено опасен лек)!
... но сега би требало да пишуваме за примена на иверктинот кај човекот, да ги оставиме животните!
Јас не сум ветеринар, нити имам некакви значајна познавања во таа област, но нели се користи витамин Е како презервација?
 
На врв Bottom