Иван Исцелител - воскреснувач - телкинезер

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
По некој коментар за Иванчо?
Мрда шише,воскреснува кучиња и други надрилекарски способности:tapp:
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Од кај е типот?

Ееее со години чекав некој да се најде да ми ја воскресни Берта :(
Па кај си бе пријателе Иване,цел живот те барам...
Типот е сериозен или си игра мајтап?Тој се преценил така или?други?
 
Ф

ФорцаМилан

Гостин
^ Само тој знае дали е вистина или игра мајтап,добро и тој со конец што го кревал шишето :)

Искрено не верувам во вакви работи но се е можно според мене.
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Божји пратеник со намера спречување на ѓаолските дела.
која дарба ја поседува за раскажување.
he's natural.
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
^ Само тој знае дали е вистина или игра мајтап,добро и тој со конец што го кревал шишето :)

Искрено не верувам во вакви работи но се е можно според мене.
Мислиш рибарски конец е,да не се гледа:)
 

Rabrobil

Seduce and Destroy
Член од
1 јули 2010
Мислења
886
Поени од реакции
294
Немој синко да одиш кај кучето го фатиф кучето и кучето стана и отиде по улицата ааааааааааахахахаааааааахаха
 
T

Tetro

Гостин
Иван Исцелител (интересен блогерски запис)


Сабота вечер… Кога ќе одлучиш да не излегуваш од дома, ризикуваш да ти биде максимално досадно пред ТВ и се крстиш да не те фати "Saturday night fever" шо би рекле Bee Gees.

Мене не ме фати трескава но изненадувачки, на телевизија ми беше забавно како што не ми било месеци уназад. За тоа се погрижи една локална (скопска) телевизија со својата емисија во областа на "медицината". Имено, се работи за еден момак, Иван Исцелител, кој толку вешто се справуваше со медицинските проблеми на луѓето што врвни доктори може само да му завидуваат. Значи принципот е испраќаш СМС(која чини околу 50 ден.) со текст за тоа што те боли и Иван гордо дава образложение дека може да го излечи. А пораки фрчат да неможе човек да постаса да ги прочита.

Според Иван, за 90 % од болестите (и симптомите кои што често се поистоветуваат со терминот "болест", а кај Иван у емисија и без исклучок) , значи 90 % причината е НЕРВОЗА! Од останатите, околу 5 % се причинети од СТРЕС, и 5 % од само нему јасни причини
. Видовме меѓу другото, дека лечи и болести за кои и светската медицина нема најдено делотворен лек, на пример Псоријаза. Но од такви примери и нема крај, мене лично најмногу ми се допаднаа дефинициите на Иван за повеќето болести. Ќе изнесам дел од нив, за да може и вие обични лаици да научите нешто
. Значи, реума е, цитирам: "рскАец кој напукнува од ладно и се пуни со вода" ; "желудникот е мускул, кој кога ќе го стегнат нервите(желудникот), се јавува гастритис". Или, стерилитет е тоа "кога се запушени каналчињата на тестисот". А ако гледаш духови(има и такви,да)-"мозокот е оштетен баш кај центарот за вид и затоа ги гледаш". И тоа е предизвикано од стрес, се разбира.


Има и еден друг момент кај Иван, а тоа е неговата способност да ја побие моќта на Компјутерската томографија, Магнетна резонанца, да не спомнувам рендген, тоа му е испод части. Како? Епа Иван можеше да види "пукнато капиларче во мозокот" и инфаркти, само преку СМС!!! Неверојатно нели? И да биде поиронична сета приказна, "ординацијата" му се наоѓа веднаш карши државна болница .У понеделник одам до надлежните на клинички и им предлагам да го уклопат во целиот тој комплекс како клиника. Клиника на која би се праќале сите неизлечливи пациенти. А за излечливите, во другите соодветни клиники за да и докторите имаат за леб да вадат.


За крај, да не ме сфатите погрешно, најмалку од се сакав да му се исмевам на Иван (добро де, малце), туку сум му бескрајно благодарен што ме занимаваше оваа саботна вечер. На краиштата човекот сам си рече-"јас сум овде бидејќи вие ме барате". Маката човек на се ќе го натера, ама и тоа има граници… А додека постојат луѓе кои баш наивноста им оди преку сите граници… no comment.


http://vaskodem.blog.mk/2008/11/16/ivan-iscelitel/
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.392
Поени од реакции
2.430
Е имењак бееее,бравос :pos2:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
мислам дека имаше за иван тема :\ еднаш кога беше во Скопје мајками отиде и јас со неа отидов се деси нешто чудно во врска со мене
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Да го кажам и моето лично искуство со Иван Исцелителот кое го имав пред 4 години од кое некој можеби и ќе извлече некоја корист, да се изјаснам дека и јас претходно бев скептик и не верував во ништо трансцедентално пред да го сретнам Иван "Големиот", посебно не му верував на екими од типот на Иван или Саше Фактор икс кога ги гледав нивните смешни емисии но како што вика Дејвид Духовни во X-Files "Truth is out There" или Паоло Коељо - Ако нешто го посакуваш толку силно вселената ќе се обедини за да го оствариш тоа (Ова второво нема врска со текстов што ќе следува, ама е ставено за уметнички дојам што вика Принц од Скопје)

Како што спомнав пред четири години без малце, некаде Април после Велигден покојната баба (на жената мајка) се разболе од некое чудно, генетско пореметување што не може Хаус да го изговори не пак лаик како јас, пак затоа во понатамошниот дел од текстот ќе го викам "пичкобол". Докторот Цветановски од гинекологија, и Мечкаровски од неурологија ни кажаа дека пациентот е премногу стар и нема да издржи операција, па мора да се помириме со судбината.
Да кажам со јазикот на обичниот народ за да нема премногу емпатија кај читателиве дека кај бабава (лесна и земја) се појави неверојатна желба за секс, јес да разбирам дека сопругот и загина во партизани и тоа 40 годишно бреме од неебачина ќе се појави кога тогаш, но малку е невообичаено за 86 годишна старица да се однесува како просечна студентка од внатрешноста во Скопје.

Сопругава почна да станува хистерична и неиздржлива зошто секогаш кога ќе појдеше да и однесе јадење, ја начекуваше старицава како го гледа Роко и маструбира.
Како јас тука заглавив не знам но разговорот одеше отприлика вака, знам го даваа Евертон - Ливерпул во недела и сопругава го исклучи телевизорот во моментот кога Артета биеше слободен удар.

-Ти мене ништо не ме слушаш кога ти зборувам, еден сат само ми одговараш со Да и Не!!!!- хистерично викаше сопругата

Пали телевизорот!!!!!!Пали го сместа!!!!!! Давај далечинското!!!! - рипнав од фотеља јас

Кој ќе и помага на мајка ми, знаеш дека сум избезумена!!! - почна да цимоли сопругава

Пали телевизоро јас ќе се погрижам!!!!- махинално извикав

Супер, знаев дека си срцка!!! - одговори сопругата


Знаев дека сум сјебан кога некаде после фудбалот околу седум ми натоварија една дрвена корпа за пикник како од боенка со Црвенкапа да и однесам на старава да јади. Ајде кога веќе дадов збор (навистина не се сеќавам дека сум дал) реков да побрзам за да го фатам шпанското од седум со Игорче како коментатор.
Се качувам по скалите, звонам и бабава ми отвора врата, кога погледнав внатре шок, изгедаше како станот на Џим Морисон во Париз, мирис на вагинални сокови, дилдо, јапонски точиња, ЛСД ливчиња, половина џоинт во пепељара, колекција со Роко на маса и метар и давесет книги со Тито во шкафот.
Ја оставив храната на маса и бев готов да си одам кога бабава го крена фустанот од Нонка Камишова како Мерлин Монро за да ми ја покаже. Само ќе кажам дека фризурата на пејачот од "Бони М" ќе се засрамеше за чудовиштето кое го носеше меѓу нозе баба ми.
Со трчање излегов надвор и набрзина голтна од вискито кое го носам во кола ете за секој случај и недај боже како тогаш.

Знам дека станувам досаден и сите се прашувате каде е во ова цело срање Иван Исцелителот, но за него разбрав од механичарот кој ми ја одржува колата, исто така имаше проблеми со питбулот хомосексуалец и само ми шепна зборови на чудо

Кога ветерината и медицината ќе кренат раце, тогаш мора да се свртиме кон алтернативата, а тоа е никој друг туку Иван Исцелителот лично

Ја качив бабава и сопругата во кола и правец кај Иван, куќата ја лоцирав многу лесно зошто дворот и дел од улицата е преполн со празни колички, исфрлени штаки и ракови кој шетаат назадечки од излечените пациенти кој ги оставиле таму.
Во моментот Иван имаше сеанса со некој пациент, но иако ненајавени како вистински професионалец ни рече да почекаме во салонот во кој свиреше тивка музика.
Во салонот имаше обесено слика од Тоше од албумот Синот Божји и одма до него календар од Пирели кој јас љубопитно го разгледував месецот Октомври иако сопругата дискретно ми довикуваше да седнам и да не се глупирам.
Јас дури по смртта на Тоше и по спирутиалното искуство што го доживеав можам да поврзам дека некоја необична енергија од постерот ми инсуинираше ете токму да се фокусирам на календарот за Октомври, а тоа е токму месецот како сите знаете е кога нашиот Тоше трагично загина (шмрц).

Тогаш неговиот помошник не повика да влезиме во неговата работна соба која зрачеше со некоја чудна енергија, сопругата почна да зборува прва додека бабава веќе ја меркаше да ја здипли една поголема свеќа за помагало.
Одеднаш сопругата брзна во плач и ме остави како и обично мене на цедило да му објаснам на Иван за "пичкоболот", Иван само мудро молчеше и дискретно ја подгледнуваше бабава за да ни рече да дојдеме на првиот третман во четири попладне само јас и бабата без сопругата.

Попладнето ја товарив бабата во авто и правец кај него дома, и навистина како прав профисионалец ми објасна дека третманот ќе трае еден час, два пати неделно, ќе чини 1000 денари без вазелин и 1070 со вазелин и да се вратам по еден час ако се согласувам.

Уште после првиот третман бабава почуствува некое олеснување, среќа И како да се ослободи од некоја голема потиштеност.
Јас сум навистина преблагодарен на господинот Иван за неговата професионалност и услужливост, само ќе кажам дека кога бабава ја закопувавме комшивката Родна ни кажа дека била истетовирана четири букви на пубисот во антика фонт и тоа биле ИВАН.

Затоа сега јавно сакам да истакнам дека му благодарам на г-нот Иван за се она што го стори за мене и моето семејство
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
150
Поени од реакции
106
Овој е чиста превара Иван ништо да не му верувате. Само реди безврска и никој не знае дали е вистина или не.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Овој од Куманово ќе е... Појдете од Куманово према Паланка по автопатот, и ќе видите од десна страна огромни табли со натпис: ИВАН ИСЦЕЛИТЕЛ..па патокази па триста срања.. Толкави билборди нема ни на гранични премини :tapp: Овој е чистокрвен преварант, лудак можам да кажам
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Заебавајте се со Иван, тој си игра со проблемите на луѓето кој последна надеж гледаат во него.. Се напуни пари, ни Рамковски нема да му биде равен, ем чист ем со пари. Можам слободно да ви кажам дека дневно може вади над 500 евра (во работен ден).
Кога ќе ја видите редицата за кај него и најмалку 100 ден во една терапија од 2 мин.. а сите треба по 3 да имаат , се праат бизниси
 

Kajgana Shop

На врв Bottom