Иако Австралиец Пеце Наумоски го развиори македонското знаме

Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Десетгодишниот Пеце Наумовски е новиот светски првак во карате. Во конкуренција на деца до 10-годишна возраст, во дисциплината ГКР, тој успеа да се искачи на највисокото место на пиедесталот на Светското првенство што се одржа на почетокот од месец[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Десетгодишниот Пеце Наумовски е новиот светски првак во карате. Во конкуренција на деца до 10-годишна возраст, во дисциплината ГКР, тој успеа да се искачи на највисокото место на пиедесталот на Светското првенство што се одржа на почетокот од месецов во Бирмингем, Англија.
Пеце ја освои титулата во конкуренција од 300 натпреварувачи од Англија, Сад, Нов Зеланд, Австралија и други држави. Кога го добил златото, Пеце, иако ја претставувал Австралија, го развиорил македонското знаме, што многу ги зачудило новинарите. Трчале по него и го прашувале од каде сега тоа знаме и која е таа земја. Но, тој им кажал дека ја претставува Австралија, но дека е Македонец.
- Никогаш не сум бил во Македонија, но ја носам во срцето и моја најголема желба е да дојдам во мојот роден крај и еден ден да ја претставувам Македонија. Се надевам дека јас и моите родители наскоро ќе дојдеме и ќе го посетиме охридското село Свињиште, каде што се родени тие - рекол малиот Пеце за радиото "Илинден", македонско радио во Мелбурн, Австралија.
И покрај големата радост на Пеце, сепак, не му било лесно на натпреварот. Во неколкуте борби тој загубил само два поена поради недозволен контакт со противникот. Исто толку радосен е и неговиот татко, Васко, кој вели дека Пеце, како натпреварувач од Австралија, бил претставен со големи почести, како еден од 120-те нејзини претставници. Тој вели дека неговиот син покажал интерес за каратето пред две години, а тогаш почнал и со редовните тренинзи. Минатата година се закитил со титулата државен првак, а со тоа му била отворена и вратата за учество на Светското првенство.
- Ги следам неговите желби и соништа. Пријатно сум изненаден од одговорот на македонските бизнисмени, кои многу ни помогнаа за Пеце да патува, а ние ја оправдавме довербата. Тој секоја година има по четири натпревари во Австралија и пред крајот на годината се организираат квалификации, кои мора да ги помине за да оди на понатамошните светски првенства по две години. - вели Васко, таткото на шампионот.
Пеце е најмладиот спортски амбасадор на македонската заедница во Австралија. И тие се надеваат дека тој еден ден ќе ја запознае земјата на своите родители и ќе ја претставува со гордост, онака како што му прилега на еден светски шампион - Македонец.
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Се наежив кога го прочитав текстов и солзи на очи ми дојдоа. :love2:
[/FONT]
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Абе се знае нашата семка кај и да е низ светот е најдобра! Македонците имаат кралска крв и токму ваквите работи го докажуваат тоа. Секоја чест!

Proud to be a Macedonian!
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Детево е закон еј! Вистински патриот! Шо да кажам друго ........ освен браво, честитки за освоеното прво место. Светски првак.:)
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.228
Поени од реакции
45.340
Мавај дете мавај нека боли....Од вакви рботи се ежам жими мајка:bilokojzbor-:vozbud:
 
Член од
2 април 2007
Мислења
2.875
Поени од реакции
4
cestitki i od mene a maliot ,se nadevam sledniot pat ce razviori i zname so likot na aleksandar makedonski i etnicka makedonija!!
 

Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.262
Поени од реакции
190
Браво за детето да се знае од каде сме.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
807
Поени од реакции
7
Тоооооо мали :) него гледате сега шо го сменија знамево колку не поебаа, ќе се чудат сега чиво е знамево.
Кај се парите, од знамето...
 
J

JohnnyMass

Гостин
Браво за детево.
Навистина знае да си се гордее со потеклото и да кажуе јавно кој е и што е.Му посакувам што више успеси на меѓународно ниво.
dete.jpg
 

filipmakedonski

Македонец
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.278
Поени од реакции
31
Тоооооо мали :) него гледате сега шо го сменија знамево колку не поебаа, ќе се чудат сега чиво е знамево.
Кај се парите, од знамето...
хаха к15 у секоја ситуација,
респект за малиот
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Прво ко прочитав Пеце Наумоски, на кошаркарот помислив, па си реков од каде овој Австралиец? :)

Браво за детето, за разлика од Славковски Македонија ја носи во душата.
 

jass

Aut viam inveniam aut faciam!
Член од
25 август 2007
Мислења
328
Поени од реакции
4
Bravo za maliov! Se ezev duri ja citav statijata!
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Браво мали, и тоа звездата од Вергина ја развеа! Нека пукнат грчиштата!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
:cuc::cuc:

Му симнувам капа на детево.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom