Иан Гилан (арена Борис Трајковски) - 05.11.2016

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.253
Поени од реакции
2.237
Не може бе да има теми за Љубојна и за Милица и Адил, а Иан Гилан, една од најголемите рок ѕвезди да помине без тема. За оние кои не го познаваат и немаат слушнато за него, Иан Гилан (анг. Ian Gillan) е некогашниот фронтмен на групата Дип Парпл (Deep Purple). Формирани се многу одамна а најголем подем имаат во 70тите и 80тите. Иан Гилан, на 5ти Ноември ќе изведе најголем дел од нивните хитови во придружба на бендот на Дон Ејри, кој своевремено беше клавијатурист на Дип Парпл и исто така 40 членови од македонската филхармонија.

Човеков е инаку ендемски вид, роден е 1945, што значи дека сега има 71 година и по сиот бурен живот што го водел, сеуште и на толку години има во него сила да одржи рок концерт. На 5ти Ноември ќе ги отпее најголемите негови хитови (хитови на Дип Парпл де), меѓу кои "Sometimes I feel like screamin", "Smoke on the water", "Chile in time", "Woman from Tokyo", "Perfect Strangers" итн.
Искрено, според она што го има на јутјуб од неговите останати скорешни соло настапи со филхармонии, ова ќе биде малку подалеку од рок концерт, но без сомнение настан на годината за љубителите на овој жанр.

Иан Гилан, некогаш пред 40тина години:

Иан Гилан денес:

Концертот го организира Авалон продукција, како одговор на критиките дека годинава им поминала без ниту еден рокерски настан (ова од нивната ФБ страна). Карти има уште поприлично останато за секој блок и за партер, Авалон секој ден спамираат на социјалните мрежи со настанов, така да изгледа дека интересот и не е најголем. Не знам, можеби се поклопува со некоја ракијада, сомунијада, сармијада па затоа таков одѕив или пак едноставно изгубивме осет за квалитет и интерес за тро покултурни музички настани.

Се гледаме таму!
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.509
Поени од реакции
2.348
Не знам дали превише очекував од концертов ама мислам дека ова е најголемото разочарување од концерт на кој сум бил досега. Ќе издвојам неколку работи кои мислам дека не беа во ред. Озвучувањето беше екстремно лошо и искрено можевме слободно да се слушнеме со тие што беа пред нас 3-4 реда што за таков вид концерт не дека е недопустливо ама и не е сјајно. Бендот кој загреваше ја умртви атмосферата до немај каде (што ако му е ќерка кога не се вклопува во онаков настан), распоредот на песните скоро па никаков. Публиката настрана што не ги знаеше 97 проценти од песните и не ни мрдна во текот на целиот концерт па да не зборам за пеење или атмосфера нешто посебно. Позитивното во концертов беше самиот Иан Гилан кој како музичка величина го видовме без разлика каков беше концертов. Мое мислење е дека секој концерт кој се одржува во Метрополис е подобар од концерт кој се одржува во Борис.
 
Се слагам за озвучувањето, беше ужасно, особено на почетокот. Кога почна да пее ќерка му ништо не се разбираше, не можеше човек да слушне на кој јазик пее жената. Инаку од неа и нејзиниот бенд јас напротив сум прилично изненаден, беа ептен енергични и убава музика свиреа, таа добар глас извади плус, се на се позитивно сум изненаден. А за играње и пеење таква беше донекаде организацијата од Авалон, посебно тоа што партерот беше организиран на седење. Јас бев таму, еден 3-4 реда пред мене беше напраен Диме Спасов, стана почна да игра и стварно сметаше за сите што седевме позади. Му рекоа сите да седне, овој се изнервира нешто, се степа и го извадија од концерт. Затоа треба партерот да е слободен за стоење и играње, трибините за кој сака да седи.

Мене инаку ептен ме револтира целата мафија од Авалон што го организира снабдувањето со пијачки. 100 денари им е пластична чаша од 400мл и тоа го точат од пластично шише Скопско од литро и пол. Барем да ставеа од оние металните цистерни што ги има по пивофест, донекаде да им биде оправдана цената, вака е брука. Па и тие што точат, чашата пола пена ја прават, веројатно за да си приграбат за нив некој денар и ти плаќаш 100 денари за пола чаша пиво од пластика. Хаос. Не е само на овој концерт така, на секој организиран од Авалон во Борис, ама никој не им се буни, има потрошувачка и си тераат батките.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom